Денешна дата
23/01/2019

ДОГОВОР НА НАДЕЖТА И ЗАГРИЖЕНОСТА ПОВРЗАНА СО ИДЕНТИТЕТОТ

 

Пишува: Бардул Заими

Дебатата околу Преспанскиот договор цело време беше проследен со партиски судири, што во суштина влијаеле на сферата на идентитетот. Пристапот за уставните измени според овој договор е гласан од сите партии, со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ, која го отфрли договорот, сметајќи го како штетен за македонскиот идентитет.

Во овој период и опозициските политички партии од албанскиот блок, поднесоа амандмани за некои промени во преамбулата преку кои, според нив, се зајакнува позицијата на Албанците во Уставот. Премиерот Заев веќе ги прифати некои од барањата на Алијансата за Албанците за некои дефиниции во преамбулата што од партијата на Села се видени како проблематични за концептот на еднаквост за сите граѓани.

Лидерот на AA веднаш по средбата со премиерот Заев изјави дека “од денес нема да имаме две категории граѓани, граѓани и други граѓани, туку ќе биде македонскиот народ, албанскиот, турскиот народ итн.”. Премиерот Заев, исто така, изрази задоволство од постигнувањето договор со АА. “Некои зборови ќе бидат избришани од преамбулата, за да се нема чуство дека некој тука е привремен”, рече тој по состанокот.

Во овој период, ито така беше објавено дека премиерот Заев, го најавил и прифаќањето на предлогот на ДвижењетоБеса на Билал Касами за да се избрише зборот “македонско” за албанските државјани во личните документи. Не е познато дали ќе биде прифатено прашањето за 20 отсто, што исто така, беше едно од барањата на опозициските партии од албанскиот политички блок. Лидерот на АА, Зијадин Села, истакна дека и за ова прашање ќе продолжат да инсистираат во иднина.

Се чини дека со договорите со опозициските партии од албанскиот политички блок, премиерот Заев веќе го обезбеди неопходното мнозинство за да се одобри Преспанскиот договор во Собрание, кој се смета за историски и неспорен услов за процесот на членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во едно неодамнешно интервју истотака договорот го нарече историски. Сите меѓународни претставници го одобрија овој договор, кој се проценува дека ќе им стави крај на дилемите за стратешката ориентација на Македонија, отворајќи европска перспектива.
Од мнозинството граѓани договорот се смета како надеж за излез од долгиот транзициски амбис и да се влезе во други координати на афирмација и економски развој во времето кога многу млади луѓе ја напуштаат земјата.

Несомнено од еден друг дел е виден со скептицизам и со загриженост за идентитетот, кој политички се прикажува од опозициските политичка партии во македонскиот и албанскиот политички блок. Дискурсите против договорот и резервните дискурси беа присутни во јавноста . Овие дискурси постојано се поврзуваат со идентитетските прашања, кои изгледаат дека во последните часа пред усвојувањето на договорот се со смален интензитет. Веројатно овие дискурси ќе бидат пренесени и во наредниот период во форма на изборни политички битки. Една од тие битки брзо ќе биде во праг на претседателските избори.

Секако, идентитетските прашања остануваат динамична категорија во јавниот простор во димензиите на политичките и културните перформанси. Дискурсите за идентитетските прашања во политичката и културната сфера остануваат недовршени и сето тоа подразбира модерна парадигма во која се надеваме дека ќе ја воведеме Македонија.

Демократијата останува трајна дебата, додека политиката останува дејност која во епицентарот го има човекот. Во европската визија, идентитеските прашања се предмет на непрекината дебата, меѓутоа секогаш над аргументирани премиси и врз перформанса и друг концепт кој е во корелација со европските вредности.
На тешкиот, но неповратен пат кон овие вредности, ништо не завршува еднаш и за секогаш. Тоа е длабок и мултидимензионален процес кој бара посветеност, толеранција и пред се постојана заложба за да се држи отворен политичкиот и општествениот хоризонт спрема европските политички и културни премиси кои веќе ги димензионирале на други нивоа и идентитетските прашања.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.