Денешна дата
25/06/2017

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ НЕЕТНИЧКОТО ГЛАСАЊЕ?

автор: Џелал Незири

Претстојните локални избори се очекува да бидат забележани со уште еден голем чекор кон неетничкото гласање. По парламентарните избори од декември минатата година, кога Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) доби рекорден број на гласови од етничките Албанци, еден ваков тренд се очекува да продолжи и на локалните избори. Според последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), 43 отсто од испитаните изразиле дека би гласале кандидат од друга етничка заедница ако истиот би ги претставувал подобро нивните интереси, што преставува повисок процент во однос на гласањето на парламентарните избори. Во анкетата реализирана во текот на март ова година, кога политичката криза кулминираше со протести и инциденти, дури 48 отсто се изјасниле дека не би гласале кандидат од друга етничка заедница додека 9 отсто одбиле да одговорат на прашањето.

Во меѓувреме, процентот на гласање на кандидат за пратеник од друга етничка заедница останува ист во споредба со резултатите од анкетата реализирана во ноември 2016 година – 42 отсто. Единствената разлика е зголемувањето за 2 отсто на тие кои не би гласале кандидат од друга етничка заедница.

На самиот крај на четиригодишниот мандат поголемиот дел од градоначалниците, по се изгледа, не ги задоволиле очекувањата на граѓаните кои живеат во нивните општини. Следствено, 37 отсто од анкетираните мислат дека нивната општина се движи во погрешна насока, 35 отсто се изјасниле неутрално додека само 23 отсто мислат се движи во вистинска насока.

Поголемиот дел од граѓаните, т.е. 51 отсто изразиле дека се незадоволни од работата на нивниот градоначалник, 47 отсто од советот додека 46 отсто од работата на општинската организација.

И покрај јавниот дискурс и говорот на омраза кои ја следеа кризата, приоритетите на граѓаните остануваат неизменети. Како главни проблеми на локално ниво останува невработеноста, која за 17 отсто од испитаните е прв проблем додека за 12 отсто е втор. Потоа се наведени инфраструктурата, урбаното планирање и развој, водоснабдувањето, корупцијата на локално ниво, јавната хигиена, здравствената заштита, загадувањето, јавниот транспорт и така натаму.

 

И по децентрализацијата на власта, поголемиот дел од граѓаните мислат дека централната власт има најголемо влијание врз квалитетот на животот (59 проценти), додека само 23 проценти мислат дека најголемо влијание има локалната власт.

Одѕивот на гласачите се очекува да биде висок и на локалните избори. Одлучни за да излезат да гласат се 61 процент, со неодлучно „да“ одговориле 21 процент додека со неодлучно „не“ се изјасниле само 5 проценти.

Поголемиот дел од граѓаните, или 77 отсто од нив, сметаат дека за да се добие работно место во државната администрација услов е членство во партија, додека 59 отсто од нив знаат за случаи на партиски вработувања. Околу 30 проценти од граѓаните велат дека партиското членство е услов и за вработување во приватниот сектор.

 

ПРИОРИТЕТИ НА НОВАТА ВЛАДА

 

Поголемиот дел од граѓаните очекуваат од новата влада да создава нови работни места (38 отсто), да и стави крај на политичката криза (29 отсто) и да ја развива економијата на земјата (32 отсто). На листата на очекувања од новата влада се и зголемување на пензиите, намалување на цените и даноците, борба против корупцијата и спроведување на Извештајот на Прибе, намалување на сиромаштијата, правата на Албанците и така натаму.

Одолговлекувањето на кризата и стравот за дестабилизација на ситуацијата влијаело да има смени на листата на проблеми, со кои се соочува Македонија. Како резултат на ова, политичката криза резултира како проблем број еден за граѓаните (45 отсто), невработеноста (37 отсто), сиромаштијата (23 отсто), економската криза (18 отсто), додека „Албанската платформа“ е најголем проблем за 7 отсто од анкетираните.

