Денешна дата
04/04/2020

Убаво време за умирање

Актерот и режисер од Тетово, Сенад Абдули, го промовираше неговиот последен филм со наслов “Убаво време за умирање“. Филмот ја третира најнегативната појава во современите општества – самоубиството.

“Филмот има за тема еден феномен што кај нас не беше изразен, но во последниве години се регистрирани бројни случаи. Дали вреди да се самоубиеш? Одговорот во филмот е дека секогаш има причина плус да се живее“, вели Абдули за Inbox7.

Директор на фотографија е Роберт Јанкуловски, филмски едитор е Лазар Секуловски додека сценарист е Зимбер Келменди.