Денешна дата
04/04/2020

ХРОНИКА НА ЕДЕН НАЈАВЕН ИЗБОРЕН „МЕГДАН“

Пишува: Бардул ЗАИМИ

 

Во Македонија секогаш е време за предвремени избори. Заокружувањето на Преспанскиот Договор не помина без „повикот„ за соочување во изборниот „мегдан„. Веднаш по усвојувањето на договорот со Грција најголемата опозициска партија од македонскиот политички блок, ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Зоран Заев да ги мерат силите. Предвремени избори побара и Алијансата на Албанците на Зијадин Села. Се чини дека опозициските партии, во македонскиот и албанскиот политички блок, ќе настојуваат заедно со претседателските избори да се одржат предвремени парламентарни избори.

Партиите од владината коалиција, СДСМ и ДУИ, беа резервирани во врска со идејата за предвремени избори. Нагласија дека сега не е време, а во меѓувреме исто така нагласија дека реформите остануваат приоритет на владата. Според СДСМ изборите во овој момент ги попречуваат економските случувања. Како и да е, премиерот Заев најави дека како партија ќе ја разгледуваа оваа можност. Заев истотака ја иронизираше поканата за изборен „дуел„ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека „Мицковски бара избори, но гомоли Бога да нема„. Во меѓувреме Мицкоски, нагласи дека на предвремените парламентарни избори СДСМ ќе преживее голем пораз. Сите негови “победнички” изјави остануваат поврзани со позицијата на партијата што тој ја претставува во однос на Преспанскиот договор, за чие усвојување смета дека е незаконско поради “неуспехот на референдумот”.

Токму на оваа премиса за “нелегитимно” усвојување на Преспанскиот договор, се чини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги запали “моторите” за предвремени избори заедно со претседателските избори. Во последните изјави на оваа партија, се повеќе се забележува поголема упорност за предвремени избори. Оваа партија, исто така, најави бојкот на претседателските избори ако нема предвремени парламентарни избори.

Реториката за предвремени избори беше продолжена и во албанскиот политички блок, меѓу ДУИ и АА. ДУИ се изјасни против изборите, но во исто време истакна дека ако тие треба да се одржат, ДУИ ќе ги удвои гласовите за Албанците. Во меѓувреме, претставниците на АА тврдеа дека ДУИ за првпат се спротивставува на предвремените избори, што укажува дека се плашат од избори.

И покрај сите изјаснувања, предвремените избори изгледаат како добро “искушение” за опозициските партии, кои веруваат дека можат да победат, додека “искушението” се однесува и за партиите во власт кои веруваат дека со изборите може да го запечатат нивното владење за следните четири години.

Во јавноста веќе се споменуваат политичките “мотиви” на секоја партија за предвремени парламентарни избори. Веројатно, во овој момент, оценета како погодна за добивање повеќе мандати, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, гледа уште една можност да ја “исчисти” партијата од експонатите и структурите на претходното раководство. Во една поинаква перспектива, “победата” или загубата на овие избори ќе резултираат со иста корист за него, а тоа е поврзано со зајакнување на неговата позиција како лидер на најголемата опозициска македонска партија

Во поширок контекст, во време на голема меѓународна поддршка по усвојувањето на Преспанскиот договор, се чини дека дури и за премиерот Заев, предвремените избори може да бидат посакувана опција. Оваа влада го “поделила” владеењето во повеќе политички субјекти и ова може да биде добар „мотив„ за кристализација на друга изборна волја која ќе им даде поголема моќ за владеење на партијата на премиерот Заев.

Дури и во албанскиот политички блок се чини дека се прават истите математики. Сепак, пресметките на АА, но и на Движењето Беса на Касами, се однесуваат на друг рејтинг што може да го имаат врз албанскиот електорат, особено по “битките” за “албанското прашање”, како ја нарекоа својата заложба за уставни промени за време на усвојувањето на Преспанскиот договор. Веднаш следеше и реакцијата на ДУИ во однос на ова прашање. Претседателот на парламентот, кој доаѓа од оваа партија, веќе го потпиша Законот за употреба на јазиците, што значи унапредување на службената употреба на албанскиот јазик, тврдејќи дека ова прашање е заокружена од оваа партија, и покрај тоа што АА на Зијадин Села се спротивстави на овој став и која тврди дека овој закон доаѓа по заложбите на нивниот лидер.

Се чини дека “големите прашања” на политичките партии се подготвени за предвремени избори, додека реториката на неспорни “победи” веќе се појавува во јавноста. Предизборен притисок се чувствува во “воздухот”, но “виси” од агендата за евроатланска интеграција, која е обилна и под притисок на роковите. Еврокомесарот Јоханес Хан нагласи дека време е за реформи, а не за предвремени избори.

Меѓутоа, политичкиот живот во Македонија се наоѓа помеѓу две итни ситуации. Едната е определена од “нетрпеливоста” на партиите да ги мерат силите на изборниот мегдан, додека другата од процесот на реформи диктирани од страна на меѓународната заедница. Во меѓувреме, беше објавено дека премиерот Заев е на зимски одмор. Веројатно ќе се чека да се врати за да пресече за ова предизборна политичка “тензија” која ги исполнува сите услови за одржување и на парламентарните заедно со претседателските избори!

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.