Денешна дата
11/12/2018

Недостиг на „саморегулација„ на баналноста

ПишуваБардуљ Заими

 

Медиумскиот пејзаж во Македонија, особено на „информативните„ портали, останува мрачен. Невиден прилив на портали кои дистрибуираат исти новинарски содржини и крајно непрофесионални создаде вистински хаос на рецепција. Битките за “лајк” во меѓувреме поттикнаа неодговорно новинарство и во повеќето случаи неписмено. Таканаречените традиционални медиуми се чини дека ја губат битката спроти овој прилив на “случајни” медиуми, кои во повеќето случаи се од типот “One Man Show”. Токму некои истражувања за состојбата на онлајн медиумите во Македонија го даваат овој мрачен изглед.

Се чини дека ова е само една димензија на дегенерацијата на медиумите која во себе го апсорбира сиот политички, културен и социјален сензибилитет во фрагменти од бомбастични наслови. Другата димензија на деструкцијата е постојаната подготвеност да се биде инструмент на идеолошката пропаганда, како што сме навикнати да видиме во минатото. Сепак, пристрасното информирање се чини помалку проблематично спроти сеприсутната баналност која ризикува да го претвори целото тоа што претставува општество во една аморфна маса на привремен спектакл.

Секако во сиот овој мрачен пејзаж има и исклучоци. Постојат и портали, кои се обидуваат да го сочуваат професионализмот во оваа технолошка „џунгла„ дел од која е целиот спектар кој ги претставува новите медиуми, како што е случајот со социјалните медиуми. Без да навлегуваме во теоретските дефиниции, со онлајн медиуми, во овој случај ги подразбираме порталите како посебни медиумски субјекти а во меѓувреме онлајн прикажувањето на традиционалните медиуми останува ограничена во споредба со порталите кои постојано се во интеракција токму поради извонредното присуство на социјалните медиуми.

Ова присутност и ова „интеракција„ на порталите со социјалните мрежи како прикажување на новите медиуми се повеќе создава една надреалност што не ги познава етичките граници, што не ги познава ниту елементарните начела на професионалното новинарство.

Интернет медиумите, всушност, носат две парадоксални појави или феномени. Од една страна е тенденцијата за поголема демократизација а од другата страна имаме обилност на медиокритетска (просечна) мисла што ги препознава само „готовите идеи“. Францускиот романсиер, Густав Флобер за време на 1911-13 години го објави своето сатирично дело „Речник на готови идеи„ преку кое го критикуваше француското општество на времето за снобовскиот униформитет на знаењата кој сакаше да го прикаже.

Се чини дека Флобер беше во право. „Готовите идеи“ се насекаде. Општеството се шаблонизира, а медиумите „ја користат“ секоја фрагментарна и маргинална мисла што може да се користи како „извор“ или може да забавува. Информацијата веќе нема потреба за диверзификација, бидејќи „општеството на готови идеи“ нема потреба за вакво нешто. Има потреба за „вести“, кои што можат да се создадат на лице место, без проверени извори, доволен е само еден статус на Фејсбук и се е во ред да и се понуди на јавноста која секогаш е жедна за „информација“. Лажните информации се врвот на овој хаос кој што очекува „саморегулација“.

Во овој случај не се исклучуваат и медиумите кои веќе се дефинирани како традиционални. Истите медиуми, со тек на време поминале преку „пеколот“ на идеолошката пропаганда. Пропаганда поткрепена со голема сума на пари од претходната власт. Со мали исклучоци, овие медиуми поминуваат низ процес на идеолошка трансформација, засега сеуште незадоволителна трансформација за да биде во рамките на професионалното новинарство. Во последно време Здружението на Новинари на Македонија ја критикуваше власта дека доцни со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој се очекува дека ќе почнат вистинските реформи во медиумскиот простор. Власта во меѓувреме извести дека Законот ќе биде изгласан во Собрание до крајот на декември откако ќе добие „зелено светло„ од Европската Комисија.

Очигледно е дека се прават напори, додека за промоцијата и негувањето на крајното професионално новинарство потребно е повеќе време. Се чини дека ќе биде долг процес на трансформација што подразбира многу други политички, економски и општествени движења.

Според многу истражувања и во Македонија, употребата на новите медиуми останува енормна. Постои тенденција за порталите да се поистоветат со телевизиите кои сè уште се сметаат како посигурни извори на информации. Во Македонија долго време се зборува за процесот на саморегулација на онлајн медиумите, што подразбира нормално функционирање врз основа на етичка информираност. Но, се чини дека сеуште се далеку од тоа. Дотогаш, општеството ќе биде предмет на “брутален” хаос на порталите без импресум.

Сега веќе не се знае каде започнува и каде завршува реалноста. Се живее во виртуелност од непроверени и исти информации. Исто така се појавува и ризикот од „баналноста на злото“ како што ја определува филозофот Хана Арент додека го следеше судскиот процес на Адолф Ајхман, одговорен за истребување на илјадници Евреи. Секогаш постои ризик дека работите ќе станат ужасно нормални. Ова би било фатален пораз на мисијата на новинарството и триумф на баналниот тоталитаризам, исто како што го замислува Арент.

Неодамна, Советот за Етика на Медиумите во Македонија отпочна дебата за пошироко вклучување на граѓаните во процесот на саморегулација на онлајн медиумите. Неопходна е дебата и медиумска писменост што треба да се прошири и со други содржини. Признавањето на професионални медиуми, на фер и етичко информирање останува еден од главните столба на демократските вредности и на генерално политичката, културната и општествената дебата. Секоја власт има потреба од противтежа на професионалните медиуми.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.