 

Мнозинството од граѓаните се изјасниле дека земјата се движи во погреѓна насока – 56 проценти, што е за 8 проценти повисоко од анкетата реализирана во ноември 2016 година. Само 14 отсто сметаат дека земјата оди во вистински правец, процент кој е најнизок во анкетите на ИРИ од 2008 година.

 

На прашањето дали е потребно да се одржат нови парламентарни избори, која е една од барањата на ВМРО-ДПМНЕ, 44 проценти одговориле позитивно, 41 процент со „не“ додека 15 проценти одбиле да дадат одговор.

Во врска со одлуката на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, 36 отсто од граѓаните велат дека воопшто не ја поддржуваат ова одлука на претседателот, 7 проценти делумно на ја поддржуваат, 34 отсто во целост ја поддржуваат, 11 отсто делумно ја поддржуваат додека 12 отсто не одговориле на прашањето.

Но, прашани дали претседателот на државата треба да го додели мандатот на лидер на партија кој има обезбедено мнозинство во Собранието, 50 отсто одговориле со „да“, 22 отсто со „не“, 12 отсто се изјасниле дека тоа зависи од последиците по државата, 5 проценти одговориле дека зависи за кој лидер станува збор додека 10 отсто одбиле да одговорат.

 

Најмала доверба во јавноста има Државната комисија за спречување на корупцијата, каде веруваат само 15 отсто од граѓаните. Потоа следуваат политичките партии со 16 отсто доверба, судовите (21), медиумите (21) јавното обвинителство (22), собранието (23), Државната изборна комисија (25), општините (28), владата (29), здравствениот систем (36), претседателот на државата (38 отсто), специјалното јавно обвинителство (39) додека нависока доверба има образовниот систем со 42 отсто.

Специјалното јавно обвинителство продолжува да ужива голема поддршка од 53 отсто, со тоа што нејзиниот рејтинг порасна за 2 отсто во споредба со анкетата од ноември минатата година.

Додека во 2016 година имаше поделено мислење за функционирањето на правната држава, во ова анкета дури 57 проценти од испитаните одговориле дека правната држава не постои во Македонија.

 

ПРАШАЊАТА НА ЕТНИЧКИТЕ АЛБАНЦИ

 

Зголемување на животниот стандард и намалувањето на сиромаштијата резултираат како прв приоритет кај етничките Албанци (34 отсто). Интеграцијата во ЕУ и НАТО се втор приоритет со 33 отсто додека отворањето на нови работни места се на третото место со 28 отсто. Пошироката официјална употребата на албанскиот јазик е на четворто место со околу 28 отсто, додека потоа следуваат правичната застапеност во институциите (19 отсто), департизација на судството за еднаков третман на сите (14 отсто), ефикасни и праведни институции (12 отсто) додека 2 отсто не одговориле.

 

Во врска со официјалната употреба на албанскиот јазик на државно ниво, 49 отсто на етничките Албанци одговориле дека се „многу незадоволни“, 28 отсто „делумно незадоволни“, 2 отсто се „многу задоволни“, 19 отсто „делумно задоволни“ додека 2 проценти одбиле да одговорат на прашањето. На локално ниво, пак, само 29 отсто изјавиле дека се „многу незадоволни“, 28 отсто се изјасниле дека се „делумно незадоволни“, 3 отсто „многу задоволни“, 36 отсто „делумно задоволни“ додека 4 отсто одбиле да дадат одговор.

Поголемиот дел од граѓаните мислат дека заедничката платформа на албанските партии е позитивна и за етничките права на Албанците и за меѓуетничките заедници (37 проценти) додека 27 проценти оценуваат дека ова декларација е позитивна за правата на Албанците но негативна за меѓуетничките односи, 21 процент мислат дека е негативна и во двете случаи додека 6 отсто од граѓаните опфатени во анкетата воопшто не слушнале дека посто таква платформа.

Оставете коментар

Коментар(и)

neziri@inbox7.mk