Денешна дата
20/11/2019

ЛАСКАРЦИ, ЧОВЕЧКА СОЛИДАРНОСТ

Пишува: Бардул ЗАИМИ

 

Изминатата среда беше страшна за јавноста. 15 лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа, чии причини сè уште се испитуваат од страна на државните институции. Голема трагедија што ги допре нашите срца. Трагедија која замрзна сè, но во исто време го потикна чувството на солидарност меѓу луѓето.

Несреќата се случи во Ласкарци. Беа токму жителите на ова село, оние кои веднаш стапија во акција за да ги спасат патниците. Длабокото човечко чувство го прошири своето присуство за подавање на спасувачката рака на многу повредени патници кои беа под автобусот. Така како што беше објавено, ако не беше оваа солидарност на жителите на ова село, бројот на жртвите би можел да биде уште поголем.

Жителите на Ласкарци, беа првите, оние кои со сета сила на нивната хуманост, им нудеа несебична помош на патниците од автобуската несреќа. Уникатен пример за солидарност што во целата оваа трагедија даваше светлина пред јавноста на Македонија. Човештво и солидарност што политиката со своите лакти ги има протерано некаде во маргините, таму каде што луѓето својот живот го живеат во тишина, но секогаш негувајќи ги најдобрите човечки суштини, далеку од етничките, политичките и другите поделби.

Во темното небо на оваа трагедија, Лласкарци се претвори во ѕвезда која светеше со извонредна моќ. Чувството на човекот за човекот, тоа внатрешно молење за да се подаде раката за спасување, во Лаласкарци добива длабоко чувство за постоењето како обид и битка да се биде близу до животот на повредените патници.

Освен тоа, Ласкарци откри димензија на општеството што претходно не беше забележано, или подобро лошо покриено од безмилосната политика, која цело време не направи ништо, освен на некаков начин да ја уништи оваа солидарност и хуманост на општеството.Жителите на Ласкарци се навистина вистински херои на денешницата, оние кои во себе го задржуваат жив човечкиот дух кој цело време се напаѓа од дневната политика, слоганите, од неодговорните и нехуманите наративи на протагонистите на поделбите.

Живејќи под тиранијата на актуелноста човечките суштества се постојано изложени на отуѓување. Политиката неколку пати ја поттикна оваа отуѓување со идејата да создаде луѓе кои само слушаат политички памфлети, партиски говори, само “мајсторите” на поделбите кои секогаш мислат на логиката на етничко, идеолошко усогласување. И ова политичка бруталност е присутна цело време, во текот на овој период на продолжена транзиција. Токму оваа логика на мобилизација, секогаш го загрозува чувството на солидарност, на човечност, кое се појави во најдобрата форма воЛаскарци.

И секогаш кога ја ставаме политиката карши хуманоста, најдлабоката дефиниција доаѓа од рафинираните умови сварени со универзално човештво. Изнесуваме овој пат преглед на вонредниот писател, биограф, Штефан Цфајг. Во својата биографија на еден од најгласните европски хуманисти, Еразм Ротердамски, авторот на одличното дело “Пофалба на глупоста”, меѓу другото, пишува дека хуманизмот, за разлика од политиката, има далекусежна цел. Несомнено ова е далекусежна цел која не се покорува на секојдневната политика. Ова е цел што во епицентарот го има човекот како неповторливо суштество за кое вреди да се ангажира.

Трагедиите ги доведоа луѓето до самата суштина на животот. Таква трагедија исто така беше  трагедијата од 13-ти февруари. Трагедија со димензија на хуманизмот што останува пример на сите времиња.

Жителите на Ласкарци беа таму со нивната солидарност и хуманост. Тие не знаеја имиња. Тие едноставно одговорија на човешката чувствителност која им го диктира патот до автобуската несреќа, каде што многу патници очекуваа подадена рака на помош во моменти на неопишен хорор. Ласкарци останува неизбежен пример на триумфот на човечките вредности, на сплотеност во болката на трагедијата. Пример за солидарно општество, на целта за која говори Цфајг во биографијата на Еразмот Ротердамски, амблемот на хуманизмот.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.