Денешна дата
26/02/2020
Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. - Невладини организации

СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра

Пратениците за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари. За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари. На располагање на јавноста ја ставаме и целосната база на податоци за примањата на пратениците


 

ДОКУМЕНТАЦИЈА1  ДОКУМЕНТАЦИЈА2


Aлармот на телефонот за Сашко од Кочанско ѕвони точно во 5 и 10, време кога станува за да се подготвува за уште еден работен ден. Тој е работник во една од странските инвестиции во Источна Македонија, каде денот треба да му донесе дневница од 500 денари.

„Заработувам 12.000 денари плата. Работам 25 дена месечно, тоа значи секоја сабота. Една недела прва, другата втора, па трета смена“, се жали 33 годишниот кочанчанец.

Сашко работи 8 часа дневно, а месечно прави 200 работни часови.

„200 саати за 200 евра“, огорчено коментира Сашко.

Тој на последните парламентарни избори, го дал својот глас некој да го застапува во парламентот. Неговиот пратеник заработил 200 евра истотака, но за разлика од Сашко, неговиот пратеник тие пари ги заработил само за 1 ден.

Според анализите на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија, при тоа користејќи го законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, просечниот трошок што го прави еден пратеник дневно е 11.913 денари.

 

(интерактивна инфографика – движи го курсорот по графиката за подетални информации)

 

 

 

Од табелата се гледа дека најнеактивни пратеници се лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети. Тачи, ниту еднаш не се појавил во Собранието, додека Ахмети се појавил само 4 пати за цела година.

„Ова е брука невидена. Мислам дека овие лидери го користат пратеничкиот имунитет за да не можат да бидат уапсени, а не да ги претставуваат интересите на граѓаните“, вели 64-годишниот пензионер Драги Петровски од Скопје.

Најредовни пратеници минатата година биле пратениците од внатрешноста, Рамис Мерко, Ѓоко Камчев, Сузана Секуловска, Магделена Манаскова, Трајчо Димков и Славица Ласовска.

 

За дискусија по 400 евра

 

Просечната дискусија во Парламентот изминатава година, граѓаните ја плаќаат по 24.000 денари. Но тоа е само просекот. Мендух Тачи, Али Ахмети и Ристо Манчев, не изустиле ниту збор од собраниската говорница.

Слични на нив се и Муса Ибраими, Селвие Салиу, Иван Стоиљковиќ, Авдија Пепиќ и Хазби Лика. Тие говорницата ја користеле само еднаш во цела година.

 

(интерактивна инфографика – движи го курсорот по графиката за подетални информации)

 

 

 

За поранешниот пратеник и претседател на Собранието Тито Петковски, залагањето на пратениците за избирачите е на ниско ниво.

tito petkovski

„Пратениците воопшто не ги заслужуваат платите кои ги земаат. Во нашето Собрание нема изразување на ставови или мислења. Таму има само гласање и ништо друго. Изгубена е врската помеѓу пратениците и избирачите. Кога е изгубена таа врска, се друго е злоупотреба“, вели Петковски.

Пратеникот на Демократскиот Сојуз и негов претседател, Павле Трајанов смета дека пратениците треба да бидат платени, но треба да си ја извршуваат својата работа.

Pavle-Trajanov

„ Ако ги споредиме овие плати со примањата на граѓаните, тие се високи, но за извршување на функциите на државата одредени функционери треба да се платат“, вели Трајанов.

Парите од собраниската каса, најрационално ги заработиле Горан Сугарески и Солза Грчева, кои се јавиле по 157, односно 160 пати за збор. Секое нивно јавување ја чинело државата по околу 100 евра. 

СКУП Македонија пресмета колку граѓаните плаќаат за секое стискање на копчето за гласање. Минатата година пратениците гласале 100.292 пати. Тоа значи дека со секое притискање на копчето просечно наплаќал по 1.450 денари. Но тоа е само просекот. Во Табела 3 се претставени податоци колку чини гласањето по пратеник.

 

(интерактивна инфографика – движи го курсорот по графиката за подетални информации)

 

 

 

Најскапо е гласањето на Хазби Лика, за секое притискање на копчето добивал по 142.000 денари, а гласал само 6 пати, следуваат Али Ахмети, Газменд Алији, Орхан Ибраими, Стојко Пауновски, Имер Алиу, Ернад Фејзула, Мерал Ушини Ферати и Беким Фазлиу. Карактеристично за овие пратеници е што секое нивно гласање ја чини државата над 10.000 денари.

Најекономични пратеници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Иван Иванов, пратеникот од Кочани е рекордер, според бројот на гласање. Минатата година копчето за гласање го притиснал дури 1.556 пати. По него следуваат Благородна Бојаџиева, Магделена Манаскова, Момчило Аврамовски, Слаѓана Матовска, Марјанчо Колевски, Благоја Деспотовски, Ане Лашкоска, Ѓорѓи Коџобашиев и Благица Ласовска. Сите овие пратеници оствариле над 1.500 гласања во 2015 година.

Но од публикацијата Мојот пратеник се гледа дека овие пратеници, освен гласањето немаат некоја поголема улога во дискусиите и предлагањето на законите. Исклучок од оваа група на пратеници е Благоја Деспотоски, кој за збор се јавил 110 пати.

Според Павле Трајанов, пратениците од власта немаат некоја позначајна улога освен за гласање.

Генерално пратениците се без било какво влијание. Со овој модел на функционирање на Собранието, ниту еден закон во парламентот не може да помине без да биде подржан во Владата. Тие ќе им наложат на нивното мнозинство во Парламентот да го изгласаат секој закон. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договараат што ќе помине во Парламентот“, вели Трајанов.

Тој додава дека, досега не се случило пратениците да блокираат некој закон на Владата и да не го донесат, ниту пак можат да променат нешто драстично со амандмани.

Дека е Парламентот се користи само како гласачка машинерија, смета и Зоран Витанов, економски аналитичар и поранешен пратеник.

Zoran-Vitanov

„Бидејќи пратениците ни се зависни, државата ни е робовладетелска. Системот на контрола на извршната власт во стабилните демократии е парламентот. Владата треба да се плаши од парламентот, а не пратениците од Владата. Во Македонија има диктатура бидејќи пратениците не гласаат по сопствена воља“ вели Витанов.

Тој смета дека на пратениците треба да им се даде потполна слобода и повисока економска независност за да можат да ја контролираат Владата и министерите, а не да обратно како што е сега.

 

Еден закон чини 3.700 евра

 

Секој закон донесен од Собранието, а изготвен од пратениците државата ја чини по 3.700 евра. Минатата година 633 пати, пратениците се запишале како предлагачи на закони. Дури 82 пратеници го ставиле својот потпис позади некој предлог закон.

Најактивен во предлагањето на законите биле Горан Сугарески со потпис позади 21 закон, Илија Димовски, 19, Талат Џафери 19 и Јован Митрески со 16 потписи позади закон.

 

(интерактивна инфографика – движи го курсорот по графиката за подетални информации)

 

Минатата година за плати, патни и други трошоци на пратениците им се исплатени 2,3 милиони евра.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.)

 

lefkov@yahoo.com