Денешна дата
26/05/2020

Фејсбук го потврди правилото дека „нема бесплатен ручек“

Популарната социјална мрежа е постојана главоболка за компаниите и медиумите

Најновите промени на социјалната мрежа Фејсбук со кои се намали процентот на луѓе до кои допира една објава на фан страниците предизвика разочарување и чувство на изиграност кај голем број медиуми и компании.Од друга страна познавачите велат дека целта на фејсбук е да биде социјална мрежа, а не простор за бесплатно рекламирање.

300, 400 илјади фанови на Фејсбук? Иако до неодамна оваа бројка за македонски услови значеше големо влијание на оваа социјална мрежа, сега не е така. Фејсбук од декември минатата година драстично ги смени алгоритмите, па така иако некоја компанија или медиум има стотици илјади фанови, објавите не стигнуваат до сите следбеници кои ја лајкнале страната.

Во небрано се најдоа сите оние кои се потпираа на Фејсбук како место за бесплатна промоција на своите производи и вести, откако стана речиси невозможно да се добие бесплатен публицитет на популарната социјална мрежа.

Filip Stojanovski

Филип Стојановски

Филип Стојановски од Фондацијата за Интернет и општество, Метаморфозис објаснува дека промените влијаат на сите кои очекуваа „сообраќај“ односно проток на нови посетители кон нивните веб-сајтови од Фејсбук.

Во основа, иако Фејсбук го смени алгоритмот за да фаворизира платени огласи, се’ уште е важно што се случува со објавените содржини. Оние кои добиваат многу активност од читателите, во вид на лајкови и коментари, како и споделувања, Фејсбук ги прави повидливи. “, вели Стојановски.

 

 

Медиумите се прилагодуваат на социјалните мрежи

 

Според податоците за посетеност на веб-сајтови на македонски медиуми кои објавува агенцијата Гемиус преку нивниот веб-сајт, дел од оние кои што посетеноста ја базираат на објавување постови и реклами на Фејсбук уште од октомври почнаа да забележуваат надолен тренд, што е драстично се покажан во декември 2013.

Најпогодени се сајтовите кои го зголемуваа својот опсег на Фејсбук преку откупување и спојување со други Фејсбук-страници, но и оние кои „органски“ односно по природен пат прибирале фанови. Сепак, познавачите нагласуваат дека се потребни повеќе истражувања да се процени вкупниот ефект од последните промени, бидејќи во февруари неколку веб-сајтови објавија дека излегуваат од системот на Гемиус, а низа сајтови и воопшто не биле опфатени, па е тешко да се изнесат егзактни споредби врз основа на податоци добиени со различни методологии.

Зоран Ричлиев

Зоран Ричлиев

Според консултантот за дигитални медиуми, Зоран Ричлиев многумина што вложија во купување на фанови, дури и директно преку промотивните канали на Фејсбук се најдоа во ситуација, да имаат многу фанови, но многу малку повратни посети на самите веб страници кои ги промовираат. Тој вели дека на сметка на „купените фанови“ сега на цена се вистинските следбеници односно читатели на онлајн медиуми.

Социјалните мрежи медиумите пред се треба да ги гледаат како канал за комуникација со публиката, а не како ефтин начин за промоција и манипулација, како што тоа го прават, впрочем, и политичките партии и комерцијалните компании“, вели Ричлиев.

Уредничката на порталот Телеграф, Ивана Костовска, вели деказа жал во Македонија публиката на интернет е помрзелива отколку во другите земји, па затоа е тешко да се натераат да дојдат директно до изворот на информација. Иако и порталот што го раководи ја почуствува разликата со промените, сето тоа има и свои добри страни за оние кои нудат повеќе од преведени и агенциски вести.

Интересно е што промените не тераат да ги предизвикаме нашите фанови да бидат активни: да лајкуваат, да споделуваат, да коментираат, бидејќи веќе се докажа дека ова е формулата постот да стане вирален “, вели Костовска.

 

Branko GerovskiБранко Героски, главен и одговорен уредник на порталот Плус инфо вели дека Фејсбук е едно од најзначајните места преку кои читателите дознаваат основни информации за содржините на порталот Плус инфо.

Политиката на Фејсбук не сме во состојба да ја менуваме, туку се прилагодуваме на неа. За нас е најважно што заради големиот број на објави кои ги имаме на дневно ниво, имаме висок процент на директни посети “, додава Героски.

 

 

Фејсбук не е бесплатно место за ширење пропаганда

 

Компаниите ќе мора да се навикнат дека како што плаќаат секунда на телевизија или простор во весник за реклами, ќе треба да го плаќаат и закупот на Фејсбук бидејќи оваа социјална мрежа не е бесплатен начин на рекламирање, туку нејзината основна функција е социјализација, коментираат познавачите.

Компаниите мораат да разберат дека при распределбата на маркетинг буџетите мора да одвојуваат одделна ставка за маркетинг на социјалните медиуми, како сериозен процент од вкупниот буџет, и на тој начин да го добиваат платениот reach. Овој буџет не се однесува само за медиа закуп на Facebook, се однесува и за продукција на содржина која мора да биде интересна, различна, да привлекува внимание“, вели Ира Стефанов Бабиќ од агенцијата за дигитален маркетинг, Бренд унион.

 

Goce PacemskiИ Гоце Пачемски од маркетинг агенцијата ImagePR вели дека проблемот е што социјалните мрежи се разбираат како бесплатен канал за „регрутирање“ на публика.

. Зошто ФБ би давал нешто на останатите медиуми, со кое тие бесплатно би ја зголемувале нивната публика и репутација? Тоа е спротивно на секоја бизнис логика, а особено на начинот на кој размислува Цукенберг. И рака на срце, има право. “, смета Пачемски.

 

 

Иако првично измените на Фејсбук дојдоа како шок, добрите вести според познавачите се дека компаниите и медиумите според новите алгоритми ќе треба да градат верност на читателите, а не да ги бомбардираат со банални или лесно кликливи постови, кои носат посети, но не предизвикуваат дискусија или пак понатамошно споделување. 

Уредник: Тамара Чаусидис