Денешна дата
18/02/2020

ДУИ и ДПА, која во власта?

ВМРО-ДПМНЕ е во потрага на идеолошкиот владин партнер. Двојна понуда за албанските политички партии

Резултатот на предвремените парламентарни избори ќе биде ист како оној од последните избори, оддржани во 2011 година. Ова е прогнозата на познавачите на политичките прилики во Македонија, кои велат дека главната битка ќе се одвива помеѓу таканаречената “голема четворка“. Единствена енигма, според нив, е која партија на Албанците ќе биде дел од идната власт.

Роберт Несими, политички аналитичар, за Инбокс7 оцени дека победници и на овие избори ќе бидат владеачките партии – ВМРО-ДПМНЕ и

Роберт Несими

Роберт Несими

ДУИ. Тој рече дека многу нешта ќе зависат од тоа дали партијата на премиерот Никола Груевски ќе добие 60 пратеници. Несими потенцира дека скоро ист со последните парлемантарни избори ќе биде соодносот на бројот на пратениците на ДУИ и ДПА.

Кај албанскиот политички блок соодносот ќе биде 1.5:1 во полза на ДУИ во однос на ДПА“, подвлече Несими.

Според него, нај непредвидлив е резултатот на НДП на Руфи Османи, која во најлоша варијанта ќе остане со двајца, но има можност да освои и 4-5 претставници во Собранието.

Политичкиот аналитичар Сашо Клековки за Инбокс7 вели дека на изборите кои ќе се оддржат на 27 април најголемото ривалство ќе се манифестира неколку нивоа. Според него, трката власт-опозиција паралелно ќе се одвива меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, од една страна, и ДУИ и ДПА, од друга страна.

На парламентарните избори, ривалството е во повеќе оски: позиција – опозиција (ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ, ДУИ/ДПА); ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ; и „големата четворка“ (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА) наспроти помалите партии. Во првата оска, првиот круг на претседателските избори навестува победа на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со одредено зголемување на бројот на пратеници кои го имаат. Во втората оска и покрај тоа што и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе постигнат подобрување на своите резултати, најверојатно ќе бидат упатени на постизборна соработка. НДП ќе се обиде да остане парламентарна партија, но тешко ќе го повтори резултатот од 2011 година. Од друга страна ГРОМ се бори да стане парламентарна партија и може да се надева на одреден успех, рече Клековски.

Во врска со составот на новата влада, Несими вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе им испрати паралелно на ДУИ и ДПА понуда за состав на новото парламентарно мнозинство.

Очекувам по изборите ВМРО-ДПМНЕ како победник да и понуди учество во власта на ДУИ, но истовремено да ја почитува и ДПА. Ова значи дека, исто како и во 2006 и 2008 година, и по овие избори очекувам обид на Груевски да состави влада со двете најголеми партии на Албанците“, изјави тој.

Клековски, пак, оценува дека концептот на формирање влада од страна на победничките партии од двата етнички заедници не е добар за Македонија. Тој ја поддржува идеата во власта да биде поканета партијата која ја има најголемата поддрсхка кај етничките Албанци, но врз основа на идеолочките сличности.

Лично сметам дека концептот на формирање на Влада од страна на партиите победници на изборите не е добар за Македонија. Иако е легитимна секоја Влада која има мнозинство во парламентот, јас подржувам вклучување на партија која добива поддршка од етнички Албанци, но на основ на идеолошка сличност. Во многу политички истражувања се покажало дека симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се само-перцепираат како десница, а симпатизерите СДСМ и ДУИ се само-перцепираат како левица. Затоа сметам дека е најдобро со Македонија да владеат идеолошки коалиции на ВМРО-ДПМНЕ со ДПА и СДСМ со ДУИ. На тој начин политичкиот натпревар од етнички ќе се трансформира во идеолошки. Натпреварот каде победник од една етничка група формира Влада со победник од друга етничка група останува да биде на етничка основа што не е добро за Македонија. Но тоа не е добро ни за ДУИ. ДУИ согледувајќи дека на долги патеки ќе имаат подобри резултати од ДПА, пред од причини поврзани со ДПА, го промовира принципот на коалиција „победник со победник“. На тој начин, како партијата на Турците во Бугарија, ДУИ постојано ќе биде во Владата. Еднаш со СДСМ, па со ВМРО-ДПМНЕ, па пак со СДСМ и така понатаму. Еднаш со левица, еднаш со десница, носи збрка на која идеологија припаѓа ДУИ? Или нема идеологија, туку само гола желба за власт. Најверојатно ВМРО-ДПМНЕ посакува коалиција со ДПА, поради поблиската идеологија, или пак поблиските односи. Но најверојатно доколку ДПА не оствари добар резултат, ВМРО-ДПМНЕ примарно ќе склучи коалициски договор со ДУИ. Но како гест спрема својот префериран партнер ВМРО-ДПМНЕ, може да ја вклучи во коалицијата и ДПА., подвлече Клековски.

На иста линија е и Несими. Тој вели дека евентуалното учество во власта на двете ривалски партии, ДУИ и ДПА, ќе придонесе и до политичка пацификација на се потензичниот политички блок на Албанците во Македонија.

Сепак, се ќе зависи од бројките, поточно од тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе стигне до бројката од 60 пратеници“, вели Несими.

saso (1)

Сашо Клековски

Според Клековски, “доаѓањето на сцена на Никола Груевски и неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ го промени начинот на политичкиот натпревар со воведувањето на доктрина, политичките програми со конкретни политики, мерки и проекти, како и отчетот“.

“За илустрација, ВМРО-ДПМНЕ воведе политика на рамен данок, а СДСМ мораше да одговори со друга политика на прогресивен данок. Со време ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ неминовно ќе развијат појасни идеолошки програми. Во таквиот развој, каде ќе бидат ДУИ и ДПА? Дали се тие за рамен или прогресивен данок? Дали се натамошна либерализација на законот за работни односи или се против? Или им е сеедно, важно да бидат во власта? Затоа ќе повторам преферирам идеолошки коалиции, наспроти сегашната ситуација. Тогаш ривалството на ДУИ и ДПА нема да биде ривалство за власт, без спротивставување на различни доктрини, програми и проекти“, оценува Клековски

Како и да е, Македонија ќе гласа во недела а новата влада ја чекаат сериозни предизвици и безброј проблеми, кои ќе треба да бидат решени.

Уредник: Селим Ибраими

tahiri@inbox7.mk