Денешна дата
25/06/2017

Горан Лефков е добитник на наградата за истражувачко новинарство на Здружение на новинари, од Источна Македонија

Новинарот на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, Горан Лефков, е добитник на наградата за истражувачко новинарство на Здружението на новинари, од Источниот регион за 2016 година. Тој е автор на повеќе истражувања како злоупотреба на патните трошоци на пратениците, за богатството на политичките партии, проневера на пари во Министерството за земјоделство, рекетирање на фирми од Министерството за земјоделство и итн.

This slideshow requires JavaScript.

Покрај Лефков, наградени беа доделени и уште во 14 категории, а меѓу наградените лауреати беа Д-р Жан Митрев во медицината, Николајчо Николов од стопанството, Планинарското спортско друштво Осогово од Кочани, Ротари клубот од истиот град, Соња Даниловска во образованието, Даниела Таќева од новинарството и тн.

Доделувањето на наградите се одржа вопросториите на Меѓународниот славјански универзитет Гаврило Романович Державин во Свети Николе.

Оставете коментар

Коментар(и)