Денешна дата
19/06/2019

УБАВ И УМОРЕН СВЕТ

пишува: Бардул ЗАИМИ

 

За време на празници не се зборува за политика. Тоа е исто како да свириш труба во времето кога луѓето медитираат. Празниците во суштина ја одразуваат радоста на животот. Реалноста, пак, ја остава земјата на фантазијата и сонот. Луѓето имаат соништа, и со својата страст им даваат смисла на животот. Барем за неколку моменти, тие сакаат да заборават на сè, сета мрачна реалност типична за земјите во транзиција кои не успеваат да влезат во политичка и економска нормалност.

Нашето секојдневие е цинично и ова се диригира од политичкиот цинизам кој го опфаќа животот на сите. Политичкиот цинизам се храни од елитите, кои одамна беа исклучени од реалната состојба на граѓаните. Елитите кои од престолот на нивната акомодација светот го гледаат со оптимизам. Пораките на политичарите на крајот на годината беа исполнети со оптимизам. Тие ги броеја нивните успеси и “ги рецитираа” уште еднаш нивните ветувања, обврските кои планираат да ги имаат на агендата за оваа година.

Како одѕив од минатата година оваа година доаѓаат политичките изјави кои изгледаат дека ги пренесуваат добро познатите идеолошки и социјални динамики и антагонизми. Уште некое време ќе имаме политички судири за Преспанскиот договор, кој за владејачките партии останува историски, додека за опозицијата договорот е неприфатлив договор. Неизбежно оваа година е “одзивот” на претседателот на државата, кој останува цврсто против договорот. Во албанскиот политички блок, опозициските партии ги поднесоа условите поврзани со статусот на Албанците во уставот. Движењето Беса му даде сигнал на премиерот Заев дека доколку не ги добијат нивните амандмани, ќе мора да најде други гласови за Преспанскиот договор. И Алијансата за Албанците изјави дека има многу дилеми за гласање на договорот. Во меѓувреме, албанските опозициски партии сметаат дека Преспанскиот договор е историски чекор што го отвора патот за европските интеграции. Пораките на крајот на годината на ДУИ, ДПА и движењето Беса на Африм Гаши ја потврдија својата поддршка за договорот како можност за отворање на евро-атлантската перспектива.

Некои судири и драматични ситуации во форма на предупредувања исто така се менуваат оваа година. Премиерот Заев посочи овие денови дека само 76 гласови се сигурни. Некаде во позадина на оваа изјава се чини дека е законот за амнестија, што се гледа во јавноста како потег што е во спротивност со сите ангажмани за казнување на насилството од  27 април во собранието.

Во позадина на ова изјава е уште една одлука, што се смета како неочекувана, ослободувањето од страна на СЈО во куќен притвор на некои од најпознатите лица од минатата власт кои се обвинети за криминални афери, по конкретно во случајот “Империја”. Во меѓувреме, неколку невладини здруженија веќе го кренаа својот глас против измените на Кривичниот законик, со кои измени според нив се избегнува казнувањето на криминалот и корупцијата.

Ова се некои од одзивите кои изминатата година ги пушти на крајот од своето патување. Се чини дека оваа политичка година ќе започне со прифаќање на овие политички одзиви. Ова се сигналите што доаѓаат од сферата на власта и политиката воопшто.

Покрај тоа, премиерот Заев најави година во која ќе има економски просперитет. Економската сфера изминатата година се проценува како мрачна. Ова е забележано и за празниците. Малку купувања и ограничени прослави од граѓаните. Но, се гледа волја да се чекори напред. Уморен оптимизам кој инсистира на фаќање на други хоризонти. Останува на политиката да ја транскрибира ова двојна состојба создавајќи нова рамка на политички, економски и културни ангажмани.

Празниците им овозможуваат на луѓето, без оглед на сè, да ја допрат убавината на животот. Сепак, голем напор карши уморниот свет “перформиран” од политиката.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.