Денешна дата
14/10/2019

Азербејџан затвори врвен истражувачки новинар

Истражувачката новинарка Кадија Исмаилова, која има напишано бројни стории за корупцијата во Азербејџан, во вторникот беше осудена на седум и пол години затвор од страна на азербејџанските власти.

laugh-wide

Познатата новинарка, која има работено за Радио Слободна Европа/Радио Слобода и беше истакнат истражувачки новинар за OCCRP, е осудена по обвиненијата за проневера на пари, водење нелегален бизнис, даночно затајување и злоупотреба на функцијата.

Исмаилова тврди дека е осудена на затворска казна за нејзината истражувачка работа и дека обвиненијата поднесени против неа се фабрикувани, а ова мислење е поддржано од страна на граѓанските организации и организации за слобода на медиумите.

Нејзиното новинарство за OCCRP, Радио Слободна Европа/Радио Слобода и други медиумски организации разоткриваше мито и несоодветни бизнис врски на оние во тесна поврзаност со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, вклучувајќи ги и членовите на неговото семејство.

sud

“Овој случај е пародија. Има повеќе заедничко со шоуто на Сталин отколку модерната правда”, вели Дру Саливан, уредник на OCCRP. “Се чини дека Кадија е осудена за нејзиното известување од политички, а не криминални причини”.

Меѓународни организации и владини претставници жестоко ја осудија пресудата.

“Оваа пресуда е уште еден удар кон почитувањето на човековите права и демократијата и владеењето на правото во Азербејџан”, вели Нилс Мужниекс, комесарот за човекови права на Советот на Европа.

“Кадија Исмаилова плаќа за нејзиното храбро работење како истражувачки новинар во земја каде критичките гласови се замолкнуваат”.

Одговор на OCCRP

Штом се објави пресудата, OCCRP ја поцрни својата почетна страница. Многу медиумски организации, вклучувајќи партнери на OCCRP и меѓународни медиуми, го следеа примерот и поцрнувањата ќе продолжат во текот на оваа недела.

Но, тоа не е сè. Како одговор на апсењето на Исмаилова во декември и притворот пред судењето, во мај OCCRP го започна Проектот Кадија за да ја заврши нејзината работа.

Саливан вели: “Претседателот на Азербејџан греши ако мисли дека ако ги осуди новинарите на казна затвор, може да ги запре да истражуваат криминали. Голем број новинари од целиот свет ќе ги заменат. Вистината секогаш ќе излезе на виделина и историјата праведно ќе ни суди на сите”.