Денешна дата
18/02/2020

Апатија и неважечки гласачки ливчиња

Најмала излезност е забележана во шестата изборна единица, во која се концентрирани Албанците. Процентот од 49.69 проценти покажува дека гласале само половина од избирачите

Во последните парламентарни избори одзивот на гласачите достигна 62.96 проценти, што според познавачите на изборните процеси е бројка која го гарантира политичкиот легитимитет на изборниот процес. Во споредба со парламентарните избори од 2011 година, излезноста е малку помала бидејќи на предвремените избори пред 3 години гласале 63,48 проценти од гласачите, слично како и на локалните избори во 2013 година, во кои гласаа 64,81 проценти.

Државната Изборна Комисија (ДИК)оцени дека оваа бројка докажува дека изборите во недела беа легитимни, а исто така дека беа и демократски.

Ние како Државна Изборна Комисија ги направивме најдобрите напори да ги организираме двојните парламентарни и претседателски избори од административно-технички аспект и верувам дека сме успеале во тоа , рече Сухби Јакупи, потпредседател на ДИК.

 

Во шестата изборна единица гласаа само половината од избирачите!

 

Според изборните единици, најмала излезност е забележана во изборната единица број 6, каде се концентрирани мнозинството на гласачи со албанска етничка припадност. Во оваа изборна единица гласале 49.69 проценти, односно151. 300избирачи од бројот на избирачи во единствениот избирачки список.

Најголема излезност во избори е регистрирана во четвртата изборна единица каде гласале 72,14 проценти, односно205.398граѓани. Во првата изборна едниница гласале 214.162граѓаниили 71.94 проценти. И во втората изборна единица е забележан голем одзив за гласање.

Правото на глас го оствариле 184.098 избирачи или60.15 проценти.Слична излезност имало и во петтата изборна единица. Во оваа единица гласале175.393граѓани, што е61.23 процентиод вкупниот број на гласачи во оваа изборна единица. Вотретата изборна единицаодзивот на гласачите бил 70.78 проценти, а гласале 198.813избирачи.

За разлика од другите единици, шестата единица историски имала мала излезност на избирачите.Сличен одзив имало и на претходните парламентарни избори од 2011 година, на кои гласале 49,39 проценти. Овој одзив е забележан и во поголемите градови населени со Албанци, во шестата изборна единица: Гостивар (51 отсто ), Teтово (56,95 отсто), Дебар (51,24 отсто). Најголема излезност на избори е забележана само во Струга (63.13 отсто) и Kичево (73,34 отсто), што е последица на изборната битка’, иницирана од етнички мотиви, бидејќи на овие избори се натпреваруваа кандидати Албанци и Македонци, со подеднакви шанси за победа.

Потпредседателот на ДИКСухби Јакупи, изјави дека процентот од 49,69 проценти јасно покажува дека легитимитетот ‘de jure’ е во ред, кога се знае дека оваа изборна единица има голем број на избирачи кои привремено живеат и работат во диаспората.

Статистичките показатели покажуваат дека кај Албанците се забележува изборна апатија.

 

Јетон Шасивари: На овие избори имаше над 35.000неважечки гласачки ливчиња, кои беа придружени со пасивност на избирачите, и праќаат рационална политичка порака до клучните актери на државната политика

Јетон Шасивари: На овие избори имаше над 35.000неважечки гласачки ливчиња, кои беа придружени со пасивност на избирачите, и праќаат рационална политичка порака до клучните актери на државната политика

Експертот за изборни процеси, Јетон Шасивариза Inbox7изјавидека една од карактеристиките на овие избори беше апстинецијата или политичката апатија, заедно со зголемениот број на неважечки ливчиња на секој изборен циклус.

На овие избори имаше над 35.000неважечки гласачки ливчиња, кои беа придружени со пасивност на избирачите, и праќаат рационална политичка порака до клучните актери на државната политика во врска со квалитетот на политичкиот живот во земјава, политичката ситуација, реалноста на изборните понуди и животниот стандард ”вели Шасивари.

Нема сомнение дека големиот број на апстиненти на изборите го делегитимира изборниот победник, бидејќи никако не може да се занемари фактот дека власта на победникот на овие избори се поддржува од половината на половина од вкупното гласачко тело во државава”, појасниШасивари,професор по уставно право во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ).

Нелегални избори во шестата единица

Шасивариистакна дека 6-тата изборна единица во која доминираат Албанците претставува школски пример на гласачка нееднаквост, бидејќи тежината на нивните гласови е многу послаба во споредба со преостанатите изборни единици.

Го надминува максималниот законски дозволен праг од 5 отсто, бидејќи оваа единица брои 32.000 избирачи повеќе од другите изборни единици”,вели Шасивари.

Шасивари истакнадека што се однесува до легалност, односно, законското освојување на власта, парламентарните избори во 6-тата изборна единица не беа легални.

Според него изборите се одвиваа во спротивност со Изборниок Законик кој е во сила и како последица на ова, власта во оваа единица се освои во спротивност со принципот на легалитет.

Апсурдно е да се зборува за легитимитет без легалитет, бидејќи овие два принципи се надополнуваат еден со друг. Во една реална демократија, државната власт не може да биде легитимна, без притоа дфа биде и легална”, изјавиШасивари.

Токму легалноста на изборите, а не политичкиот легитимитет на изборниот процес е сферата околу која македонската опозиција испрати бројни критики на адреса на власта, посебно до ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски, притоа воопшто не признавајќи ги изборите од 27 Април.

 

Излезност по изборни единици

Изборна единица 1-65.22 отсто

Изборна единица 2-60.18 отсто

Изборна единица 3-70.80 отсто

Изборна единица 4-73.14 отсто

Изборна единица 5-61.54 отсто

Изборна единица 6-49.69 отсто

Уредник: Селим Ибраими

Преведе од албански: Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk