Денешна дата
24/10/2017

Црвен крст: има пропусти во распределбата на хуманитарната помош

“Свесни сме дека некогаш може да има недостатоци. Веројатно ги разбирате ситните недостатоци во постапувањето со феномен кој предизвикува последици.  Можеби луѓето мислат дека ние треба да опслужиме 10.000 населени, но невозможно е тоа. Може денес да постигнете 2.000 и утре наредните 2.000 , ако тоа некој го смета за пропуст во работењето не е пропуст, невозможно е да се постигне”, изјави Саит Саити, генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија на денешната прес конференција одговарајќи на прашањето дали имало селективно делење на хуманитарната помош.
Саити демантираше  дека Црвениот крст спречувал други граѓански иницијативи за собирање на помош. Тој додаде дека Црвениот крст оди од куќа на куќа и дека не може да се смета за селективност тоа што не можеле да стигнат кај сите оштетени граѓани.

Crven krst magacin
Инаку на денешната прес конференција беше истакнато дека Пивара Скопје и компанијата Кока-кола донираат 100.000 евра, вода и волонтерска помош, поддржувајќи го Црвениот крст на Република Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и други релевантни институции во намалување на последиците од катастрофалните поплави во Скопје.

“Tрагичните последици од оваа катастрофална поплава длабоко не трогнаа сите во Пивара Скопје и Компанијата Кока-кола. Нашата првична реакција беше да се обратиме до нашите долгорочни партнери во Црвен крст и да понудиме помош за оние на кои им е најпотребна во подрачјата најмногу погодени од оваа природна катастрофа”, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ при посетата на пунктот на Црвен Крст во “Момин поток”.

(Д.Л.)

Оставете коментар

Коментар(и)