Денешна дата
15/11/2018

СО ЛИК А БЕЗ ИДЕНТИТЕТ

Во Македонија живеат, но не се видливи за институциите на државата. Ова категорија на луѓе немаат документи за идентификување, што ги исклучува од можноста за да ги уживаат правата загарантирани од државата. Невладините ги нарекуваат „лица без идентитет“, а институциите никако да најдат лек за овој горлив проблем

Пишува: Ѓурѓица Бојчевска

    

Во земјава горлив проблем е фактот што се уште се раѓаат лица без можност да наследат идентитет од своите родители зашто и тие немаат документи за лична идентификација или пак, поради лична или неажурност на институциите, се нашле во категоријата „со изгубен идентитет“.

Во Едукативниот центар за згрижување во Скопје, во моментов се згрижени 102 деца од улица. Тие се без лична документација и без здравствено осигурување, од кои се 31 дете како и 17 членови на нивните семејства. Значи, скоро половината од згрижените или 48 лица се без лични документи.

Во сите годишни извештаи на Европската Комисија во деловите за социјалната грижа на населението Република Македонија во европски рамки постојано е на дното од листата. Предмет на критики, покрај општите економски и социјални услови за живот во земјава, главно е инертноста на институциите. Една од маркантните констатации во тие извештаи  е појавата на таканартечени „лица без идентитет“.

Министерството за друд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи немаат точни податоци за тоа колку жители се без лични документи. Ова e од причина што меѓу нив има бездомници чија бројка е постојано променлива. Меѓу нив се и деца од родители кои исто така се без постојано место на живеење и главно од социјално нај загрозените семејства.

Елена Велковска, активист од невладината ,,За заштита на правата на детето“ за Инбокс7 вели дека  преку престојот во Дневниот центар децата добиваат можност од дневно згрижување, да ја одржуваат својата лична хигиена, да се воспитуваат, да се образуваат, да имаат пристап во основното образование преку неформално образование кое подразбира подготовка и описменување на децата за влегување во образовниот систем и поддршка на децата кои се запишани во училиштата за што подолго останување во образовниот систем. Но притоа тие не можат и не се надлежни да им ги обезбедат документите за лична идентификација, туку дека имаат поинаква улога и активности.

„Се одвиваат конкретни активности за обезбедување на здравствената заштита и на децата со семејствата кои се без лична документација: вакцинација и превентивни здравствени услуги. Превентивна улога во однос на спречувањето на ширење на инфективните заболувања и редуцирање на вошливоста, обезбедување на лекарска терапија препишана од страна на лекар. Се водат и едукативни работилници за здравствената култура и важноста од одржување на личната хигиена но и за колетивната хигиена“, вели Велковска.

Секоја година бројката на лица ,,фантоми” е различна. Најмногу лица кои немаат лични докумети се од ранливите социјални категории, најчесто од ромската националност. Тие не можат да земаат соцјална помош, немаат ни здраствено осигурување.

Гордана Приковска Змијанац од „Детска амбасада Меѓаши“ вели дека во рамките на итните реформски приоритети на владата беше и правното водење матична книга на лица без лична документација, но дека тоа се уште не е остварено. Оттука не може да зборуваме за некоја точна бројка на деца без лични документи.

„Во истражувањето на „Детската амбасада Меѓаши“ направено 2009 година во рамките на подготовката на Алтернативниот извештај од граѓански организации за состојбата со правата на децата , дојдовме до заклучок дека има поголем број деца кои не се регистрирани и немаат соодветна документација за идентификација отколку што институциите на државата прикажуваат. Немањето основни лични документи претставува огромен проблем за голем број деца кои не можат да ги остварат сите останати права кои им следуваат во еден правен систем: тие не можат да се вклучат во образовниот систем, немаат пристап до здравствените и другите јавни услуги, детски додаток… Најголем дел од неевидентираните деца се Роми. Овие деца дополнително земајќи ги предвид околностите се изложени на ризик од најтешки форми на злоупотреба и занемарување”, – вели Приковска Змијанац.

 

 

Најбројни лица без документи се припадници на ромската етничката заедница

 

И осудени лица кои се на издржување на казни затвор по издржување на казната, поради сопствената инертност и поради недоволната грижа на институциите, во конкретниов случај на управите на затворите кои ги игнорираат административни потреби на затвориците, по излегувањето од затвор, се без нева документи за лична идентификација. Неколку мина од нив не сакаа да им се спомнуваат имињата но за Инбокс7 велат дека тоа им создава огроми проблеми во нивната ресоцијализација во општеството. Не можат да комуницираат со институциите, со банките, социјалните служби, фондот за здравствено осигурување и другите служби.

Но не се само поранешните затвореници „лица без идентитет“. Во земјава и не мал број „цивилни“ лица, овдешни граѓани, исто така се без соодветни документи за идентификација. Тие на некој начин се игнорирани од општеството зашто немаат ниту домови ниту документи. Меѓу нив, покрај бездомните лица, најголем бропј се припадници на етничката заедница Роми. Од родители без документи, се раѓаат деца кои, исто така, се без документи. Новороденчињата не можат да бидат заведении во матичната евиденција на државата поради фактот што тоа го немаат ниту нивните родители.

 

И затворите се легло на лица без идентитет

 

Во невладината „Меѓаши“ со години ги следат активностите на институциите во врска со децата без документи. Оттаму констатираат дека не е мал бројот на бебиња кој се раѓаат во медицинските установи а чии родители се без документи. Тоа создава проблеми не само во социјалата и здравството туку и во образованието. Оттаму велат дека има голем број деца кои имаат документи кои поради тоа не можат да се запишат на училиште. Од причина што навреме не биле вклучени во воспитно образовниот процес нив не ги примаат ниту во основните училишта ниту во вечерните бидејќи се поголеми од 7 години , а помали од 15. Но, за да бидат примени децата кои имаат 15 години  треба да достават извод од матичната книга на родените, лична карта, свидетелство за последно завршено одделение, до основното училиште за возрасни „Антон Семјонович-Макаренко“, а за децата кои се помали од 15 години потребно е и мислење од стручно лице, додава Пирковска Змијанац.

На темата „лица без идентитет“ посебна приказна се и македонските затвори. Во нив има затворенци кои немаат лични карти. Евидентирано е дека многумина од неколку локални и парламемнтарни изборни циклуси биле вратени од гласање затоа што  немале важечки  лични документи како лична карта или пшасош.

 

Амнестијата затворениците ги затекна неподготвени

 

Се обративме и до Министерството за правда. На прашањата на СКУП дали министерството располага со податоци за тоа колку затвореници кои ги отслужиле казните и кои излегуваат од затворите излегуваат оттаму без важечки документи и дали Законот за амнестија многу затвореници затече да се најдат во општеството без лични документи и без можноист да ги остваруваатсвоите граѓански парва, само кусо одговорија дека им е позната појавата но и дека евиденцијата за тоа е во секој од казненопоправните домови одделно.

Побаравме одговори во затворот во Штип, а оттаму не упатија до СВР Штип. Началник Љупчо Трајановски ни ја објасни постапката за вадење на лична карата и на други документи на лицата на издржување затворски казни, а на кои, за време на издржувањето на казната им истекува важноста на нивните лични документи.:

,,Процедурата за вадење на лични документи кој се лица во затвори почнува и завршува преку институција  од каде лицето е сместено за издражување казна затвор. Најпрво потребно е  лицето кое издржува казна затвор да се обрати до надлежната управа на институцијата каде што ја издржува казната затвор. Потоа треба да се обрати од одделението за граѓански  работи откаде почнува постапката за вадење наличен документ”, вели Трајановски.

Со Законот за амнестија беше предвидено од натамошно издржување казна затвор да се ослободат околу 670 правосилно осудени лица на затвор до  шест месеци. На 3.097 лица пак им е намалена казната за 30 проценти.

