Денешна дата
26/06/2017

Граѓани бараат оставка на Владата

Со извикување, “оставка” и “вие го убивте”, неколку стотини граѓани го продолжија вчерашниот протест како израз на револт по објавувањето на снимени телефонски разговори од страна на СДСМ, помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер, помеѓу Јанкуловска и портпаролот на МВР, Иво Котевски како и помеѓу уредникот на ТВ “Сител” Драган Павловиќ Латас, сопственикот на ТВ “Канал5” Емил Стојменов и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.

This slideshow requires JavaScript.

“Запрепастени сме од тоа како овие луѓе си играат со нашите животи, како не тераат на сила да бараме азил во други земји. И кажете ми сега како моите ќерки да раѓаат тука деца”, вели актерката Силвија Стојановска која ги повика полицајците што го обезбедуваат протестот да застанат на страната на народот.

Арбана Керими од невладината организација “Цивил” вели дека нема да престане да протестира сè додека не се најде решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија.

“Револтирана сум поради нетранспарентноста на медиумите затоа што повеќето од нив не пренесуваат за сето она што се случува, но и поради фактот што правосудните органи не постапуваат по во врска со последните случувања во земјава”, вели Керими.

На денешниот протест му се придружија и членови на партијата Обединети за Македонија и симпатизери на Љубе Бошкоски.

“На брат Љубе му нанесоа голема неправда. Исто така и нам, членовите на партијата. Со години ме уценуваа дека ќе ја избркаат ќерка ми од работа во зоолошката градина во Скопје. Минатата година таа почина. Јас веќе немам причина да молчам”, вели Зоран Церанец.

Од партијата на Бошкоски го негираат Протуѓер дека партијата се распаднала. Од таму велат дека неискрените сами заминале и дека партијата природно се “исчистила”.

 

Оставете коментар

Коментар(и)

opetceska@inbox7.mk