Денешна дата
17/02/2018

Ивана Анѓеловска: Секое добро насочување доведува до успех

разговарала: Ангела Рајчевска

 

„Сакам да работам со млади и за млади, секое добро насочување доведува до успех како на личноста така и во општеството бидејќи создаваш активно граѓанство кое делува во општество“.

Дипломиран Историчар на уметност, магистер на ФОН, отсек дипломатија и меѓународни односи. Дел од граѓанскиот сектор уште од 2006-та година. Своите почетоци ги зачнува во ФОРУМ СИД, најпрво како член и волонтер за подоцна да стане дел од обуките за млади, младинска работа  и лидерство. Била дел од многубројни проекти од меѓународен карактер кои биле реализирани  преку Млади во Акција програмата, Совет на Европа и Еразмус+ програмата, како и на национално ниво. Во моментов е дел од младинската невладина организација Волонтерски Центар Скопје каде што е ЕВС координатор и координатор на проекти за млади. Сака да патува, да запознава нови култури и општества, да се  дружи., чита книги, друштвени спортови и планинарење.

Што претставува ЕВС?

ЕВС – Европски Волонтерски Сервис е програма за млади на Европска Унија  која има за цел да им овозможи на младите да стекнат искуство како волонтер преку проектни активности во некоја од европските  држави. Оваа програма преку неформални методи на образование му дава можност на младиот човек да ги спознае своите способности и вештини, да ги надогради своите знаења, воедно и да го покаже тоа што таа личност го поседува. ЕВС програмата е составена од два период – краткорочен од 2 недели до 59 дена и долгорочен период од 3 до 12 месеци.
Кои вредности ги носи оваа програма?

Оваа програма помага на младата  личност да ги надогради своите знаења и вештини, да се запознае со други култури, општествени вредности и традиции, да научи друг јазик пклрај мајчиниот, па можеби и да си ја пронајде својата идна професија.

Дали од прилика имате евиденција колку ЕВС волонтери до сега имаат дојдено во Македонија, и колку наши волонтери се испратени на ЕВС?

Точна бројка не можам да кажам. ЕВС приграмата се спроведува скоро 20 години ширум Европа. Познавам личности кои своето ЕВС искуство го имале уште во 2004 година. Со оглед на тоа дека ова програма ја работат доста организации во Македонија, кои испратиле и биле домаќини на ЕВС волонтери од европските држави, сигурно бројката би била над 5000 илјади корисници на оваа програма.

Кои се областите кои ги опфаќа  ЕВС програмата?

Многу области од активности со деца,  младинска работа, екологија, активности со лица со посебни потреби, уметностите – афирмирани театри и фестивали, хортикултура, проекти од социјален карактер, медиа – тв, радио или дигиталната медиа, организациски активности и многу други. Можеме со  еден збор да кажеме дека од секоја област и сфера има проекти и активности кои се дел од ЕВС програмата.
Какво е твоето лично искуство да бидеш ЕВС координатор и која е улогата на ЕВС координаторот во текот на еден ЕВС Проект?

Работата со млади луѓе, ентузијасти и полни со креативна енергија е вистинско уживање. Моето десегашно  2 ипол годишно искуство како ЕВС координатор е генерално позитивно и е една интересна улога. Бидејќи нашите проекти во ВЦС се долгорочни, волонтерите кај нас на проект доаѓаат од 9 до 12 месеци. Разноликост од карактери, култури, начин на  живот, социјални и професионални карактеристики и вредности. Споделуваме наши ,  но и учиме од нив навики и  вредности кои треба да ги применуваме во нашето секојдневие.

Координаторот на ЕВС проект е личност која го насочува и му ја дава основата на волонтерот да запознае проектот подобро. Го мотивира да ги вклучи неговите идеи и предлози кои се во склоп со целта на самиот проект. Му помага при адаптација на организациските обврски, секако тука спаѓа и делот ккаде што на волонтерот му се помага во зајакнување на неговите капацитети, му се создава простор да ги покаже и сподели своите знаења и вештини  со локалните млади.

Секој ЕВС координатор треба да ја има основата за работа со млади за да може да функционира со млади, сите сме различни со свои каралтеристики.

Какво е твоето искуство во светот на Еразмус+ Програмата?

Започнувајќи од 2009-та година па до денес имав можност да бидам дел од над 40 меѓународни проекти, младински обуки, размени и конференции кои биле дел од програмата Млади во Акција, подоцна применувана во Еразмус +, во повеќе европски држави, но и во Македонија.

Имав можност да учествувам на проекти од различни области кои на некој начин биле поврзани со мојата позиција денес,  како и активизам во општеството како млада личност. На дел од проектите од Еразмус+ програмата имав можност да бидам фасцилитатор и ко-тренер спроведувајќи  активности преку методи на неформално образование.

Секако како тука е и моето ЕВС искуство на краткорочен ЕВС проект во Сандански,  Бугарија во 2013-та година. Проектот беше од културно-умернички карактер вклучувајки алатки социјален карактер и беше едно незаборавно искуство.

Дали и зошто би им го препорачала ова искуство на младите ентузијасти?

Секако, секој млад човек кој сака да излезе од својата комфорна зона и да направи еден поинаков чекор во своето делување, ваквиот тип на проекти може многу да помогне и придонесе во тој дел.

Без оглед дали таа личност ќе се одлучи да биде дел од краткотрајни проекти или пак ќе  се одлучи на голем чекор да оди на ЕВС проект може само подобро да се запознае себе си и да ги зајакне своите способности, но и да стекне нови знаења и вештини.

Оставете коментар

Коментар(и)