Денешна дата
23/04/2018

Многу очекувања од законот за високо образование

Автор: Ангела Рајчевска

Дали новиот Закон за високо образование ќе ги зајакне универзитетите или е во функција дневно-политичките потреби?  Иако имаат забелешки, професорите велат предлогот е добра основа за подобрување на квалитетот на високото образование.

Силни универзитети се закана за секоја власт, но слаби универзитети се закана за иднината на државата“,додаваат тие. Сепак, студентите се жалат дека не биле доволно консултирани во процесот на изготвување на овој закон.

Експертите велат дека постапката трае предолго и за овој период пати токму високото образовние, кое е во исчекување на реформите. За два месеци навршува година од започнувањето на процесот за измени на Законот за високото образование, кој започна на 22 јуни 2017 година. Работни групи, нацрт-закон и јавни дебати проследени со никакви реформи. Образованието сѐ уште во застој.

Во Министерството за образование и наука (МОН) велат дека „добрите законски решенија се предуслов за квалитетно образование“, па затоа, цела една година била потрошена на процесот за измени на Законот за високото образование (ЗВО).

Во меѓувреме, условите за живот и студирање на студентите остануваат исти.

За да ја подобриме состојбата со дефицитот на кадри на универзитетите, одобривме нови места за вработување и ангажирање на млад наставен кадар на универзитетите, а во Буџетот за 2018 година, за високото образование во целост, предвидовме зголемување од половина милијарда денари или зголемување од 20 проценти„, велат во писмениот одговор до СКУП од Оделението за односи со јавноста при МОН. „Во поглед на вработувањата, со новиот ЗВО предвидуваме и враќање на асистентите и демонстраторите на универзитетите со што ќе се овозможат нови вработувања и подмладување на кадарот на универзитетите, нешто што во минатото беше оневозможено“.

 

Во Студентскиот Парламент на Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ во Скопје  (СПУКМ) велат дека се изоставени од процесот за носење на новиот Закон за високото оразование.

Се изнагледавме ветувања, а студентите сѐ уште чекаат конкретни чекори“, велат во СПУКМ.

Во новиот Закон за високо образование, според МОН, предвидени се измени во делот на студентското организирање, а целта е да се добие департизирано студентско тело кое вистински ќе го претставува гласот на студентите.

 

Но, претседател на СПУКМ Давор Поповски вели дека не е задоволен од ова решение.

 

Предлог законот предвидува формирање на единствена студентска организација која како тело целосно ќе зависи од Универзитетите и нивните управи, што е спротивно на заложбите за инклузивност и плурализам во студентското организирање.“, вели тој.


Загрижува фактот
, подвлекува Поповски, „дека и покрај тоа што во работната група при Министерството за образование и наука активно учество земааа студенти активисти, истите не успеале да издејствуваат мерки за независност на студентското тело“.

 

Се обидовме да добиеме став и од Студентскиот пленум, меѓутоа, до објавувањето на темата, тие не одговорија на нашите прашања.

 

Генерална оценка на Професорскиот пленум за Предлог-законот за високо образование е дека тој создава основа за подобрување на квалитетот на високото образование во Република Македонија.

 

Сепак, тие се со став дека Предлог-законот содржи одредени недоречености за кои што, се надеваат, ќе се отстранат при собраниската расправа по истиот. Законот треба да ја зајакне кадровска автономија на универзитетите како неразделив сегмент од уставно загарантираната автономија и јасно да ги одреди правилата за формирање на платите на наставниот кадар во јавните високообразовни установи“.

 

Во поглед на финансирањето на јавните високообразовни установи, Професорскиот пленум се на став дека „Законот треба да го определи минималниот износ на платите на наставниците, кои што би биле соодветни на платите во јавниот сектор а согласно наставно-научните звања и обврска на државата тој износ да се достигне во одреден временски период“.

 

И додека МОН се концентрира на изготвувањето на новиот Закон за високо образование, студентскиот стандард останува супстандарден а нашите универзитети не се ниту на повидок на Шангајската листа на најдобри универзитети.

Оставете коментар

Коментар(и)