Денешна дата
26/05/2019
Фото: СДК.мк

ЌЕ ЈА ИМА ЛИ КАТИЦА ЈАНЕВА СУДБИНАТА НА ЛАУРА КОВЕСИ?

  • Раскараните СДСМ и ДУИ го оставаат СЈО без конечно законско решение
  • Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство раскарани поради политички влијанија
  • Специјалното јавно обвинителство молчи за предложените закони со кои станува дел од Основното јавно обвинителство

 

Пишува: Александар Тодески

 

Екс-шефицата на Националниот директорат за антикорупција во Романија, Лаура Ковеси беше една од првите кои ја посети Катица Јанева за да и даде поддршка кога таа беше избрана за шеф на обвинителството. Приказната за силната и правична Ковеси во Романија сепак не завршува славно, бидејќи таа сега седнува од другата страна во судот – како обвинета.

Иако таа успешно се справуваше со корупцијата во Романија, никој не очекуваше таа да биде мета на владејачката партија, откако го стави во затвор нивниот лидер, Ливиу Драгнеа. Во случајот имаше политички обвинувања против Ковеси, една пресуда, а подоцна и отпуштање од челната позиција на Националниот директорат за антикорупција, пандан на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во С.Македонија.

И Јанева како Ковеси беше гледана како една од светлите точки на правдата, но во моментов, тие уживаат доверба од помалку од половина граѓани во Македонија, иако на почетокот тоа беше обратно. Единствената разлика помеѓу двете, се чини дека е тоа што Ковеси имаше храброст да покрене обвиненија против сите политичари кои имаат матни бизниси, додека пак шефицата на СЈО нема ниту еден случај од сега владејачката СДСМ, а многу малку од ДУИ, иако Зоран Заев како прв опозиционер тврдеше дека „ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се браќа по криминалот“.

Екс-врховниот судија и судија во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска не верува дека Јанева ќе ја дели судбината на Ковеси, односно дека од обвинител ќе стане обвинета.

„Мислам дека нема да и се случи истото, заради тоа што најголем број на тие случаи по кои работи Јанева веќе се пред суд, ќе имаат судска разрешница. Истрага е истрага, најбитно е да функционира презумпрцијата на невиност и да може преку релевантни постапки да се покаже кој е виновен, а кој не. Постапките треба да завршат, има жалбена постапка која е многу релевантна и битна, ако е некој незадоволен има Европски суд за човекови права, да се види дали државата има пропуст, има инструменти каде што секој кој смета дека му било загрозено некое право може преку нив да бара своја правда“, вели Цаца Николовска.

СЈО ЧЕКА ЗАКОН ОД 2017 ГОДИНА

 

Но, со тек на времето Специјалното јавно обвинителство (СЈО) полека станува невидливо – ги нема прес-конференциите кои некогаш одвај ги чекаше целата држава, ниту пак изјавите кои обвинителите ги даваа и во ноќните часови. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи кои беа први на сликите како изгледа правдата полека бледнеат во очите на јавноста, бидејќи граѓаните почнаа да ги сметаат еднакво со останатите институции во државата – неефективни и политизирани.

СЈО го изгуби својот сјај откако внатрешните поделби почнаа да се чувствуваат и во јавноста, велат извори на Инбокс7 од обвинителството. Гласно ниту еден обвинител не сака да зборува за случувањата внатре, иако тивко се шират информациите за политизарност на дел од нивните кадри.

Нов закон за Специјалното јавно обвинителство се најавува откако се промени власта. Најавите на законот имаа измени, но ниту еден од предлозите не беа неприфатливи за обвинителството на Катица Јанева. Собраниски извори на Инбокс7 велат дека за новиот закон со кој конечно ќе се реши проблемот на СЈО ќе се почека да поминат претседателските избори.

Министерката за правда, Рената Дескоска во интервју на ТВ21 рече дека СЈО ќе биде дел од Основното јавно обвинителство, но ќе има самостојност и автономија. Во еден од двата закони, ќе има одредба со која ОЈО ги презема делата кои се однесуваат за сторени дела кои се од највисоките функционери.

„Во моментов изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон. Таму се содржани одредби кои што го

Поранешната судијка Цаца Николовска, смета дека оваа одлука на врховните судии да го прескокнат СЈО и за брањето за укинување на домашниот притвор на Сашо Мијалков и Орце Камчев, осомничени во случајот „Империја“, мислење да бараат од Основното јавно обвинителство е во насока на онаа нивна определба во делот на СЈО, дека тие немаат мандат за обвиненија и истраги.

 

воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на нивна автономија, бидејќи сепак мора да бидеме свесни дека системот кој што остана зад нас, кој што беше повод и причина за формирање на СЈО, може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин противтежа на ЈО со цел да може да функционираме како држава која гради владеење на правото“, рече Дескоска.

Во меѓувреме, Врховниот суд веќе донесе одлука да ги одбива сите случаи од СЈО кои ќе дојдат до него, бидејќи според судот, оваа институција веќе нема мандат за поднесување на обвиненија.

Поранешната судијка Цаца Николовска, смета дека оваа одлука на врховните судии да го прескокнат СЈО и за брањето за укинување на домашниот притвор на Сашо Мијалков и Орце Камчев, осомничени во случајот „Империја“, мислење да бараат од Основното јавно обвинителство е во насока на онаа нивна определба во делот на СЈО, дека тие немаат мандат за обвиненија и истраги.

„Тоа е во насока на нивната определба во делот на Специјалното јавно обвинителство по однос на надлежноста, но тоа е нешто што секако треба да се расчистува и да се види во која насока и како ќе продолжи надлежноста на СЈО да се ефектуира. Мене колку што ми е познато има поднесено барање и до Уставен суд и за автентично толкување на СЈО за што лично јас бев првата која реков дека тие инструменти треба прво да се искористат. Избрзано е решението на Врховниот суд, тој се стави и во улога на позитивен легислативец и во улога на преуранетост, или ги надитри органите кои треба да постапуваат без соодветен правен лек“, вели Цаца Николовска.

За одлучувањето за притвор на обвинетите во случајот „Империја“, Врховниот суд побара мислење од државниот јавен обвинител наместо од Катица Јанева, со изговор дека така било одлучено од нивна страна.

 

КАКО МОЌНИЦИТЕ ГО „ПОТОНАА“ СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО?

 

Скараните СДСМ и ДУИ уште повеќе го одложуваат законот за СЈО, бидејќи пленарните седници се бојкотирани или одложувани откако собранискиот спикер Талат Џафери не ја стави на дневен ред точката за одземање на имунитетот на неговиот претходник, Трајко Вељаноски.

Според Цаца Николовска, треба да се разреши овој проблем кој го има СЈО и да има завршница на сите случаи кои потекнуваат од незаконски снимените разговори.

„Јас можам да кажам дека е потребно да се овозможи Специјалното јавно обвинителство да постапува. Неговото постапување во рамките на обвинителството со одредена автономија или неговото постапување сосема изолирано од ОЈО, има аргументи и за и против, но најбитно е да продолжи да работи, со вакви работи оние кои сакаат демократија и владеење на правото не се во ќар. Не може да се оди во насока оние за кои има индиции дека сториле кривични дело да останат неказнети и да нема постапка. За сите граѓани е подобро да има завршница за да се знае дали некој сторил кривично дело или не“, вели Николовска за Инбокс7.

Прашања во врска со законот испративме до Специјалното јавно обвинителство, но до објавување на текстот, одговор не добивме.