Денешна дата
24/10/2017
dav

Дебата: Незнаењето на младите за етникумите се гледа на улица

автор: Донатела Конеска

Јавнатата дебата го разработи неформалното и формалното образование како фактори кои најмноги влијаат, или поттикнуваат да се развива национализмот, говорот на омраза и етничката (не)толеранција.
“Младите, најчесто, го рефлектираат своето (не)знаење за етничката (не)еднаквост преку улиците, со протести или пак натписи“, изјави на дебатата, Алберт Хани, заменик директор при Форум ЗФД. Според него, неформалното образование треба да промовира интернационализирање, прифаќање, еднаквост. Тој смета дека наставните програми го промовираат спротивното од моделот кој се презентира од страна на ресорното министерство, како што е учебникот по историја.
Говорници на дебатата беа и Сафет Незири, државен советник при Министерството за образование и наука, Ана Чупеска – Станшковска, доцент доктор при Факултетот “Јустинијан Први”, како и Теодора Столеска од Младинскиот образовен форум.

Сафет Незири говореше за влијанието на политиката врз младите, односно средношколската младина. Тој вели дека за доаѓање до власт се оди преку младите средношколци, каде што најголем процент се однесува на Скопје. Тој, исто така, говореше и за учебниците до петто одделение, во кои, според анализа, нема елементи за меѓуетничко живеење.

Ана Чупеска – Станишковска проговори за влијанието на политиката врз младите. Таа нагласи дека образовниот систем во Македонија е деформиран, исто како и политичкиот систем. Според Чупеска-Станишковска, единствено решение за подобро образование, е да се воспостави елементарна – либерална демократија.

Теодора Столеска, исто така, говореше за неформалното образование и неговата важност.

“Meѓу процесот на дружење се рушат етничките бариери и се менува нашиот менталитет. Но кај нас, и тоа ретко дружење доведува само до разбирање на сите разлики, но не и на прифаќање.Треба да зборуваме за сите наши проблеми и разлики”, рече Столеска. Според неа, за реформирање на проблемите се потребни повеќе дебатни клубови.

Оставете коментар

Коментар(и)