Денешна дата
21/09/2017

Бомба бр.3: Како е уапсен Љубе Бошковски

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на  ја објави и третата т.н „бомба“ во која се слушнаа телефонски разговори на првиот човек на ДБК Сашо Мијалков со новинарот Драган Павловиќ Латас, како и со сопственикот на Канал Емил Стоименов за апсењето на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски.

Помеѓу разговорите, има телефонски разговор и помеѓу Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и портпаролот Иво Котевски како договараат поненасилни снимки од време на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, каде беше убиено младиот Мартин Нешковски, како да се објавуваат на телевизиите.

 

– Од разговорите ќе ви стане јасно какви заложници сме сите во сопствената држава, каде нема систем, туку се е издиригирано од таа мала група – фамилијата на Никола Груевски, посочи Заев.

 

 

Зоран Заев и денес свесно продолжи да одработува за странските центри и нивните агентури во државава, на директна штета на интересите на Република Македонија и нејзините грагани, реагира владејачката ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

 

Според ВМРО ДПМНЕ, Заев со секој негов чекор без дилема потврдувал дека „креираните материјали“ кој ги употребувал биле креирани во соработка со странски центри, а тој бил инструмент во спроведувањето на нивното сценарио.

 

– СДСМ и Зоран Заев не можат да бидат конкурентни со програма, проекти и идеи корисни за граѓаните, туку единствено се добри кога станува збор за исполнување на туѓи агенди кои се штетни за сопствената држава, стои понатаму во реакцијата.

 

Според партијата на власт, лидерот на СДСМ веќе подолго време бил дел од „смислено сценарио“, и бил човек кој јавно соопштувал дека целата држава треба да ја свитка кичмата, и кој по смс пораки и писма информирал дека на власт ќе го донесат пријателите од странство.

 

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека целта на сценариото на СДСМ била провидна, и со несмасно постапување со овој случај, СДСМ се доведува во ситуација да влезе во серија на противречности и од минута во минута се демантирала самата.

 

– Зоран Заев во своето обраќање на прес конференции искажа еден куп лаги, конструкции и невистинити квалификации кои се во функција на остварување на сценарио за разнебитување на државата, со цел да дојде на власт без да ја има довербата од граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

 

Владејачката партија му порачува на Заев да продолжи да се занимава со „одработување на туѓи сценариа“, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжела да работи за реалните потреби на граѓаните, и да спроведува проекти и програма која ќе го подобри секојдневието.

Оставете коментар

Коментар(и)