Денешна дата
26/05/2019

Пендаровски: Идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово е „запалка“ за нова војна во регионот

  • „Не смеат да се менуваат границите на Балканот. Најдобар рецепт за правење на конфликт на Балканот е да ги менуваш границите.“
  • „Со членството во НАТО земјата ја има загарантирано стабилноста.“
  • „Немам заштедено ниту еден денар во изминативе 5 години. Дома живееме со две професорски плати.“

 

Интервјуирал: Горан Лефков

 

Инбокс7 започна серија на интервјуа со кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Испративме барања до тројцата кандидати за претседател, Гордана Сиљановска- Давкова, Блерим Река и Стево Пендаровски. Прв на поканата на Инбокс7 се одзваа Стево Пендаровски, кандидат на партиите на владејачката коалиција.

Разговаравме отворено за неговите ингеренции и ставови доколку тој биде избран за претседател, за надворешната политика на земјава, за глобалната политика и за Балканските прилики и опасностите за земјата. Според него, запалката на војната многу лесно може да пламне доколку некој ги чепне границите.

„Размената на територии помеѓу Косово и Србија е најлошата идеја која сум ја слушнал во последните 10 години. Ако на Балканот некој размислува да преуредува граници, тоа е рецепт за војна“, смета Пендаровски.

Тој зборуваше и за влијанието на странските служби во Северна Македонија, а од приватниот живот ќе потенцира дека нема дополнителни заштеди од тоа што пријавил во имотниот лист иако платата му била 68.000 денари.

За повеќе информации за Стево Пендаровски и неговите ставови и насоки гледајте го видеото.