Денешна дата
05/12/2020

Aмнестијата како „правдата„ во авлида

пишува: Бардул ЗАИМИ

 

Големите метафори на светската литература секогаш се враќаат. Тие доаѓаат за да станат дел од актуелноста, да го интерпретираат тоа во својата комплексност и во својота парадоксалност. Едно од ремек делата на трагедијата во универзалната литература останува “Ифигенија во Авлида” на Еврипид. Неверојатна парабола на жртвување за да ја стави во движење целата драма што ќе резултира со трагична грандиозност.

Бродовите не се движат и мисијата за освојување на Троја се чини невозможна. Агамемнон е застанат помеѓу амбицијата за слава и најавите на претходникот Калкант, кој јасно кажува дека на алтарот за пожртвување мора да ја однесе својата ќерка, Ифигенија. Нмаше да имаме ваква значајна трагедија ако “лудостите” на овој свет нема да бидат оправдани со нежна сензибилност што доаѓа од пожртвуваноста на она што е длабоко чисто, длабоко божествено. И сето тоа преку искушението, интрига, која потоа ќе произведува други раскази, други драми со трагични размери во грчката античка литература.

И 27 април на насилството во Парламентот беше драматична ситуација со речиси трагичен размер. Беше денот кога реално се судрија идеологијата за насилство и идејата Македонија да излезе од провалијата каде што беше донесена. Со тек на време, беа идентификувани извршителите, а делото на лицата вклучени во ова насилство беше квалификувано како “терористичко загрозување на уставниот поредок”. Сета јавност, освен што беше вознемирена од извршувањето на ова насилство во исто време, побара сторителите да бидат казнети за нивните престапи.

Како и да е, настаните понекогаш се одвиваат поинаку од логичкиот проток и одат против принципите промовирани за правдата, односно владеењето на правото на неселективен начин. Неуспехот на референдумот веќе создаде друга ситуација, поради што беше оневозможно да се создаде поширока основа, односно повеќето пратеници да гласаат за Преспанскиот договор. Многу аналитичари навремено предупредија дека недоволното гласање “за” референдумот на некој начин би ги охрабрил пратениците од опозицијата да се спротивстават на овој договор, секогаш потпирајќи се на резултатите што ги толкуваа како неуспех.

Овој контекст и овој графикон на развојот на настаните кои подразбираат политички “игри” на некој начин ја наметна и го направија одлучувачки гласот на некои пратеници од опозицијата кои учествуваа на насилните настани во Парламентот на 27 април. Амнестијата за нив се чинеше неизбежна, во моментот кога беа потребни гласови за да се ревидира Уставот за промените што се бараа со Преспанскиот договор.

Законот за амнестија веќе е изгласан во парламентот. Законот беше поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ, иако нивниот амандман за општа амнестија не беше прифатен. Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, усвојувањето на законот го смета како второ убиство, додека оние што го поддржаа ги нарече злосторници. Села беше најмногу оштетен од насилството на 27 април во Парламентот. Тој беше претепан до смрт

Во меѓувреме, пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, нагласи дека законот нема да ги опфати насилниците и организаторите на насилство на 27 април во Собранието. Таа нагласи дека законот не се стреми кон преквалификација на делото и дали амнестијата ќе биде прифатена за секој за тоа ќе одлучи судот.

Кој и како ќе се амнестира, се чини дека останува прашање на процедури и формулации. Една работа останува сигурна дека амнестијата ќе има и за сторителите од кои сега се чини дека зависи судбината на еден многу турбулентен политички процес. Многу личности од јавниот живот избегнувањето на правдата за овие насилни лица ја виделе во склоп на фатална потреба или како неопходно зло, особено по неуспехот на референдумот кој останува посебна приказна.

Изгледа како “трауматична” перцепција прифаќањето на амнестијата во времето кога оваа влада дојде со големо ветување за правда. Но понекогаш се чини дека политичките процеси проектирани во поширок контекст знаат како да ги израмнат работите. Во “алтарот на пожртвувањето” правдата се чини дека ги поставила деликатните “нозе” и покрај фактот што во една неодамнешна анкета мнозинството граѓани беа против амнестијата за насилството од 27 април. Сличностите со жртвувањето во Авлида може да бидат случајни и неусогласени. Сепак, нешто чисто се жртвува. Други приказни ќе чуеме во меѓувреме!

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.

Администратор

Latest posts by Администратор (see all)