Денешна дата
27/03/2023

Државните институции плаќале парно поскапо и за 10 пати

Едно писмо стигнато на официјалниот мејл на СКУП Македонија сигнализираше дека енормно големи суми од народните пари се плаќани за парно греење. Свиркач кој бил запознаен со ова појава решил истата да ја пријави кај нас, со препорака да се истражува случајот

Тимот на СКУП ги разгледуваше сите наоди на јавувачот на злоупотребите. Решивме да побараме средба со него за да видиме дали овие индиции се вистински.

По долго убедување и гаранции за заштита на неговиот идентитет, се најдовме во еден ресторан на излезот од Скопје.

По крaтко чекање се појави средовечен човек, видно исплашен за неговата безбедност. Сепак, се забележуваше неговата одлучност да ги сподели со јавноста сите информации кои се од општ интерес.

Врз основа на овие информации добиени од свиркачот, решивме да поставиме барања по слободен пристап до информации…

Тврдењата на свиркачот се покажаа како точни. Ова беше аларм за Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија да започне да го истражува случајот. Документите покажаа дека народните пари премногу лесно се трошени за потребите на Балкан Енерџи груп. Државните институции плаќале парно поскапо и за 10 пати од домаќинствата.

 

ЗА ПОВЕЌЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО

lefkov@yahoo.com