Денешна дата
16/07/2019

ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО, ПОЛИТИКИТЕ И ТИВКОТО УБИСТВО НА ГРАЃАНИТЕ

Пишува: Трифун Костовски

 

Се чини дека, откако се гледа исходот во решевањето на едно од најгорливите прашања за оваа Влада, а тоа е прашањето за името, конечно алармантна е ургентност за темелното свртување кон ватрешните политики. На сите ни е повеќе од јасно дека Република Македонија е во сериозна институционална, економска, здравствена, образовна, јуридикциска блокираност и назадност.

Како „круна“ на ваквата распадлива општествена слика е еколошката катастрофа која нѐ става на срамните листи за најзагаден град/држава во светот.

Повеќе од јасно е дека еколошката загаденост на воздухот е резултат на „загадените“ и неодговорни политики кои се водат. Секој предизборен говор кој ги става во прав план граѓаните и нивата важност, може да се фрли на буниште, кога ќе се соочиме со фактот дека граѓаните се тивко убивани преку загадениот воздух, преку ПМ 10 честичките, кои создаваат наслаги во крвните садови и во дишните патишта, а кои често пати, во месечни континуитети, се и по 10 – 15 пати повисоки од дозволените мерни единици.

Ваквата срамна и сурова сотојба во државата, несомнено е разултат на повеќедецениските погрешно водени, па дури би рекол урбано-мафијашки политики во градежништвото, во индустриското кактастрофално планирање, кое уште од времето на СФРЈ ги лоцира фабриките во самите градови, а при тоа, сѐ уште не користи никакви заштитни механизми за ширењето на отровните материи во воздухот.

Географската положба на Скопје отсекогаш била неблагородна кога се работи за квалитетот на воздухот. Планините со кој е опкружен овој град не дозволуваат цирулација на воздушните струи. Но, и за тоа имаше решение, а тоа решение лежеше во една веќе одамна пропуштена шанса – паметното и хумано урбано и архитектонско планирање, кое особено падна во вода во транзицискиот период кога урбаната мафија се стави во прв план во однос на потребите на граѓаните.

Она што Владата треба да го преземе е структурно решавање на овој проблем. Мора да се има рационален долгоречен политички пристап и несмее да се западне во замката на хистерични еднократни акции, кои не го решаваат проблемот. Токму затоа, доколку сакаме да ги решаваме идните политики кои на граѓаните на Скопје, но и на Република Македонија, ќе им обезбедта хумана животна средина мораме да се освренем на сите можни причинители, кои доведоа до оваа трагедија. А, потоа, би можеле да ги продлабочиме структурните промени.

Стратегијата за решавањето на овој проблем, мора да се заснова на темелна анализа и ефикасни предлог мерки од страна на надлежните во земјава, за деконтаминација. Можеби најважно е надлежниот правен субјект, кој би ги извршувал и имплементирал ваквите стратегии за борба против загадувањето да има висока експертиза во областа. Накратко, нам ни требаат анализи, кои ќе го дијагностицираат загадувањето, не само на воздухот, туку исто така на почвата и на водата.

За овој проблем, не треба да се штедат пари, бидејќи со ниту една цена не можете да го купите здравјето на човекот.

Сметам дека како најголем приоритет на владата на Република Македонија треба да биде ангажирањето на високо експертски тимови од земјата но и од странство, кои интензивно, најмногу во едно тромесечие, ќе изготват стратегија за итни мерки за решавање на ово убиствен проблем. Ништо не треба да биде толку важно во мигов како што е дијагностицирањето, а потоа решавањето во брзи чекори на проблемот кој е смртоносен по животот за граѓаните на Република Македонија.

Би сакал повторно да наведам наведам некои од дамнешните фактори кои придонесуваат за ваквата катастрофа денес.

Во бившата СФРЈ или уште подалеку ФНРЈ, во раните 50 години започна индустијализацијата во Република Македонија, во рамки на која четири града беа особено погодени, а тоа се Скопје, Битола, Тетово и Велес. Овие градови и во моментов важат за најзагадени во светот.

Во Скопје беше инсталирана црната металургија, преку Рудници и железарници Скопје, која се занимаваше со највалканата прерабока на рудата во полуфабрикати и фабрикати, во склоп на самата скопска железара. Испуштените гасови и отровни материи, од тогашните топилници, денес тешко дека ќе можеме да ги пресметаме.

