Денешна дата
15/11/2018

Поскапе заштита од грипот, но уште поскапо е лекувањето

Дел од вакцините за прв пат се бесплатни, а комерцијалните чинат 650 денари. За разлика од минатата година има поскапување од 250 денари. 

Просечно лекувањето на еден случај на грип не чини околу 3300 денари. 

Катерина Обочки, пулмоалерголог, вели дека хронични болни, особено со белодробни заболувања, треба да ја примат вакцината.

 

 

Пишува: Теодора Цветковска

 

 

Со повисока цена во споредба со лани, Министрерството за здравство деновиве обезбеди вакцини како првентива против вирусот на грип. Иако со значајно задоцнување од речиси цел месец, и годинава кај граѓаните има голем интерес за вакцинација. Причината е едноставна – вирусите од групата „грип“ се мошне непријатни за младите, а опасни по живот за повозрасните. Во зависност од типот на вирусот, грипот може да трае меѓу седум и десет дена е проследена со висока температура, треска, болки и знае да предизвика и други рецидивни последици по здравјето.

Во земјава нема некоја попрецизна статистика за индиректните последици од грипот, но Светската здравствена организација – СЗО бележи дека секоја година околу 500.000 луѓе во светот умираат поради компликации од грип. Околу 10% од овие смртни случаи се во Европа.

 

Поскапо од лани– во што е разликата? 

 

Минатата година вакцините Министерството за здравство информираше дека оваа вакцина е подготвена според препораките од Светската здравствена организација, и штити од два типа на вируси од групата А и еден вирус од групата Б. Производител на вакцините кои лани беа набавени  е компанијата Абот од Холандија. Истите чинеа 400 денари.

 

Оваа година вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.  Дел од нив за прв пат се бесплатни, а комерцијалните вакцина чинат 650 денари. Но, дел од јавноста реагираше на ова поскапување и ја отвори дилемата колку всушност тие вакцини се бесплатни.

 

Од Министерството за здравство велат дека поголемото ниво на заштита на вакцината е причина за новата цена.

 

Годинава, цената на вакцините е поскапа, оти станува збор за четиривалентна  вакцина, за разлика од лани кога беше тривалентна, но се води сметка и дополнителниот трошок за апликација да биде минимален“, стои во писмениот одговор за Инбокс7.

 

За оваа набавка, министерството испланирала 13 милиони денари или 216.000 евра, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 8,6 милиони денари или 140.000 евра.

 

Од Министерство за здравство добивме одговор дека со закажувањето преку

„Мој термин“,  хронично болните и пензионерите кои имаат пемзија помала од 14 илјади денари ќе можат да добиваат безплатни вакцини. Но, потенцираат дека претходно ќе мора бидат прегледани од матичен лекар, оти  лицата кои сакаат да се вакцинираат треба да се со добро здравје за да ја примат вакцината.

 

Д-р Александар Стојанов, епдиемиолог, изјави дека порастот на цената на вакцините се должи на фактот што оваа година тие се четиривалентни и штитат повеќе.

За надлежните специјалисти ограничувањата се заради финансиснки причини.

„Секоја држава располага со буџет кој не е неограничен, оваа година за промена Министерството за здравство успеа да обезбеди 28.000 бесплатни вакцини за цела Македонија. За Скопје одвоени се 5000 вакцини и 4000 комерцијални. Некаде мораше да постои селекција кој ќе ги прими. Сепак нема доволно средства да се набават, па затоа одлуката падна да тоа бидат пензионери над 65 години и луѓе со помала пензија од 14.000 денари. До сега вакцините секогаш се плаќаа, а годинава се направи напор да се добијат во толкава бројка па останува да се види дали луѓето ќе јават и дали ќе се потрошат сите, па да се планира нешто плус за догодина“ вели д-р Стојанов.

 

ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ 2 ИЛЈАДИ ЛИЦА

 

Според експертите, ваквите четиривалентните вакцини против грип обезбедуваат заштита од четири типа на грип, односно од два вируси од типот А и од два вируси од типот Б. Досега вакцините против грип беа тривалентни, но по препорака на Светската здравствена организација развиени се новите вакцини, бидејќи двата типа на вирусот Б со различен интензитет биле присутни во различни периоди од годината во различни земји. Од Центарот за Јавно Здравје во Скопје велат дека само за три дена вакцинирале 2.000 лица.

 

 

 

Поделени мислења и за ефектот на вакцините

 

Лекарите сметаат дека вакцините за грип се безбедни и дека треба да ги примат сите луѓе кои спаѓаат во ранливи категории. Во Македонија честопати постојат колебања дали да примат вакцина или не, сомневајќи се на квалитетот. Многу кампањи против вакцините често посочуваат дека тие не штитат 100 проценти од заболувањата, па затоа и не треба да се примаат.

„Експертите никогаш не тврделе дека вакцините штитат 100 проценти, како и сите преостанати лекови. Вакцините се многу ефикасни кога се даваат соодвет-но според утврден распоред и тоа од 80 до 100 проценти, во зависност од вакцината. Но иако не нудат 100-процентна заштита, дури и ако дојде до заболување, лицето кое е вакцинирано ќе има многу полесна клиничка слика од лицето кое не ја примило соодветната вакцина. “ вели др – Катерина Обочки, пулмоалерголог.

 

Таа нагласи хронични болни особено со белодробни заболувања треба да ја примат вакцината за подоцна трошоците околу лекувањето да не бидат повисоки од самата вакцина, иако оваа година е поскапа за 250 денари.

 

 

 

Колку чини лекувањето на грип?

 

Лекарите велат дека симптомите на вирусот на грип се појавуваат три дена по заразата.  На заразената личност и е студено, исцрпена е, има висока температура, главоболка, болки во мускулите и коските, надразливо чувство во грлото и сува кашлица. Сите наведени симптоми обично ги снемува за 2-7 дена, единствено кашлицата може да трае и по неколку недели.

 

Просечно лекувањето на еден случај на грип не чини околу 3300 денари, додека вакцината е 650 денари.

 

Граѓаните со кои поразговаравме на оваа тема се со поделени мислења. Поголемиот дел од анкетираните ни изјавија дека никогаш во својот живот немаат примено ваков тип на вакцина, ниту пак планираат тоа да го сторат ова есен. Оние кои одговорија позитивно  велат дека вакцинаци им е потребна на сите луѓе и дека нив досега ги заштитила.