Законот за амнестија то беше донесен оваа година и по чиј основ многумина „непланирано“ предвбреме ги напуштија затворските простории, затече многумина без валидни лични документи. Тие од првиот миг „идентификациски“ неподготвени за цивлниот живот, се соочија со неможност да си ги остватруваат своите елементарни граѓански права пред шалтерите на иннституциите или банките. Со неможност да управуваат со своите автомобилчи или да си ги активираат своите банкатски ссметки па и неможност за основање на работен одност во државна институција или во приватна компанија.

 

Најзагрозени нарко зависниците

 

Некои затвореници што ја издржале повеќе години затворска казна и биле пуштени на слобода, немаат обновено лична карта и пасош па ги нареркуваат „лица фантоми’’. Тие немаат личени докумети и поради тоа не можат да земаат ниту соцјална помош ниту пак  можаат да остварат здраствено осигурување.

Меѓу нив најбројни се лица зависници од наркотици кои се лекуваат со метадонска терапија. Додека тие биле во затвор земале терапија, но кога додека се ослобопдени од натаммошното издфржување на казните, поради немање важечки лични документи не се во можност да си ги оствартуваат своите права на лекување со споменатата терапшија.

Од невладината организацијата  „Хопс“,  која работи со зависници на дрога и секлусални работиници, велат не го поседува вкупниот број на клиенти кои моментално немаат лични документи.

Само во 2017 година во социјалниот сервис на Хопс за подршка за обезбедување на лични документи како лична карта,извод или државјнаство, се обратиле 122 корисници на дроги и 101 сексуални работници. Под ова се подразбира  информирање, упатување, закажување на термини или придружба на клиентите до надлежните институции, а за социјално загрозените клиенти и покривање на трошоците за вадење на документите.

Директорот на невладината „Хопс“  Ивица Цековски за СКУП вели дека од 2012 година. до денес, во ХОПС се обратиле вкупно 53 луѓе кои употребуваат дроги, односно кои се лекуваат од зависност, кои се отпуштени од затвор без соодветна документација – лична карта и здравствено осигурување. Ова претставува особен проблем бидејќи ги оневозможува непречено да продолжат со лекувањето на зависноста од слобода и ги става во ризик од предозирање.

„Во име на клиенти имаме поднесено 9 индивидуални претставки, од кои 4 до Управата за извршување на санкции и 5 до Народниот правобранител. ХОПС во 2016 година до Народниот правобранител поднесе и општа претставка во која алармираше за проблемот со отпуштање на затвореници без соодветни документи, врз основа на која ни беше доставен одговор од Управата за извршување на санкции дека сите затворенци се отпуштаат со соодветни документи, во согласност со законските обврски. И покрај тоа, проблемот опстојува, а се засили оваа година со стапување на сила на Законот за амнестија, по што само во ХОПС за помош се обратија 9 корисици на дроги кои биле отпуштени без соодветни документи“, вели Цековски.

Во Министерстввото за внатрешни работи велат дека тие се секогаш подготвени за издавање на лични и други документи на граѓаните, на оние лица кои тоа ќе го побараат од нив. Постапката пак за продолжување на важноста на личните карти, пасошите, возачкиуте дозволи, велат оттаму, е уште поедноставна. Важно е навреме, пред истекот на истите граѓаните да се јават во одделението за издавање на вакви документи. Проблемот, посочуваат е кај самите граѓани кои навреме не си ја контролираат важноста на ниовните документи.

Сепак и ова министерство во делот на оперативноста на постапките и на поедноставување на процедурите за издавање на лични документи, како и Министерството за правда преку Управата за извршување на санкции односно Управите на затворите во делот на грижата за затворениците и особено Министерството за труд и социјална политика за најранливите социјални категории, се уште не ја манифестираат нужната агилност за решавање на проблемите на луѓето во земјава кои поради разни околности, поради немање лични документи,својот живот го минуваат надвор од редовните животни текови во државата.