Потоа во Скопје беше сместена и обоената металургија, преку Алумина и Купром, како и силната хемиска индустрија преку Охис, а многу одамна и Цветан Димов, како и кожарската, цементната, стакларската индустрија, итн.

Скопје е единствениот главен град од сите главни градови од бившите Југословенски републики, каде што беше сместена највалканата и најзагадувачка индустрија во светот. Тетово сеуште ја плаќа цената на бившиот Југохром, како што впрочем и Битола ја плаќа цената на РЕК Битола, која и ден денес работи со технологија, којашто светот одамна ја има елиминирано.

Во современиот свет постои разработен систем на прочистување во сите три сегменти – воздухот, водата и земјата. Претпоставувам се прашувате зошто денес Лондон не е магловит град, туку напротив. Кај многумина од нас, кои подолго паметиме, Лоднон се идентификуваше како град кајшто маглата беше составен дел од секојдневието. Ова е само еден пример како светот се справува со грешките во инустријализацијата, посебно во примарната индустрија.

За жал во Македонија нема никаква стратегија за решавањето на проблемот со тешкиот отпад. За тоа, секако, одговорноста треба да ја понесе Владата.

Прашувам најодговорно, до кога ќе се однесуваме вака неодговорно, со проблемите кои го загрозуваат нашето здравје? Република Македонија под итно треба да изгради депонии, особено за тежок отпад, кој ќе биде третиран на начин и со постапки, кои нема да го доведат во прашање здравјето на човекот. Несаканиот отпад, кој го труе нашето живеење е насекаде околу нас. Ја споменав индустријата којашто загадува, но сакам да потенцирам дека таа не е единствениот загадувач. Во голема мера загадувачи сме ние самите граѓани, кои сме неодговорни кон нашето животно опкружување.

Проблемот со сообраќајот, кој оди рака под рака со пренаселеноста на градот и со отсуството на соодветен јавен транспорт, е, исто така еден од клучните причинители на за еколошката катастрофа. Не станува збр само за отсуство на свест кај граѓаните, кои нерационално користат автомобили, туку станува збор за немањето услови за алтернативен транспорт. Скопје е идеален град да се обебеди безбеден и брз велосипедски транспорт, кој ќе ги третира велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот. Нужно мора да се обезбедат велосипедски патеки, кои нема да бидат по тротоарите, туку ќе се трасираат во рамнина со коловозите, и да се обезбеди безбедна сигнализација. Уверен сум дека многумина граѓани ќе го користат велосипедот како најбрзо и најеколошко превозно средство. Тоа во мигов е невозможно и крајно ризично. Но разработката и реорганизирањето на сообраќајот во оваа насока, ќе влијае во менувањето на целокупната сообраѓајна култура, а тоа пак ќе влијае врз намалувањето на загаденоста. Берлин е најсовршениот пример – станува збор за 5 милионски град кој во изминативе 15 години е еколошки најчистиот град токму заради решавањето на велосипедскиот сообраќај.

Во однос на јавниот трнаспорт – несомнено е дека е најургентно воведувањето на транвајска линија на потегот од Ѓорче Петров до Аеродром/Ново Лисиче. Актуелниот градоначалник најави започнување на доработката на планот за оваа сообраќајна мерка кој беше донесен врз основа на експертски тим уште за време на мојот градоначалнички мандат. Оваа мерка, која уште во мое време како градоначалник беше ставена како приоритетна, мора да се реализира во најкраток можен рок. Нема никакво алиби за нејзино одолговлекување.

Драги мои сограѓани, време е да се застапиме за нашите животи и за нашето здравје. А за тоа треба да преземе и да понесе одговорност Владата на Република Македонија. За ништо не е побитно да се одвојат финансиски ресурси како што е битно за решавањето на оваа еколошка и здравствена катастрофа.

И тоа по следниот редослед: прецизна анмнеза, дијагноза и терапија. Бидејќи без дијагноза нема да може да се најде и лекот и точната терапија. А тоа го загрозува животот на пацинетите… Во оваа земја, сите сме доведени заради десениските неодговорни владини политики да бидеме пациенти, кои се тивко убивани.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.