Денешна дата
15/11/2018

ОБСЕ/ОДИХР: Немаше јасно одвојување на партијата од државата

Меѓународните набљудувачи и домашните организации главно нотираа неколку забалешки поврзани со нарушување на демокраските стандарди при гласањето

Ефикасно спроведени избори на денот на гласањето, со почитување на основните слободи а кандидатите имаа можност да ја водат без попречувања кампањата. Но недостатоците забележани во првиот круг од претседателските избори пред две недели или се повторија или беа уште понагласени.  Ова накратко е првичната оценка на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за вчерашните претседателски и предвремени парламентарни избори рекоа денеска меѓународните набљудувачи на ОБСЕ.

-Изборите во предизборниот период не ги исполнија важните стандарди кои државата ги превзема со членството во ОБСЕ. Ова се однесува на разграничување на државата од партијата, обезбедување на услови за рамноправен натпревар, поденаква медиумска застапеност како и прашањата поврзани со избирачкиот список “изјави попландево шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР Герд Аренс.

На презентацијата на првичниот извештај на меѓународните набљудувачи Кристине Мутонен специјален координатор кој го предводи краткорочниот набљудувачки тим на ОБСЕ  оцени  дека изборите беа ефикасно спроведени и изборниот ден помина мазно, но имаше реални проблеми претходно и за жал по гласање.

Владејачката партија не ги одвои адекватно партиските и државните интереси додека за жал опозициската партија објави дека нема да ги признае изборните резултати. Силно ги охрабрувам политичките актери да работат заедно за да креираат позитивна постизборна атмосфера– оцени Мутонен.

Набљудувачите забележале дека има кредибилни наводи за заплашување на гласачите вклучувајќи и притисок од една партија врз гласачите етнички Албанци да ги бојкотираат претседателските избори.

Мониторингот на медиумите за време на кампањата забалежал и наклонетост за владејачката партија и нејзиниот претседателски кандидат во мнозинство од мониторираните медиуми, придружено со негативни извештаи за опозициската партија и нејзиниот претседателски кандидат, соопштија набљудувачите.

Според граѓанската асоцијација МОСТ  гласањето беше спроведено ефикасно и без инциденти, со значително зголемување на случаите на групно и семејно гласање, споредено со првиот круг од претседателските избори.

На дел од гласачките места избирачките одбори не ги информираа правилно гласачите за процедурата на  гласање, односно за тоа дека може да изберат за кој изборен процес сакаат да гласаат, туку веднаш им издаваа гласачки ливчиња за двата вида избори. Изборниот ден помина мирно, но со зголемен интензитет на мобилизација на гласачите, која во одредени случаи преминуваше во притисок врз нив да излезат на гласање. Ова беше евидентно и од фактот што пред одредени гласачки места забележано беше агитирање и евидентирање на гласачите”оцени првиот човек на асоцијацијата Дарко Алексов.

Darko Aleksov Most (1)

Според МОСТ кои го набљудуваа процеост  со 1.712 набљудувачи гласањето на болните и изнемоштените не се одвивало во тајност, а политичката реторика се заострила меѓу двата круга.

Според невладината организација Цивил која исто така го набљудуваше изборниот процес на денот на изборите имаше  нерегуларности, меѓу кои ги набројуваат гласачите од Пустец, повеќе лични карти на едно лице,  гласање на малолетни, поткуп за глас итн.

dimeska@inbox7.mk