Денешна дата
20/07/2018

Заев: Груевски нарачува, урива и одмазнички ужива

Веднаш по изборите во 2011 година и згаснувањето на А1 телевизија под директен налог и нарачка на Никола Груевски се урива милионската инвестиција на Фијат Цаноски, објектот „Космос“. Целта е политичка одмазда кон Цаноски, соопшти денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев. Како прилог на своите тврдења, тој објави снимени телефонски разговри помеѓу Премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои се слуша дека меѓусебно прават план и стратегија како и кога ќе се урива објектот „Космос“.

Никола Груевски лично ја иницира и контролира целата акција на срамнување на објектот со земја, Груевски лично за таа цел нарачува менувања урбанистички планови, сугерира користење на нивните инсталации во судството, договара медиумски сензации и манипулации за да се оправда пред меѓународната заедница“, изјави Заев.

Освен тоа на снимките може да се слушне како Јанакиески добива насоки од Груевски како да се урне објектот, како да се менуваат генералниот и деталниот урбанистички план на општината во која што се наоѓа објектот како и тоа кога и со каква динамика да се урива.

„Јасно е зошто Груевски, онака осамен излезе на прес конференција и изнесе лаги, нереални и контрадикторни тези. Се работи за неговото сопствено спасување и затоа продолжува да ја лаже јавноста“, вели Заев.

Запрашан зошто не ги објавува снимките од прислушувањето на амбасадорите и изборните нерегуларнсти, Заев рече дека во моментов медиумскиот простор е премнгу стеснет а „народот треба да го дознае целото злосторство“, затоа шт според него, од изборните нерегуларности Груевски го црпи правото „да го прави сето она што го прави“.

Стенограмите од денешните снимки може да се прочитаат овде

Кликнете на линкот за да го чуете разговорот.

1. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

2. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

3. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

4. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

5. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

6. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

7. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

8. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

9. Миле Јанакиевски – Никола Груевски

Оставете коментар

Коментар(и)

opetceska@inbox7.mk