Денешна дата
17/12/2017

Загубени години

Дефинитивно Македонија се наоѓа пред вратите на пеколот. Таа наскоро ќе биде соочена со најтешката криза по 2001 година. Нејзината власт, не само што има газено по тоа што се нарекува основен демократски капацитет, туку што е се поизвесно, таа државата ја има претворено во тоталитарнаи криминалнаструктура каде што единствено што функционира, тоа се правилата на мафијата. Факт е дека Македонија е единствената држава во Европа, која наспроти сиот хаос во сите полиња, нејизниот тоталитарен режим во континуит “победува“ на избори. Впрочем, власта при секои нови избори уште повеќе го усовршува системот на заплашување, на закани, уцени и тешки злоупотреби. Тоа има доведено до девалвирање на елементарни морални, човечки и системски вредности. И по осум години тотална хаварија во сите полиња, власта го зголемува бројот на гласовите. Знач, Македонија е единствена плурална држава на светот на која ова “чудо“ систематски се случува. Сите околни власти од соседството се сменија дури при големи економски и интегртиивни резултати. А кај нас каде што власта има создадено пекол, ѓаволот е тој што најмногу му се верува. Луцифер е тој што е најпожелен. Сосема нормално дека при пеколно владеење, ѓаволот го има главниот збор.

Грабежот на јавните добра ги надминува и нивоата карактеристики за  банана-државите. Организираниот криминал е темел на постојната власт и се што вреди нешто се диригира од него. Нему е потчинето и државната управа, и судството, и медиумите, и јавните установи и се што дише и не дише во државата. Актуелната власт – курупцијата, кражбата, притисиците, заканите и уцените (пред и за време на изборите) ги има претворено во систем на нормални вредности. Шефот на опозицијата Заев разотркри документирани криминали, но тоа никого не возбудува. Ние сме единствена држава во светот каде што при вакви скандали наместо оставки или уривање влада, власта се наградува од избирачите.

Во оваа игра се зафатени и албанските партии. Тие свесно или несвесно го помагаат ваквиот популистички и криминализиран режим. Кај претседателските избори едната си се пукала во ногата а другата во главата. Да мислиш дека со Сушико договор ќе повлечеш гласачи е исто како да веруваш дека волкот е тој што најдобро ги чува овците. А другата партија пропушти шанса да и даде ногдаун на националистичката диктатура овозможувајќи му на “непожелниот“ Иванов да добие уште еден мандат.Да беа искрени немаше цело време да “плачат“ за уставни механизми, а истите самоволно ги подарувааат. Така беше со цензусот од 50 проценти за избор на претседател. Ова е докрај ептен чудно!!

Етничката дикриминација останува длабока особено во сферата на економијата. И таа мала бројка странски инвестиции беше пренасочена само кон источниот дел на државата. Такви се – ,,Jonson Controls,, (дополнителна инвестиција) ,,Johnson Meti,, (исто така нова инвестиција) ,,Technnohaze Kemet Electronics,, ,,Cromberg & Shubert,, ,,Prota,, ,,Grishko,, (руска фабрика за естрадни елементи); “ODW Electrik” итн. Вредноста на овие инвестиции е околу 800 милиона евра. Ваквата дискриминација има големи шанси да заврши многу лошто за државата.

Наскоро на ваквоот режим ќе му дојде крајот. Тогаш ќе видиме колку многу ни чинел таквиот лажен патриотизам. Веројатно ќе се срамиме од себеси оти сме се гордееле со режим со кој нормалниот свет можел само да се срами.

Онлајн магазинот Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Одговорноста за изнесените мислења се исклучиво на авторот.

Оставете коментар

Коментар(и)

bilali@inbox7.mk