Денешна дата
26/11/2020

Холандија го одбележа денот на Кралот

Минатиот петок, 25 април беше национален празник на Кралството Холандија. По овој повод, амбасадорката Мариет Шурман приредди мошне интересен прием во новата зграда на Македонскиот народен театар. На приемот беа присутни голем број амбасадори во земјава, како и познати уметници. Шурман доби посебна награда од кореографот Рисима Рисимкин за поддршката што амбасадата ја дава на незјиниот Интерат културен центар.

Говорот на амбасадорката Мариет Шурман:

“Денеска го славиме нашиот национален празник. Нашиот национален празник е роденденска забава: го славиме роденденот на нашиот Крал. На Денот на Кралот, нашиот национален празник, го славиме она што нé обединува. Вечерва станува збор токму за тоа-да се слават вредностите што не обединуваат-слобода, разноликост, креативност, слободно и независно размислување. Вечерашниот настап од холандската група „Интроденс“ е симболичен подарок за денешната роденденска забава. Подарок од Кралството Холандија за Република Македонија. Подарок кој што го симболизира тоа што ги поврзува луѓето во нашите две земји. Нема подобар подарок за одбележување на овие врски и вредностите на слобода и разноликост кои ги споделуваме.

4 (1)

Мариет Шурман: Вечерва станува збор токму за тоа-да се слават вредностите што не обединуваат-слобода, разноликост, креативност, слободно и независно размислување

Модерниот танц им дозволува на луѓето да се изразат себеси слободно како индивидуалци без ограничувања. Ова е една од формите на уметничкото изразување што им дозволува на луѓето да ги прошират своите хоризонти, да се поврзат и да комуницираат преку границите на земјите, јазиците и културата.

Модерниот танц стана еден од најпознатите холандски културни продукти за извоз, веднаш по холандскиот дизајн. Не затоа што е типично холандски, туку затоа што Холандија изгради репутација за модерниот танц, благодарејќи на славните кореографи како Ван Манен, што ти привлече младите таленти од целиот свет да дојдат и да студираат во Холандија. Овој интернационален аспект само се надоврза на квалитетот и реномето на холандската традиција во модерниот танц.

Затоа што прекуграничната соработка меѓу Македонија и Холандија на полето на модерниот танц е еден од најуспешните примери за тоа каде соработката и слободната размена на визии и идеи може да води. По седум години соработка и со визијата и упорноста на Рисима Рисимкин, Македонија сега се постави себеси на светската мапа на модерниот танц.

Накратко, прекрасен пример за тоа како поврзувањето на луѓето преку граници ни помага да создадеме подобар и поубав свет. Да креираме нови, уникатни нешта.

Затоа, сум посебно горда за примањето на наградата „МЕНАДА“. Не ја гледам оваа награда како награда за мене лично, туку за сите оние кои се активно вклучени во Македонија и Холандија и кои ја реализираат оваа приказна на заедничко работење кон заедничката цел во уникатна успешна приказна“. 

2 1