Денешна дата
24/10/2017

Груевски: Македонија била мета на странска разузнавачка служба

На денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски истакна дека шпионажата ја вршеле професионалци од висок калибар кои биле високо обучени за такви дејствија и дека Македонија била таргет на прислушкување на странска разузнавачка служба.

-Снимано било со тактичка опрема, откако Зоран Заев упати закани кон мене, МВР ангажираше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу 2 километри, но главно се одвивала низ Центар околу државните институции, рече Груевски.

Груевски додаде дека опремата за прислушкување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот, посочувајќи дека истрагата околу ова се уште трае.

-Македонија била таргет на прислушување од странска служа, а кон средината на 2014 за овие материјали се заинтересирало и лицето Зоран Заев, кој најпрво со нив се обиде да изнуди техничка влада. Директните извршители се уапсени. За останатите ќе следи судска постапка, додаде Груевски на прес-конференцијата.

Оставете коментар

Коментар(и)