Денешна дата
26/10/2020

„КРЕВКОСТА„ НА ЦЕНЗУСОТ НАСПРОТИ ПАРТИСКИОТ МИЛИТАНТИЗАМ

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Сега кога изборната кампања за претседателските избори почна да го проширува своето присуство кај народот, политичките “препукувања” се повеќе ќе ги добијат формите на “идеолошки страсти”. Ова секогаш е случај кога во Македонија има избори. За жал, изборите се гледаат само како можност да се “достигне” моќта/власта, а не како арена за да се откријат платформите пред електоратот, во зависност од природата на изборите што се одржуваат.

Политичките платформи веќе останаа реликти кои не одговараат со политиката од “модерните времиња”, кои бараат слика, партиски дух, силна реторика, фолклорен дух за да ја префрлат дебатата на други политички хемисфери кои бараат еуфорична мобилизација, но не и рационално расудување врз основа на конкретни понуди кои се во согласност со очекувањата на граѓаните

Сигналите на овие политички форсирања, исто така, се дадени на почетокот на оваа претседателска изборна кампања, кои најверојатно ќе ја префрлат дебатата на друг терен, надвор од орбитата и уставните овластувања за функцијата претседател на државата.Како и обично, броењето на учесниците на партиските митинзи ќе започне како знак за супериорноста или слабоста на политичката партија карши другите партии, со што ќе се поедностави демократското учество во милитантски броеви и исклучувајќи ја на овој начин политичката порака до електоратот.

Политичките партии „ќе ги преполнат редовите„ за да го покажат присуството на толпата, присуството на доминантната слика и “неспорната” победа. Топлата со волјата на партиските милитанти ќе скандира и ќе биде дел од оваа преклопена слика која на крајот ќе биде дистрибуирана во медиумите и социјалните мрежи за да се покаже политичка доминација на “моќ”. Политичкиот дискурс ќе биде редуциран на транспаренти, бидејќи електоратот толкуван како толпа, или како милитантна постава, не издржуваат на долги оправдувања. Таа се обидува да ги погоди “слоганите”, “големата” политичка опозиција што доаѓаат како одраз на големата “вистина” која секоја политичка партија ја потврдува.

Во Македонија, одамна поединецот е подложен и живее под урнатините на овие бучни партиски маршеви кои политичките битки ги преместуваат во просториите на лажните, историски и патриотски “итности”, во просторите на императивите што ја произведуваат толпата, а не слободниот граѓанин кој умее да се оправдува за носењето одлука за политичката визија. Тапаните на партиските маршеви силно ќе одекнуваат, бидејќи електоратот како модерен политички концепт на “давење” во овации на толпата сака да ги слушне токму овие политички ирационалности кои не се усогласени со нормалните изборни кампањи кодифицирани како политички акции за доброто на граѓаните и во функција на вистинската демократизација која ја признава понудата на политички вредности.

Не еднаш пред почетокот на изборната кампања беа потпишани кодекси за фер и демократски избори, но потоа не недостасуваа малите судири. Всушност, ангажманот за фер и демократска кампања секогаш подразбира друга перцепција за политиката, над изборите како процес на триумф на политичка платформа или опција. Оваа идеја несомнено подразбира политичка и демократска култура на самите партии. Но, во Северна Македонија, нормалноста изгледа како далечен “сон”, додека недостатокот на политички идеи за одредени избори е покриен со празна реторика, надвор од политичкиот контекст и природата на изборите.

Не еднаш на парламентарните избори, дебатата се префрлила кај проблемите на локалната власт и обратно, на локалните избори дебатата се префрлила на теми кои се поврзуваат на парламентарните избори. Претседателските избори не се исклучок. Претседателските избори може да се одржат, но дебатата се префрлува на теми кои немаат никаква врска со овластувањата што ги има претседателот на државата со Уставот. Со еден збор, изборната кампања отсекогаш била униформа, или во функција на замагленост и заведување на електоратот.

За жал, во текот на овој долг период на транзиција, концептот на електоратот не се третира како суштинска премиса на политичкиот и демократскиот живот, туку идејата за толпата беше промовирана повеќе како апстрактен тоталитет кој ја бара величественоста, политичките мускули, и милитантното редење врз основа на реномираната дихотомија: патриоти-предавници. Свесниот поединец не се третира како дел од големиот изборен плурализам, но послушниот милитант кој е фасциниран од сликата, од “епските” битки на “непогрешливи” лидери во нивните каузи секогаш обвиени со замаглени митови.

И во овој момент доаѓаме до таа позната поговорка на рускиот филозоф Николај Берџаев, кој парадоксално тврди дека суверенот и робовите се во корелација. Според него, овие две фатални ентитети зависни еден од друг и се хранат еден од друг. Кога не би постоел робот, не би постоел суверен граѓанин кој се гледа како лоша варијанта на заробено општество. Во неговата книга, “За слободата и заробеноста на човекот”, длабоко се осврнува на овие меѓузависности, кои можеме да ги видиме во држави и општества со неконсолидирани демократии.

Меѓутоа, ако зборуваме за кревките демократии, чиишто актери функционираат со позадината на депласирани политички концепти кои доаѓаат и се појавуваат во овој временски контекст, кога треба да преовладува друг стандард во политиката, останува да се види до крајот какви политички перформанси ќе доминираат на овие претседателски избори. Несомнено, цензусот останува вистинскиот проблем за природата на овие избори. Мотивирањето на само милитантни гласачи ќе го загрози овој цензус. Колку повеќе милитантни тонови оваа кампања има, толку повеќе неопределените гласачи најверојатно нема да се вклучат во изборите.

Поради оваа причина, многу е важно кампањата да го има духот на натпреварување на политичките концепти кои го мотивираат граѓанинот, а не празни препукувања кои се базираат исклучиво на партиски милитанти. Особено кога голем дел од граѓаните веќе се уморни од оваа реторика и одбиваат да бидат дел од партиската маскарада. Цензусот ќе биде загрозен ако кампањата цели само на партиски милитанти.

На кампањата ќе и треба граѓански политчки дух, а не партиски проекции кои поединецот, граѓанинот, ги третира како аморфна толпа што може да се заведе само од слогани. Пред сè, потребно е откривање на политичка супстанција што подразбира ориентација кон западните вредности како предуслов за синхронизација со развојот и целите за европска иднина како неоспорен императив за сите граѓани.

 

Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.