Денешна дата
17/12/2017

Каков крај?

Далечниот остров Палмира Атол во северниот Пацифик што е откриен од Едмунд Фанинг во 1798 година, е полн со мистерии. Таму се случувааат – исчезнувања, невидливи убивства и гусарења, подводни пиратства и сл. Луѓе, бродови и други објекти од ништо ќе нестанат за никогш да не бидат пронајдени. Се претпоставува дека таму делуваат некои паранормални сили, па затоа островот е празен. Според митологијата, додека островот бил воден од чесни водачи тогаш бил полн со луѓе кои живееле среќен живот. Но, кога во една фаза луѓето со години подржувале еден алчен и нечесен водач, мајката на островот Палмира фрлила клетва врз луѓето и островот остана сосема пуст.
Изгледа и нам не фаќа опасна клетва, по наша вина. Луѓето масовно бегаат од тука, зашто секој знае дека ако не бега – клетвата ќе го фати и него. Тука стана мирот поразорен од војната. Мртвите споменици поважни отколку живите луѓе. Тука, да си чесна личнност стана глупост, а да си криминалец првилилегија. Оти со години не водат злочести мистериозни суштества. Десет години на празно веруваме дека животот ќе ни биде рај, а стасавме до средината на пеколот. Паранормално верувавме дека спасот е во нечесноста. Како слепи следбеници цело време слепо им верувавме на слепите водачи кои слепо не водат по слепи патишта. Се движевме врзани еден за друг исплашени дека како индивидуалци ќе завршиме во измислен амбис, несвесни дека токму колективно ќе завршиме во длабок кањон. Власта знаеше дека длабоко во нас имаше нешто многу плитко.
Под паролата – „спасот е во нечесноста“, Груевски ги собрал лажните челници на лажните институции за да ги подучи како да глумат загриженост по исфрлањето луѓе во амбис. Им одржел лекција како со преживеаните. Капо на злото подучувал како да се прави добро! И замислете до кое дереџе на измеќарлак се доведени – премиер, заменик-премиер, министер за внатрешни, градоначалници, што со восхит прифаќаат јавно да бидат помагарчени. Се што кажувал капо на злото – мора да биде апсолутна вистина. Мораа да климнат со глава и фасцинирантно да докажат апсолутна лојалност. Што ли суштества ќе беа овие, кои заедно со сродните суштества од ДУИ, за единствен талент имаат градење пирамиди и масовни гробници. А што ли суштества ќе сме ние што сме доведени до дереџе да го сметаме за садист оној што ни посакува долг живот?!
Познато е дека Груевски се знае. Од геологија, преку историја, генетика и архитектура, па се до астрологија. А медицина знае неговиот министер видео-хирург. Но, знае и црна магија која гарантира вечна послушност. Ама знаел и геодинамика. Ете Македонија ја носел во Афганистан, а Скопје во Кандахар. А нас сите не претворил во Талибанци.
За поплавите бил виновен Господ! Господ спречел да се постапи по документот за предупредување од поплави кој 10 години не бил читан! УХМР вели дека на илјада години можело ваков дожд да се случи (90 литри по квадрат)! Па во Ријека во 2013 година има паднато два и пол пати повеќе дожд и никаков потоп се нема случено, оти имаат систем. Тука кривично треба да одговараат многу луѓе, вклучувајќи и тој што потрошил 650 милиони евра за играчки, а не одвоил 120 милиона за целата држава трајно да расчисти со поплавите и да има доволно вода за наводнување. Некој ќе мора и кривично да одговара за загубените животи и имоти. Башка за траумите. И самите оштетени имаат право на тужба против државата. Брзо ќе заврши играта – кради на крупно за да не живееш на ситно.

Медиуми
Со години на луѓето им е вграден чип кој ќе ги натера да веруваат во лагата и да ја игнорираат вистината. Да веруваат на туѓи куртони, наместо на својот стомак! Промените не се лесни. Жан Ќак Русо вели – луѓето навикнати на ропство, не можат да ја разберат слободата. Тие се како птицата во кафез која мисли дека летењето е глупава работа или некаква болест. Промафијашките медиуми продолжуваат со силна кампања во полза на подршка на државната мафија. Настојуваат да ги убедат луѓето дека Груевки и неговата клика се поважни од животот на нивните деца. Дека мртвите споменици имаат поголема важност од живите луѓе (кои веќе не се живи). Канализација 5 информира како граѓаните ти биле задоволни со постапките на властите во оваа катастрофа! А лицето не премиерот ѓон. Ниту грам совест да го гризе што нечии деца и роднини завршија како жртви на неговата фатална политика. По телефон нарачува пакети од конзерви, што покажува дека институциите служат само за да бидат уринирани. Самиот командува со тие квази- институции со што потврдува дека тие што ги поставил таму не му вредат ништо. Ете, доживеавме душевни болесници да ни ја водат државата за да ја претворат во лудница. И сега човекот е се помалку човек; партиите се се помалку партии, а се повеќе мафијачки организации; а поединци се се помалку поединци, а се повеќе држава.
Сиротиот Иванов морал да повикува за да се воздржиме од „отровен цинизам“. Така му е наредено. Тоа, значи да молчиме за украдените милјарди, за криминализирање на изборите, зе мега-рекетите, за газење по човечкото достоинство, за тоа што стасавме до светско лидерство во сиромаштија, за масовниот екзодус, за сегашниот потоп – оти ќе му го нарушиме душевниот мир на неговиот газда. Епа господине Иванов, по се што сте направиле како комплетна владина гарнитура, не ви преостанува ништо друго освен да си купите по една јаже.

Мирен или крвав расплет
Како сето оваа ќе заврши? Крајот на режимот е блиску, но дали тоа ќе биде на мирен начин или ќе имаме крвав расплет, многу брзо ќе видиме. Избори ќе има, ама начинот на нивното одржување и исходот ќе биде личен избор на Груевки. Тој во свои раце има само три карти. Две се губитнички, а третата може да е погубна за сите, но и за него лично. Првата е, Груевски да ја предводи кампањата, но според некој невидлив договор лесно да си го признае поразот (тоа си има своја цена). Втората, е да тој со сите напори да добие некаков поволен изборен резултат и самиот да се повлече од политиката, надевајќи се дека ќе има заштита. Третата е, со сите средства да обезбеди „победа“, со што истиот ден ризикува дестабилизација. Имено истиот ден, бројни внатрешни и надворечшни организации ќе ги прикажат јавно многубројните кражбите, поткупувања, притисоци и заканита и истите ќе бараат (со помош и на улицата) веднаш да се поништат изборите. Многумина веднаш ќе завршат во затвор.
Тоа ќе значи и крај на ВМРО како партија, која ништо не успеела да направи за својот спас. Стана роб на криминалот во соптвените редови, посебно на мега-криминалот на своето водство, кое рака на срце ништо нема заедничко со вистинското ВМРО. Членството наивно поверувал дека ако не се држат заедно ќе висат одделно. Сега, дврорските слуги и шутови измислуваат секакви опасности од – радикали, бегалци, „предавници“. Но, сите веќе сфаќаат дека вистинската опасност доаѓа од ваквото водсвто, кое ја има укинато границата меѓу нормалниот живот и самоуништењето. Изборите се тука и после гласање нема каење.
И да не заборавим. Пред вистински суд ќе треба да седнат сите подржувачи на ваквото криминално здружување, заедно со бројни медиуми, судии и обвинители.

Онлајн магазинот Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Одговорноста за изнесените мислења се исклучиво на авторот

Оставете коментар

Коментар(и)

bilali@inbox7.mk