Денешна дата
16/07/2019

AUF WIEDESEHEN!

Пишува: Бардул ЗАИМИ

 

Никој не го кажува бројот на млади луѓе кои ја напуштаат земјата. Во јавноста се вртат алармантни бројки. Едно нешто останува сигурно, речиси насекаде во земјата, бројот на заминување на младите е исклучително висок. Во последно време, не само во текот на последните неколку години, десетици илјади граѓани веќе ги земаа куферите и отидоа кон западните земји за подобар живот. Неодамна се забележува многу поголем одлив на оние кои ја напуштаат Македонија. Загрижувачки феномен кој од ден на ден станува сè поголем и болен.

Речиси во секој разговор со пријателите и другите луѓе на кои ги среќаваме, чувството за бегство е секогаш присутно. “Ова земја нема да ја биде”, е фатален рефрен што постојано се повторува. Изгледа како рефрен што може да се прочита во поезијата на Едгар Алан По “Никогаш повеќе”, поетот на кошарот и ужасот. Необјаснет кошмар лебди во воздухот.Чувство на нестрпливост што може да се прочита кај секого. Речиси за сè, чаршијата останува најточниот барометар. Тука навистина можеме да ги добиеме првите сигнали за тоа што се случува. Каде што животот трепка и каде што луѓето му ја знаат маката еден на друг. Оние маки што не се исти, или како што се вели во едно дело на Есхил: “Колку маки има овој свет, мака со мака на личат”.

Луѓето исто така зборуваат за случаи на „sui generis„. Луѓето, исто така, зборуваат за граѓани кои и покрај тоа што имале солиден социјален статус, оставија сè и ја напуштија земјата. Толкувањата на оваа ситуација се различни. Постојат оние кои веруваат дека ова е регионален феномен дури и поширок. Желбата да се оди во подобар свет кој е во согласност со амбицијата да се биде во синхронизација со целата палета на начин на живот диктиран од современоста. Сепак, доминантните толкувања се однесуваат на економските причини и генерално атмосферата што доминира во државата.

Траекторијата на политичкиот и економскиот живот во Македонија секогаш беше проследена со бројни ветувања. Од почетоците на демократијата, во секој изборен циклус, под ветувања на секоја влада, граѓаните веруваа во промени. Навистина, не се случија никакви промени, додека се повторуваа истите оптимистички рефрени кои не влијаеа врз благосостојбата на граѓаните. Оваа ситуација создаде трајно незадоволство кај граѓаните што понекогаш експлодираа со саркастични тонови. Еден мој пријател, додека зборувавме за тешката економска ситуација, шепотеше: “За 30 години оваа земја се краде и за чудо сеуште има за кражба”.

Реално, и покрај постојаната надеж, првата перцепција на владеењето останува корупцијата, или како што луѓето го употребуваат “крадењето”. И покрај различните толкувања, едно е сигурно дека очекувањата на граѓаните за подобар живот сé повеќе опаѓаат како лисјата во есен. Празувањето на живеалиштата од младите луѓе, но исто така и од повозрасни веќе не е состојба на миграција што научивме да ја гледаме низ годините, но е еден вид бегство што не може да се мери само со социолошки параметри. Изгледа како онтолошко бегство од земјата и себеси. Егзистенцијално бегство кој не е поврзан исклучиво со општествениот статус, туку и со расипаниот систем кој произведува многу подлабоко чувство на отуѓеност што допира до загриженост за неизвесноста за иднината.

Само на овој начин може да се објасни фактот дека меѓу оние што си заминале или на кои им лежи заминувањето во душа, има и од тие со добар општествен статус. Многу пати во јавноста се вели дека “надежите тука се убиваат”. Оваа формулирано разочарување на ваков начин не се однесува само на сегашноста, туку и на иднината како време во кое човек ја проектира судбината на своето битие.

Можеби сегашноста може да се соочи, но кога хоризонтот на иднината изгледа мрачен, човечкиот кошмар станува нестрплив. Сегашноста секогаш останува момент што може да се надмине, додека стравот од иднината предизвикува загриженост и нетрпеливост што ги надминуваат оптимистичките дози инјектирани од билокоја влада, билокој политичар. Се чини дека освен отежнетата економска ситуација, недовербата во промените останува еден од главните фактори на ова заминување на младите, кој ги опфатил голем број луѓе, особено младите. По толку многу предизвици на отпор и идејата дека ќе биде подобро, разочарувањето го достигна својот врв, особено во времето кога се продолжува со истиот терк на празни ветувања или економски “напредок” што тешко дека влијае на довербата на граѓаните.

Разурнатиот систем на вредности, вработувањата со партиска книшка, козметичките “промени” кои допираат само на одредена група на луѓе, огромното присуство на корупција, непотизам и многу други социјални дефекти, можат да го создадат чувството на бегство како еден вид спас од фасада што се нуди со толку оптимистички тонови.Поради оваа причина, многу млади луѓе навремено одат на курсеви за германски јазик за да го обезбедат потребниот “инструмент” за нивната иднина, што несомнено е измислен надвор од Македонија. Масовно учење на германскиот како да му дава значење на ова чувство на бегство, кое од ден на ден се претвора во разбирање на постоењето.

Време е сериозно да се размислува за овој феномен. Време е за конкретни и креативни проекти за да се спречи оваа масовна миграција. Само сеопфатен пристап кон овој феномен проследен со конкретни реални инвестициони политики може да ја олесни оваа состојба на општа „депресија„ која сè повеќе привлекува нови души во себе. Исто така, и само една искрена акција за поправање на целиот систем да создаде еднакви можности за сите граѓани, а не само “благосостојба” за партиски експонати. Ова треба да биде само почеток да даде малку инфузија на уништената граѓанска довербаа. Во спротивно, ќе го слушнеме поздравувањето на заминување “Auf Wiedesehen”, кое значи збогум!

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.