Денешна дата
23/10/2019

ДВОЈНИТЕ ИЗБОРИ ОДАТ ВО ПРИЛОГ НА ПАРТИСКИТЕ, А НЕ НА ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ

  • Во јавноста и Зоран Заев и Христијан Мицкоски велат дека посакуваат избори. Но што стои зад овие нивните изјави, искреност или политички тактики?
  • Политичкиот аналитичар Насер Зибери оценува дека ДУИ е партијата која најмногу посакува избори иако тврдат дека се против.
  • За дилемата дали се потребни нови предвремени парламентарни избори или продолжување со реформи, Петар Арсовски и Владимир Божиновски со спротивни ставови.

 

Пишува: Светлана Унковска

 

Двојните избори може да донесат зацврстување на позициите на власта, но и губење на половина година од реформските процеси. На кантарот за „за“ и „против“ владејачката СДСМ треба да измерат каква одлука е поголем приоритет.

Во јавноста и Зоран Заев и Христијан Мицкоски велат дека посакуваат избори. Но што стои зад овие нивните изјави, искреност или политички тактики? Експертите со поделени мислења. Ако за инсистирањата на ВМРО-ДПМНЕ за нови избори се вели дека бара да не ги добие, за ДУИ велат – тактиката е бараат да нема за да се оди на избори.

Во јавноста и Зоран Заев и Христијан Мицкоски велат дека посакуваат избори. Но што стои зад овие нивните изјави, искреност или политички тактики? Експертите со поделени мислења. Ако за инсистирањата на ВМРО-ДПМНЕ за нови избори се вели дека бара да не ги добие, за ДУИ велат – тактиката е бараат да нема за да се оди на избори.

Што ќе одлучи владејачката СДСМ – дали ќе оди и на предвремени парламентарни или пак ќе излезе само на претседателските? Ова најверојатно ќе биде познато по одржувањето на Централниот одбор на партијата. Ова го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во вторникот кога рече дека одлуката ќе биде донесена на највисокиот партиски орган. И министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во неговото последно интервју истакна дека нема да брзаат околу донесувањето одлука за двојни избори.

Цело време јавно зборувавме дека сакаме да истераме еден чист мандат без предвремени избори. Но за да не бидеме како претходната власт, којашто не ги слушаше барањата и аргументите на опозицијата, особено во вакви моменти кога се случија уставните измени и кога сме на прагот на влез во НАТО и ЕУ, вреди да се анализираат сите аспекти зошто е можеби подобро да бидат заедно со претседателските, секако веќе ќе имаме избори“, вели Манчевски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, повторно деновиве ја повика партијата на власт да се одлучи за избори и во најскоро време да го распушти парламентот. Едно време во опција беше и дека доколку СДСМ не прифати предвремени избори ќе ги бојкотираат претседателските. Со тоа ќе биде доведен во прашање цензусот од 40 проценти за избор на претседател на државата.

 

МОТИВИТЕ И КОРИСТА ОД ДВОЈНИ ИЗБОРИ

 

Мислам дека Мицкоски не сака да си дозволи чисти претседателските избори на кои знае дека ќе изгуби наспроти консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ. Тој тоа сака да го избегне и цело време „турира“ и ја држи партијата во висока тензија и тоа е водено од неговата потреба да се одржува како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.-Петар Арсовски

Кои се мотивите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што инсистира на предвремени избори и покрај тоа што анализите не му одат во прилог за добри резултати? Дали е тоа обид за нивно позиционирање во парламентот со што ќе ги смени актуелните пратеници и ќе се претстави како единствена опозицијата или  маневар да одбегне оставка од партијата поради евентуален пораз?

Политичките аналитичари со различни мислења. Петар Арсовски вели дека состојбата во ВМРО-ДПМНЕ се уште не е стабилизирана, а Мицковски само се обидува да ја држи во тензија.

