Денешна дата
19/04/2019

ЖЕЛЕЗНИТЕ ОПИНЦИ И КРАДЦИТЕ НА ИДНИНАТА

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Зошто да ги направиме поедноставни работите кога можеме да ги комплицираме? Зошто да се справиме со објективната реалност кога можеме да создадеме надреални ситуации? Често политиката создала оптимистички “метафори” за да го пренасочи вниманието на луѓето од мрачната реалност до идеолошките проекции кои се совпаѓаат со јазикот на приказните за добра ноќ или секвенци од филмовите од научна фантастика. Покрај тоа, понекогаш политиката може да биде уметност која ги избегнува проблемите, создавајќи поспани реченици и наративи.

Понекогаш надреалноста може да ја надмине и литературата, како што се случува, да речеме, во романот на Михаил Булгаков “Мајсторот и Маргарита”, каде што мачките зборуваат и се појавуваат како човечки суштества. Фантазијата за литература е неогранична, бидејќи литературата не го препознава реалниот факт, туку литературниот факт, кој се обработува во креативната лабораторија и потоа се носи со еден вид свечен и магичен сјај, исто како што го опишува овој процес перуанскиот писател Марио Варгас Љоса во неговата книга “Писмото на еден нов писател”.

Таквите наративи во светот на литературата припаѓаат на креативноста, а кога политиката гради такви наративи, секогаш сме во маглината на ветувањата што се однесуваат на животот и очекувањата на граѓаните. Премиерот Заев неодамна го повтори ветувањето дека во Македонија просечната плата ќе биде 500 евра. Но, овој пат, тој “го засили” ова ветување со чудна и речиси “недешифрирана” метафора. Тој се заложи дека “ќе носи железни опинци” за да го исполни ова ветување што тој го дал како предизборно ветување на неодамнешните парламентарни избори, кога конечно му се даде последниот удар на режимот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој веќе е во “политички азил” во Унгарија, кај неговиот пријател Орбан, за кого се мисли дека има сличности со вадеењето што ја постави Груевски во Македонија.

Се чини дека скоро две години на власт без конкретни резултати во економијата и лошата социјална состојба на граѓаните го принудија премиерот Заев да употреби херметичка “симболика” за да ги убеди граѓаните дека не ги заборавил предизборните ветувања, особено зголемувањето на просечната плата на 500 евра. На трибина со граѓаните во Велес, премиерот Заев изјави дека “ако е потребно ќе носи железни опинци”, само за да го исполни ветувањето за зголемување на просечната плата.

Во екот на алармирање за предвремени парламентарни избори, се чини дека премиерот Заев избра зачудувачка и неостварлива “фигура” за јавноста да ја пренесе пораката дека сега ќе се врати на предизборни економски ветувања. Тој, исто така, потврди дека земјата има капацитет да им овозможи на луѓето за да имаат достоинствени примања и младите да не ја напуштат Македонија. Опозицијата го обвини за повторување на истите лаги и дека луѓето не му веруваат.

Политичките судири во врска со успесите и стагнациите во економијата се претворија во секојдневен рефрен, исто како што се претворија и “поканите” за предвремени избори за мерење на силите. Во меѓувреме, додека премиерот Заев се мисли дали дека ќе ги носи “железните опинци”, по тежок процес во решавањето на проблемот со името, граѓаните се повеќе се впуштаат во безнадежна социјална ситуација. Во некои последни истражувања, е прогласено алармантно ниво на сиромаштија, а исто така еден алармантен број граѓани изјавија дека сакаат да ја напуштат државата.

Несомнено, во двата паралелни процеси во решавањето на прашањето со името и ветувањата за економски развој се појавија разни предизвици. Се чини дека под тешката сенка на еден сложен процес за решавање на прашањето за името страда економијата, но во меѓувреме се појавија и афери поврзани со високи претставници на владата на премиерот Заев, како што беше случајот со вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Друг скандал овие денови ја шокираше јавноста. Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска го обелодени скандалот со нетрансформација на придонесите за 12.000 лица во Вториот столб на пензиско осигурување, вреден вкупно 19 милиони евра. Многу медиуми овој скандал им го адресираа на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Во меѓувреме, реагираа од ДУИ, најавувајќи тужба за сите медиуми за клевета. Исто така, директорот на Пензискиот фонд, истакна дека министерот погрешно го интерпретирал случајот.

Ова прашање останува отворено и бара неоспорно истражување како што е предупредувано од некои невладини организации. Истражувањето треба да се направи со многу одговорност, без оглед на тоа кој може да стои зад оваа злоупотреба како што е веќе е лиферувано во јавноста.

Се чини дека премиерот Заев веќе ќе мора да се соочи што е можно поскоро со корупцијата во неговата партија, како и со скандали со огромни суми коишто доаѓаат од претходната влада. Сето ова значи владеење на правото, но исто така и многу поголема заложба за расчистување на такви скандали кои се чинат како класична кражба од страна на граѓаните кои чекаат за тивки пензионерски денови. Но, најверојатно, во Македонија, не краде само сегашноста, туку и иднината дефинирана како пензионирање.

Веројатно премиерот, Заев, треба што побрзо да ги облече “железните опинци”, не само да ја зголеми просечната плата, туку и да му рече стоп на корупцијата која метастазирала во сите институции. Дури и според најновите рангирања на Транспаренси Интернешнал, Македонија, иако има напредок, повторно е меѓу земјите со највисока корупција

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.