Денешна дата
26/10/2020

ПОГЛЕДОТ НА МЕДУЗАТА

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Продолжената транзиција во Македонија не се предава лесно. Оваа транзиција цело време ја нарушила можноста за подобар живот за секого, нагласувајќи ja во секоја политичка акција инертноста на одредени групи на интереси. Поимот “транзиција” изгледа како совршено управување со политичките, економските и социјалните реалности од страна на елитите и тесните интересни групи. И покрај фактот дека политиките за добро владеење отсекогаш биле бучни, реалноста го покажа спротивното, постојанаta депресија на граѓаните, еден вид разочарување што се појави i на други страшни начини настрана од дебатата и вистинското политичко и демократско учество.

Во текот на овој одолговлечен период имало и националистички и фолклорни дискурси кои служеле повеќе за политичките партии и создавале непотребни етнички, идеолошки и социјални тензии.Како и во сите проблематични балкански земји и овде, зачините на политичкиот фолклор им дадоа “вкус” на триумфот на политичките елити, но ги исфрлија од благосостојба граѓаните без разлика на нивната етничка и верска припадност. Кога им биле потребни на политиката, тие ги користеле токму овие фолклорни балони за да стигнат до единствената цел- власта.

Сето ова време на политичката сцена во Македонија, со неколку исклучоци, во политичкиот живот се рециклираат истите фигури, било директно или индиректно сива еминенција кои беа ставени во улогата на независни личности. Власта во најбруталната смисла на зборот беше предмет на политички “формации”, кои политичкиот живот во ниту еден случај не го сфатија како сеопфатен одраз на вредностите и стандардите, туку како средство за создавање на континуитет на доминација на врвот на пирамидата на власта.

Секогаш кога власта се појавува да се дискутира во најлошата форма,  во израз секогаш доаѓа формулацијата на Стефан Цвајг дека власта го има погледот на медузата. Овој “поглед” те присвојува, те вкочанува и пред човекот отвара само еден пат, оној на моќта, разбран како моќ и контрола. Несомнено дека  политиката не може да се сведе само на оваа груба изведба затоа што таа е многу повеќе, е еден вид организација полисовска уметност која се разбира низ модерноста на современата политика што ја гледаме во развиените западни земји.

Реално, во просторот на интелектуалното размислување, дури и ден денес се одвива широка дебата за она што во суштина претставува власта. Се повеќе и повеќе во филозофското размислување за тоа што претставува моќта, политиката и демократијата, се ставаат во спротивставени позиции, Мишел Фуко и Јурген Хабермарси. За Фуко, односите со власта се стратешки однос во отворена политичка и општествена игра. На некој начин, Фуко ги гледа сите врски на власта, како што се појавуваат реално, преку определени концепти и поими што го носат неговиот печат, како што се знаењето, моќта, дискурсот, идеологијата. И овие концепти се третираат од него, во форма на комплексни меѓузависности, кои Фуко ги забележува и интерпретира преку екстремна вистинитост.

Од другата страна, на толкувањето на власта, политиката и демократијата стои филозофот Хабермарс, кој верува дека постои вистинска природа на јазикот што како таков значи медиум на комуникативна рационалност.
Тој верува во културен контекст, додека целата комуникација ја става во една единствена премиса – аргумент. Неговата теорија за комуникација во суштина го подразбира јазикот како социјализација. Хабермарс оди уште подалеку со неговиот концепт на „Lifeworld„ како единствена суштина на постоењето на европскиот идентитет.

Несомнено, дека односот на власта кон политиката и демократскиот живот генерално се чини комплициран. Во Македонија, сеуште се чини дека владеаат концептите што политиката ја гледаат само како моќ за власт, и сите дискурси се надградени само во овој правец, без да ги земат во предвид другите манифестации на политиката кои во преден план го имаат дијалогот, толеранцијата, доброто владеење и хуманизацијата на општествените односи.

Секако, тие остануваат теми кои треба да се дискутираат опширно, за да не се сведе политиката исклучиво во моќниот дискурс. Тенденцијата за такво сведување секогаш произведува политичка ароганција, која за жал веќе стана јавен дискурс за голем дел од граѓаните присутни во социјалните мрежи. Веќе, со неколку исклучоци, навистина не постои простор за аргументативна дебата, но постои широк спектар на онлајн медиуми кои произведуваат во поголем дел лажни вести, додека под нив во коментарите имаме бескрајни навреди.

Можеби ова може да се нарече ароганција на ароганција. Од една страна, политичката ароганција која не успеа да се спушти подолго време во човечката реалност, а од друга страна, ароганцијата на просечниот свет кој “се испразнува” над елитите и неверните идеологии. И овде, во овој момент, комуникацијата завршува, комуникативната акција, како што ја дефинира Хабермарс, за заеднички простор и интерес заснован на принципите на доброто владеење и постојаниот дијалог кој ги става во мегданот на дебатата без никакви предрасуди и со толеранција сите можни теми кои треба да означат чекор напред кон функционалниот систем кој во епицентарот го има човекот како неповторливо и достоинствено суштество во сите сфери од неговото постоење.

Македонија е сега влезена во помирна фаза, во други координати кои бараат хоризонти и други практики на концепција на моќ, политика и генерално на демократски живот. Барем во дискурзивниот аспект, постојат знаци дека нешто може да се промени, секогаш потпирајќи се на посветеноста на практиките што произлегуваат од европските земји, дел од кое сакаме да станеме. Но, во меѓувреме, ние сме пред претседателските избори, во времето кога ирационалностите се во налет и битки се прават без да се избираат алатките. Можеби конечно ќе видиме битка на концепти во согласност со природата на овие избори, а не просечни партиски партизански мобилизации.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.