Мислам дека Мицкоски не сака да си дозволи чисти претседателските избори на кои знае дека ќе изгуби наспроти консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ. Тој тоа сака да го избегне и цело време „турира“ и ја држи партијата во висока тензија и тоа е водено од неговата потреба да се одржува како лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Арсовски.

Наспроти ова Владимир Божиновски пак вели дека е нормален потег на опозициска партија да бара предвремени избори.

Нема дилема зошто ВМРО-ДПМНЕ би сакала предвремени избори, бидејќи нормално за секоја опозиција е да бара тие да се одржат особено сега по промената на името па и некои други одлуки што ги донесе. Доколку СДСМ е сигурна дека ќе победат, досега требаше да ги распише“, смета Божиновски.

За дилемата дали се потребни нови предвремени парламентарни избори или продолжување со реформи, Арсовски и Божиновски со спротивни ставови.

Предвремените избори би дошле во лошо време зашто токму во овој период тие избори би ја закочиле државата 4 месеци. Сега треба да се потпишат протоколи, следува членство во НАТО, да се завршат неопходните реформи дадени од Европската комисија за да добиеме датум за преговори за оваа година. Ако одиме на избори ќе треба да ги заборавиме овие работи“, вели Арсовски. Тој го отфрла мислењето дека секако има претседателски па заедно да се одржат и предвремени парламентарни избори. Не е исто, вели тој, со претседателските избори владата нормално работи, додека со предвремените потребно е да се спроведат Пржинските механизми со техничка влада, оставка на премиерот и 4 месеци Владата не ќе може да прави ништо.

Божиновски со спротивен став:„Нам може да ни претстојат реформи 30 години. Со реформите можеше да се почне и пред тоа со другите процеси заедно,, зошто не почнаа досега да ги спроведуваат. Околу преговорите со Европската унија што се тврди дека ќе се реши нешто, не знам кој ни гарантира. Дека ќе добиеме нешто во јуни е само некоја претпоставка“.

 

Најпрво тие се коалиционен партнер на СДСМ и во мнногу реони би се поддржале на изборите. ДУИ е во поволна ситуација и поради членството во НАТО иако формално се уште не е заокружено, потоа законот за јазиците е исто така голем адут со кои ќе настапат на изборите, а кои не би можеле да им ги оспорат нивните опоненти. Јас мислам дека ова инсистирање нивно да нема избори е тактика за да ги поттикнат другите да се оди на избори. Тие секогаш обратно бараат. – Насер Зибери

НАСЕР ЗИБЕРИ: ДУИ ТВРДИ ДЕКА НЕ САКА ИЗБОРИ, НО ТИЕ СЕКОГАШ ОБРАТНО ЗБОРУВААТ

 

И додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тактизираат околу тоа дали ќе има предвремени избори или не, ДУИ останува на ставот дека сега не е време за избори.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери оценува дека ДУИ е партијата која најмногу посакува избори иако тврдат дека се против.

Најпрво тие се коалиционен партнер на СДСМ и во мнногу реони би се поддржале на изборите. ДУИ е во поволна ситуација и поради членството во НАТО иако формално се уште не е заокружено, потоа законот за јазиците е исто така голем адут со кои ќе настапат на изборите, а кои не би можеле да им ги оспорат нивните опоненти. Јас мислам дека ова инсистирање нивно да нема избори е тактика за да ги поттикнат другите да се оди на избори. Тие секогаш обратно бараат“, вели Зибери.

Според него изборите не би смениле нешто многу. СДСМ е можно да добие некој мандат повеќе, но тоа не гарантира некоја солидна поддршка и стабилизација на власта во однос на двотретинското мнозинство.

Од друга страна, посочува Зибери, ќе има многу негативни последици, со прекинување на многу процеси и потоа опозиција може пак ќе бара предвремени . „Мислам дека премиерот Заев треба да опстои на она што го изјавува дека на државата и треба Влада со целосно потрошен мандат“.