Денешна дата
17/12/2017

Лојане повеќе не е мека на шверцерите со луѓе

Во Куманово состојбата беше порелаксирана. Застанавме прво на железничката станица. Вработен во Македонски Железници, по име Виктор не информираше до каде е возот и дека за половина час ќе биде во Куманово, а за околу 40 минути на граничниот премин Табановце. Се упативме за Табановце со автомобил. Додека ја поминавме задолжителната процедура за проверка на документите и дозволата за снимање, возот веќе беше на граничната територија. Во Табановце хуманитарците беа поорганизирани. Им делеа сокови и кроасани на бегалците.

Tabanovtse 4

Започна реката бегалци и мигранти да слегува од возот. Се упатуваа кон граничната зона. Додека минуваа кон граничната зона, ги пречекуваа локални препродавачи на сокови, вода, цигари и грицки. Видно нервозни поради нашето присуство на неколку пати не предупредија да не снимаме, иако имаме уредна дозвола од Министерството за внатрешни работи и Граничната полиција.

Накратко после пристигнувањето бегалците се распослаа по групи на лединката, над Железничката станица. Искршија гранки од околните грмушки и запалија 3-4 огнови. Една поголема група на мигранти замина накај српската граница.

 

Шверцерите ги одвоија своите групи кон Лојане

 

Не помина полoивина час, откако бегалците заминаа кон српската територија, се врати една мала група на луѓе. Останатите ги снема. Тие се одвоиле од поголемата група што замина кон српските полициски пунктови. Луѓето од Куманово кои беа присутни на терен, се посомневаа дека поголемиот дел од луѓето биле одвоени од шверцерите со луѓе.

„Во селото Лојане,  шверцерите имаа некои куќи и таму ги носат луѓето. Ги лажеа дека за одредена сума на пари ќе ги пренесат во Германија“. Но сега со промената на законот, нивниот „бизнис“ пропадна, вели локален жител од Кумановско.

Tabanovtse 11

„Имаме информации дека некои мигранти се напаѓани со ножеви. Не можеме да потврдиме дали тие се шверцери, дали се мигранти кои останале без пари, па ги ограбуваат помалите групи на мигранти или пак се од локалното население“, вели Давидовска.

Таа е една од ретките жители од Куманово која им помага на мигрантите веќе подолго време.

Помеѓу групата се проширија муабети дека српската полициска патрола имало и унгарски и германски полицајци и затоа не ги пуштиле мигрантите. Немавме дозвола за снимање и движење на српската територија затоа и не заминавме натаму и не можеме да ја потврдиме оваа информација.

 

Унгарија најголема грижа за мигрантите

 

Мигрантите ги демнеше една голема неизвесност. Тоа беше Унгарија и дали таа земја ќе ги прими. Уште позагрижувачко за нив беше дали откако ќе ги прими, ќе ја примени т.н. фингер принт регулатива од Даблин.

Имено со ова регулатива, земјата која ќе ги прими мигрантите и ќе го спроведе ова правило се смета за нивна „матична територија“ во Европската Унија. Доколку заминат во друга земја, таа земја може да ги врати во земјата каде прв пат им имаат земено отисоци и ги имаат заведено како бегалци.

mustafa

„Не сакам да останам во Унгарија. Сакам да заминам во Германија и таму за прв пат да побарам документи за подолг престој. Сакам да останам во Германија“, вели 60-годишниот Мустафа од Кобане.

Друго место во ЕУ не сакаше и 24-годинишниот Рафис, студент по менаџмент од Алепо. Тој кратко искоментира дека ја сака Германија и само Германија.

 

(продолжува)

Оставете коментар

Коментар(и)

lefkov@inbox7.mk