Денешна дата
26/06/2017

ОД ЖЕЛЕЗО БАРАЧИ ДО ЕВРО БЕРАЧИ –ПРЕКУ ЕКОНОМСКАТА ПЛАТФОРМА НА ПДП

Актуелната економска состојба во Македонија кореспондира со насловот.  Фактичната  економска состојба не кореспондира со долгогодишното ветување за подобра иднина за граѓаните,  желбата остана само долгогодишна  пуста желба на населението.

До горенаведениот наслов релативно лесно се доаѓа, но треба да се прават неколку измени во системот. Најпрвин треба да се смени целокупниот образовен систем, бидејќи образовниот систем е копиран од  советскиот сојуз  од страна на реформаторот Едвард Кардел во времето на Југосљовенската школска реформа. Овој образовен  систем бил наменски да создате административни кадрови и подигање на идеологија и овој систем е позитивен за релативно големи држави. Во услови на плурализмот овој концепт е застарен не одговара на барањето за напредок кон светски интеграции. Кај нас овој образовен едукативен систем ја губи основната материја, бидејќи кај нас функционира само како образовен, едукативно скоро не функционира. Кај нас овој систем рефлектира негативни резултати не и помага  на економијата во практичен дел. Скоро една третина од населението се здобила со економско правни знаења со теоретски дух без конкретно практично знаење. Направени се многу напори за излез од ова состојба преку реформи во образованието, но без резултати; се менувало периферично без да се смени основната материја во срж. Овој образовен систем треба целосно да се исфрли од употреба и да се копира Швајцарскиот образовен систем затоа што овој систем е комптатибилен  со нашетo население.  Кај нас недостига профил на занаетчиски стручњаци и техничари, кои индиректно или директно придонесуваат во развојот на стопанството. Бидејќи природните ресурси за да се експлоатират треба да се поврзат  со човечкиот фактор со цел  да се добиваат производи.

Во моментов ешалонот на средно образовен кадар е вон производствениот процес и не се наоѓа на право место, средношколците како кадровски профил се вон адекватното вработување и во многу Европски земји тие се кичма на развојот на стопанството. И во бирото за вработување има армија на факултативни дипломци, кои чекајќи со години да се вработуваат  во гранките за који дипломирале, така што губат од ефикасноста, од креативноста, и назадуваат  во  стекнување на ниви знаења.

За да се реализира овој голем процес треба многу години, и од ова година да се почне со имплементација треба да помине еден циклус од 16 години. Целата ова состојба е анализирана во економската платформа на ПДП и е најдено оптимално решение за да се не чека долги години дури да се реформира образовниот систем. Решение веднаш.

Постепено но без резови, да се намали бројот на административци во државните институции, со цел да се растерети буџетот. Да не се вложуваат обртни средства во мртов капитал ако не придонесуваат за вработување на населението.

ПДП  во своите редови има ангажиран академски експерти кои се докажале со научната анализа за економски развој. Се анализирале светските економии, кои поседуваат слични потенцијали за развој, како во природни ресурси и човечки  фактор.

Земјата е студирана во целина и во региони. Државата е делена на производни региони во тој контекст, регионите да се развијат така што нема да  конкурират меѓу себе. Во региони да се вложи контролирано и перманентно според потребите диктирано од испитаните ресурси со потврдени тези за постоечките  блага, и компатабилно да одговара на работната сила. Постоечките производни капацитети да се поддржуваат ако се покажаље позитивен финансиски резултат, и да се подигнат во по големи производни капацитети.

Подигање на ниво на бренд за веќе познати традиционални производи, да се лобира во светот преку промотори за пласман на наши брендирани производи, како и останатите производи .Промоторите да се обучуваат со професионално знаење за продажба во светски познати тренинг консалтинг менаџментни центри. Кандидатите да се одберат правично без интервенции и непартиски, тоест природно способни за таа функција.

Во ПДП има разработено проект за пласман на нашите производи, детаљно е анализирано каде ќе се пласират нашите производи,максимаљно е хармонизиран параметрот понуда-побарувачка.

За краток рок ќе се измени економската слика која ќе го  подигне на висок ниво животниот стандард на  населението, како и намалување на процентот на невработеноста.

Идејната програма за напредок на стопанството и во практика е многу реална, и дава можни гаранции за имплементација во постоечите усљови.Моментално имаме  дисхармонија на ресурсите и човечкиот фактор.

Во регион каде владее економска криза, и каде во сите држави има слична економија, многу лесно една држава може да излезе од економска криза и да стане див  на економијата  во регионот

Од ова тешка економска ситуација може да се надмине со платформа на економската програма на ПДП за доброто на граѓаните за економски просперитет,со перспектива кон подобар живот во Република Македонија.

                                                                                Неџат Беџети

П.С: Авторот е претседател на ПДП

Оставете коментар

Коментар(и)