Денешна дата
26/02/2020

ПОЛИТИЧКА КАКОФОНИЈА

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Враќањето на политичката нормалност по тешкиот процес на решавање на прашањето за името, се чини дека стимулира судир меѓу коалициските партнери, СДСМ и ДУИ. И порано имало судири за одредени прашања но сепак немале интензитетот на изјавите кои беа дадени изминативе денови. „Искрите„ од еден посилен судир се појавија во случајот кој беше објавен од министерката за Труд и социјална политика, Мила Царовска, со недостасувањето на над 19 милиони евра од пензискиот фонд, скандал кој на некој начин беше адресиран до функционерите на ДУИ , но на ова категорично се спротивставија претставници на ова партија.

Последниот случај со негласањето за укинување на имунитетот на пратеникот, и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е на судењето за насилството од 27 април, веќе ја зголеми “температурата” меѓу коалиционите партнери. Пратеникот на СДСМ, Мухамад Зеќири, го обвини претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, покренувајќи ја дилемата “дали има било какви калкулации од негова страна”. Претходно, Џафери истекувањето на рокот за гласање му го адресираше на пратеникот Зеќири имено поради “однесувањето на пратениците, особено на пратеникот од власта, Мухамад Зеќири”.

Целата ситуација се должи на неукинувањето на имунитет на парламентарната комисија поради отсуството на пратеникот на ДУИ, кој за тоа време, како што беше кажано,  бил хоспитализиран, поради влошената здравствена состојба . Потоа, ДУИ реагираше и објасни дека веднаш беше побарана замена на пратеникот од пратеничката од Гостивар, но дека претседателот на Комицијата за имунитетни прашања, Павле Богоевски, пред време го затворил состанокот.

Сагата на судири продолжи, во меѓувреме не изостануваа ниту изјавите за распад на коалицијата дадени на една дебата на една национална телевизија. Но, се чини дека сите овие “тензии” меѓу претставниците на владината коалиција се “омекнати” од страна на лидерите на двете партии, кои го намалија крвопролевањето, укажувајќи на потребата од функционирање на партнерството.

Изгледа дека двајцата лидери ја прекинаа политичката какофонија помеѓу двата коалициони партнери што се појавија во ниво на пратеници, надминувајќи ги вака сите обвинувања насочени еден на друг за “одземање” на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Вељановски, кој е обвинет за организирање на крвавите настани на 27 април во парламентот.

Само по интервенцијата на двајцата лидери, навидум, нетрпеливоста на партиски ниво, заврши на овој начин отворајќи го патот за владина соработка, а особено за следниот предизвик за изнаоѓање заеднички кандидат за претседател. Лидерот на СДСМ, Заев, изјави дека без 10 пратеници на ДУИ не може да има влада, додека и лидерот на ДУИ претходно изјави дека без ДУИ владеењето би била грешка.

Сепак, и покрај дискретните изјави на лидерите на двете партии во коалицијата, едно нешто останува јасно дека меѓу нив и на други нивоа има нетолеранции, кои од време на време се манифестираат. Во јавноста овој тип на владеење помеѓу ДУИ и СДСМ е опишан како “сложена врска”. Веројатно, Заев и Ахмети, и покрај “бунтовите” во рамките на нивните партии, јасно ставаат на знаење дека “раскинувањето” на оваа “врска” може да биде фатален, особено во време кога опозицијата, од друга страна, бара предвремени парламентарни избори .

Нивната непосредна реакција и посветеност очигледно е во функција на зачувување на оваа “комплицирана” коалиција со многу нетрпеливост внатре. Се чини дека цената на можното “раскинување” би била далеку поголема од “толеранциите” кои меѓусебно се прават за прашања што влијаат на интересите на граѓаните и се поврзани со насилството во парламентот. Избегнувањето на “вината” изгледа како формула за спасување за да се надмине оваа ситуација, што може да доведе до други политички опции што ниту една од овие две партии не го посакува.

Во јавноста целата оваа ситуација беше опишана како политички театар за покривање на аферите со непотизмот, кои веќе беа објавени од страна на медиумите. Секако, јавноста освен што ја интересира разврската, осудата на организаторите на насилство во парламентот, истотака ја интересира и целиот план на други настани во земјата кои се занимаваат со интегративните процеси што остануваат единствена надеж за граѓаните дека државата ќе се движи во вистинската насока.

Ова очекување на граѓаните, несомнено е поврзано со правниот систем, владеењето на правото, казната на обвинетите за извршување на насилство и други прекршоци, но исто така и фокусот на реформите во институциите, што исто така значи и борба против корупцијата и непотизмот. Ова реално се отвора како време за чекање за сите граѓани, кои се надеваат дека процесот на отворање на преговорите оваа година ќе им стави крај на импровизациите и лошто раководење што го покажа ова влада.

Се чини дека нема време за политичка какофонија која е создадена од ситуации кои треба да бидат јасни до крај, но од непознати причини не успеваат да ја пронајдат вистинската разврска. Затворањето на овие случаи што е можно поскоро, почетокот на функционирањето на правдата останува неопходен императив на овој пат, кој владата ветува и се обврзува на секој свој јавен настап.

Време е сериозно да се сфати оваа цел, бидејќи отворањето на преговорите е одредено од оваа политичка сериозност, а истовремено овозможува да се постават сите институционални капацитети во смисла на прифаќање на прашањата, предизвиците кои произлегуваат од отворањето на преговорите за членство во ЕУ . Секако, поглавјата што треба да се разгледаат нема да бидат поглавја на приказки за добра ноќ, туку решенија за сите наталожени проблеми кои бараат многу знаење и посветеност и без импровизација.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.