Денешна дата
14/10/2019

АКАДЕМСКАТА ХАРИЗМА ВО „КАНЏИТЕ„ НА ПОЛИТИКАТА

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Полека, претседателските кандидати почнаа да покажат “фрагменти” од концептот на нивната платформа. Ова се првите моменти на нивното претставување пред јавноста, односно пред електоратот . Кандидатката која ја доби поддршката од опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сијановска-Давкова, на нејзините први настапи, навести дека нејзиниот концепт на овие претседателски избори ќе биде во согласност со концептот на најголемата македонска опозициска партија што подразбира противење на Преспанскиот договор за промена на името на Македонија. Силјановска е професор по уставно право, а нејзините експлорации за ова прашање, што најверојатно ќе бидат најголемото спортиставување на овие избори, се оправдани преку формирање на комисија, додека би стапнала на функцијата претседател.

На една јавна изјава Силјановска рече дека ќе биде претседател на сите граѓани, додека прашањето за името и е неприфатливо во смисла на меѓународното право. “Не помислив да го укинувам Преспанскиот договор, ова е работа на Уставниот суд. Новото име од аспект на правото не е прифатливо за мене и ако победам ќе формирам комисија која ќе се справи со ова и ќе ги посочи правните недоследности според меѓународното право “, рече таа.

Во меѓувреме, двајцата други кандидати во ова претседателска трка, Блерим Река и Стево Пендаровски, ги имаа првите јавни настапи. Блерим Река влезе на претседателските избори како независен кандидат поддржан од опозициските партии во албанскиот политички блок, Алијансата за Албанците и Движењето Беса. Додека, Стево Пендаровски е консензуален кандидат кој доби одобрување од коалициските партнери СДСМ и ДУИ како и другите партии.

Сега е разбирливо дека секој глас на овие избори останува важен, додека развитокот на оваа кампања има мирни тонови на концептуални предупредувања, кои се очекува да бидат објаснети пошироко за време на изборната кампања. Иако официјално сеуште има време да започне изборната кампања, кандидатите за функцијата претседател не се двоумеа да дадат предупредувања, преку кои нивната концептуална ориентација станува видлива за оваа кампања.

Гласањето на албанскиот електорат се смета за одлучувачко особено во вториот круг од изборите. Се чини дека Стево Пендаровски, консензуалниот кандидат на партиите од коалицијата, е “адут” за да се добијат што повеќе гласови кај албанскиот електорат, додека кандидатурата на Блерим Река се смета за новина и квалитет во оваа кампања поддржана од опозициските партии во албанскиот политички блок. Веќе се појавија и првите концептуални „напади„ меѓу кандидатите. Додека Пендаровски ја истакна идејата за едно општество за сите како сеопфатен концепт што го промовираше и СДСМ, Река изјави дека останува неопходно државата да биде за сите, објаснувајќи дека концептот едно општество за сите не подразбира еднаквост на државно ниво. Пендаровски истакна дека останува многу важно за него “да гласаат Албанците”, додека за во вториот круг, исто така, ја побара поддршката и од албанската опозиција. Блерим Река, од друга страна, истакна дека очекува да добие гласови и од македонскиот електорат.

Умерена во нејзините први јавни изјави во врска со албанскиот електорат, беше и Силјановска. “Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од мојата 10 годишна возраст, брат ми има албански кум. Може ли некој да порасне во таква средина и да биде националист “, рече Силјановска-Давкова.

Трите претседателски кандидати доаѓаат од универзитетскиот свет со изразена интелектуална позадина. Тие се добри позначави на државните теории и сето она што ја претставува политиката како простор за афирмација и одгледување на демократската плуралистичка чувствителност. Се чини дека во ова кампања ќе има две битки за секој кандидат. Едната битка ќе биде политичката конфронтација еден со друг, додека следната битка ќе биде конфронтацијата помеѓу интелектуалната харизма и политичките партиски ангажмани.

Кандидатите веќе во некоја форма ја изразија својата независност на личноста во однос на партиите што ги поддржуваат. Цел да се надминат партиските опции и да се покаже дека нивниот интелектуален интегритет останува решителен во прикажувањето на “претседателски цели”. И, очигледно, од нивните интелектуална позадина овој академски хоризонт изгледа веројатен. Се чини дека имаат знаење и зрелост за да ја откријат својата автентична визија за позицијата за која се натпреваруваат. Сите тројца кандидати го имаат потребното искуство и знаење да се натпреваруваат политички во согласност со ингеренциите што ги има претседателот на државата со Уставот.

Несомнено, оваа уставна позиција на функцијата претседател не е замрзната, статичка и техничка позиција. За време на кампањата ова позиција може да се прошири со новини и нова политичка визија која секогаш е во согласност со просторот што го овозможува една држава со парламентарениот систем. Јавната функција во никој случај не може да се скицира само во уставни и правни одредувања. Функцијата  исто така се определува со постојани политички рефлексии кои се во согласност со демократските вредности, плуралните политички реалности и различните културни реалности кои доаѓаат како очекувано евроатланска интеграција.

Сепак, целта на истакнувањето на академската димензија што секој кандидат ја  поседува ќе претрпи отцепувања за време на кампањата од импликациите, имено од партиските каузи, кои обично ги засенуваат овие потенцијални дебати на инклузивни вредности. Во изминатиот период се покажа дека “канџите” на политиката се немилосрдни. На овие избори, како никогаш досега, се чини дека ќе имаме борба помеѓу отпорот на академскиот интегритет и освојувањето и апсорпцијата на харизмата од страна на политичките партии. Сè уште сме во фаза на предизборна кампања и рано е да се процени дали ќе владее интелектуалниот интегритет на партијата, или ќе владеат неплодните партиски судири кои ја прават невидлива академската субстанца меѓу кандидатите.

Моделот за синхронизација со партиите повторно ги покренува битките што веќе ги доживеале сите граѓани, битките за партиски каузи, кои се повторуваат како рефрени во секоја изборна сезона. Да се надеваме дека овие избори ќе донесат нов квалитет на дебата, особено кога сметаме дека кандидатите влегуваат во ова трка секој со својата академска харизма.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.