
ИНБОКС7 – ЗАТОА ШТО ВИСТИНАТА Е ЕДНА
Пред Вас е онлајн магазинот ИНБОКС 7, ентузијастички замислен да прерасне во сериозен, етаблиран и кредибилен медиум на кој може да му верувате. ИНБОКС стартуваше како прв тројазичен онлајн магазин пред четири години, во време кога не се ни надевавме дека ќе успееме да го издигнеме да стане рамен и компетитивен со повеќето национални медиуми кои егзистираат на македонскиот пазар.
На овие страници ќе се потрудиме автентично, објективно, одмерено и професионално да ви ги пренесеме актуелните случувања, како и анализи, интервјуа со истакнати јавни личности кои оставиле белег на овие простори. Ќе имаме простор и за посериозни истражувања, каде преку претставување на темелни податоци и дата бази ќе загребеме под површината на секојдневните вести, а се со цел да го афирмираме истражувачкото новинарство како моќна алатка во борбата против корупцијата. Инбокс 7 секогаш ќе биде отворен за читателите, мислењата на граѓаните. Граѓанинот е во фокусот на Инбокс 7 и секогаш ќе бидеме отворени и посветени за да го слушнеме вашето мислење почитувани читатели. Секој ваш предлог, коментар, критика, оценка се не само добредојдени туку и драгоцени. Ние како медиум ќе се обидеме да бидеме коректор на власта, а бараме од Вас да бидете активни чинители во делот на коментарите и предлозите за теми, идеи, проблеми се со цел да направиме подобро општество во кое заедно живееме.
Се надеваме дека ќе успееме да го задржиме Вашето внимание. Се читаме, гледаме и слушаме!
- ИНБОКС7 – ЗАТОА ШТО ВИСТИНАТА Е ЕДНА - 27/10/2018
- Европскабајканаместомелемна раната - 27/10/2018
- СВЕТЛО НА КРАЈОТ НА „ТУНЕЛОТ“ - 27/10/2018