Денешна дата
29/11/2020

Избори без избор и листи со исти кандидати

Ниту една од албанските партии не е спремна да понуди нешто ново за гласачите. Избирачките списоци не содржат нови имиња и квалитет во политичкиот блок на Албанците во Македонија

Исти имиња, доверливи до лидерите, пак се најгоре на кандидатските листи за пратеници на политичките партии на Албанците. Неодамна во Државната изборна комисија (ДИК) ги доставија листите со кандидатите.

Изборните листи на албанските политичките партии не укажуваат на некаква голема промена во споредба со тие од 2011 година. Веќе слушнати имиња, кои продолжуваат да се клучни фигури и повторно да се кандидираат во изборните единици.

Албанската партија на власт ДУИ, на чело на листите повторно ги врати поранешните команданти додека актуелните министри ги позиционираше некаде на средина на листата. Крајот на листата, пак, е резервиран за подмладокот на оваа партија.

Опозициската партија ДПА не излезе со ниту едно ново име туку одлучи повторно да ги кандидира истите пратеници кои беа дел од последниот мандат. На чело на листата постави стари партиски членови, кои кога оваа партија беше на власт, вршеа важни функции.

Исти имиња и кај НДП. Ова партија изненади со тоа што како носител на листата на кандидати во Изборната единица 2 го постави поранешниот командант на ОНА Џезаир Шаќири, на кого му е изречена казна затвор од 2 години за делото “киднапирање“.

За познавачите на политиката во Македонија ваквиот потег беше очекуван бидејќи ниедна од актуелните албански партии не е во состојба да понуди нешто ново во делот на кадровската политика.

Аналитичарот Рамадан Рамадани за Инбокс7 изјави дека пратеничките листи се изготвени во таква форма бидејќи гласачите не го креваат нивниот глас портив ваквата појава кај политичките партии.

Тие се третираат како да се подготвени да гласаат за било кој пратеник, што ќе им го понуди партијата“, рече Рамадани.

 

Ramadan

 

На гласачкото тело им понудија имиња кои порано изгубиле на избори, како што е случајот со Националната Демократската Преродба (НДП), луѓе кои одамна не се присутни во јавноста и кои не се паметат за добро од гласачите уште од времето кога Демократската Партија на Албанците (ДПА) беше на власт. Стари имиња на ДУИ се носители на листи во новите изборни единици“, истакна Рамадани.

 

 

 

Аналитичарот Неби Мурсели изјави дека забележал неколку нови имиња, но според него, тоа се непознати имиња и кои немаат значајност кај електоратот.

ДУИ, како за инает на ВМРО- ДПМНЕ, повторно во листите ги враќа поранешните команданти. Но во нејзините редови не се забележува некој кандидат кои би ги привлекол гласачите“, вели Мурсели.

 

Nebi

 

ДПА, исто така, се врти околу својата орбита и претседателот Мендух Тачи беше тој што повторно одлучи за листите. Иако тој изјавува дека за време на нивното изготвување бил почитуван партискиот статут, тешко е да се верува во тоа. А НДП, пак,со Џезаир Шаќири, донесе нов многу сензибилен и провокативен момент, колку за албанските, толку и за македонските партии“, смета аналитичарот Неби Мурсели.

 

 

 

 

Аналитичарот Алберт Мусли вели дека никој не треба да се чуди со кандидатите за пратеници, бидејќи нивните имиња се резултата на вистинската оценка на партиите што тие ги застапуваат.

Тој вели дека политичките партии направиле внатрешни проценки за тоа кои кандидати подобро ќе „поминат“ кај гласачкото тело.

СДСМ кандидираше многу млади кои порано не биле познати за гласачкото тело. Исто така ВМРО- ДПМНЕ секогаш носела млади министри пред јавноста, што претставува нивна добра стратегија. Но, фактот што ДУИ излезе со кандидати во изборната единица број 4 навистина е за поздравување. Се посветува посебно внимание на дел од населението што порано не било случај од ниту еден друг албански политички субјект“, подвлече Алберт Муслиу.

Според Мурсели и Рамадани политичките партии не се консултираат партиската база и изборните листи остануваат со истите имиња.

По три години Македонија се соочува со предвремени парламентарни и редовни претседателски избори. Гласачкото тело ќе има можност да ги избере на демократски начин своите политички претставници, кои ќе ги предводат во следните четири години. Но, повторно, изборните листи не се освежија со млади кандидати. Избори без избор и партиски листи со исти кандидати.

Уредник: Селим Ибраими

Преведе на македонски: Љулјета Адеми

 

bajrami@inbox7.mk