Денешна дата
18/02/2020

Кој ќе го води “орото” во ДПА?

‘Нејасно’ e зошто се судрија Села и Тачи. Харизма, групни интереси или моќта да се доминира во албанската политика

Зијадин Села, политичарот од  Струга и поранешен близок соработник на Мендух Тачи, побара негово заминување од позицијата претседател на партијата.

Според Села, оставката треба да се даде поради слабите резултати што оваа партија ги постигна во последните парламентарни и претседателски избори. Тој истакна дека има многу незадоволни гласови внатре во ДПА, но не зборувале јавно.. “Сум побарал да се свика конгресот по длабокиот пораз. Тачи одбива да го свикне конгресот. Цената на поразот на изборите за Тачи можеби не е голема, но за Албанците и за гласачите на ДПА е многу голема”, рекол Села.

Во меѓувреме Тачи  изјави дека на конгресот ќе се дискутира околу партиските прилики и неговата одговорност како лидер. Коментаторите во печатот оценуваат дека започнала јавна дебата околу внатрешното партиско реформирање на ДПА.

 

Ефектот на личните обвинувања

 

Уште повеќе, лидерот на ДПА,Мендух Тачи, продолжи да зборува за учеството на неговата партијата во Владата, отколку за локалните обвинувања.

Не давам оставка, ако ова го побараат предавниците на ДПА ”, одговори Тачи по средбата со американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.

Како компромисна варианта Села предложи Тачи да се прогласи за почесен претседател на ДПА, функција која што порано ја извршување Арбен Џафери.

Дојде времето да си оди чесно. Жал ми е што ова го кажувам, но да обвиниш некој друг за предавство ми звучи како диктаторска премиса”, одговори Села.

По изјавите на Села, високи функционери на ДПА реагираа против него во социјалните мрежи.

Пратеникот Орхан Ибраими  напиша на Фејсбук дека “Села го мислевме дека е злато, а ни излезе лимен”. Teнзиите во струшкиот огранок влијаеа ДПА да не добие ниту еден пратеник во изборната единица 5, каде се натпреваруваше Зија Јонузи, кандидат за кој се спротивставуваше Села и партискиот огранок.  И покрај меѓупартиските кавги, ДПА води паралелни преговори со ВМРО-ДПМНЕ на Груевски.

 

Обид за дебата и внатрешно реформирање

 

Африм Гаши: Виновниците треба да се бараат внтаре во ДПА

Африм Гаши: Виновниците треба да се бараат внтаре во ДПА

Африм Гаши, главен уредник на магазинот Шења” вели за INBOX7дека мирисот на реформите во ДПА не се чувствува .

Не можеме да зборуваме за никаков вид на внатрешна демократија  кога се анатемираат другите како предавници кои ја раздоруваат партијата, на тој начин обвинувајќи ги истите тие ,,предавници,, без да се бараат виновниците внатре во субјектот.”.

И покрај песимизмот на Гаши, новинарот Фатон Арифи кој одблизу ги следи случувањта во огранокот на ДПА во Струга, за INBOX7 оцени  дека Села  ќе продолжи со неговата политичка битка внатре во ДПА, бидејќи не верува дека тој може да стане втор Имер Селмани.

Како што изгледа, Села нема план да формира нова политичка партија, бидејќи во тој случај противниците ќе го споредуваат со Имер Селмани и другите кои ја напуштија ДПА”,  рече Арифи. Села ќе се бори докрај да го промени раководството на ДПА и  не може да се очекува Села да премине во некоја друга политича партија, објаснува Арифи.

Гаши во овој контекст мисли дека ДПА ќе помогне многу на албанското прашање во Македонија ако би се реформирала, иако моментално во ДПА не се одвива таков процес.

Ако се реформираат со нови и професионални кадри со ново раководство и визија, тие можат многу да му помогнат на нивниот субјект, но и на сите Албанци. Додека ако решат да продолжат со старата практика ќе имаат исти резултати”, констатираГаши.

 

Koнгресот во 2015

 

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи ја оставил отворена можноста да се дебатира и за одговорноста на централното претседателство од партиските органи, но повеќе верува дека одлуките околу функционирањето на партијата ќе ги усвои Конгресот.

ДПА ќе го одржи својот редовен конгрес во март 2015 година. Обично партиските конгреси во Македонија и во албанскиот политички блок ги поддржуваат истите тие лидери.

Во ДПА, по завршувањето на парламентарните избори 2002 година, кога оваа партија освои само 7 пратеници, на чело на партијата беше покојниот Арбен Џафери, и Тачи, како потпретседател.

По локалните е парламентарни избори во 2004 и 2006, двоецот Џафери-Тачи доби поддршка да продолжат со водењето на партијата. Додека по оставката на Џафери, Тачи доби голема поддршка на членовите и партиските органи. На последните парламентарни избори, ДПА доби 66.393 гласови или5.92одсто од вкупното гласачко тело.

Оваа бројка е иста со онаа на парламентарните избори во 2011 година, кога ДПА доби 66.139гласови. Но, споредбено со локалните избори во 2013, ДПА бележи пад  за 19.420гласови, бидејќи на изборите за локални челници оваа партија освои 85.771гласа.

Симнувањетона Села од политичката јавна дебата во теренот на дневната политика со јасно дефинирана агенда, ќе го разложи подобро неговото несогласување со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Формирањето на новата Влада еоценето како можност за мановрирање и во албанската политичка сцена.,Нејасно, е зошто се судрија овие двајца политичари. Харизма, групни интереси или моќта да се доминира во албанската политика.

 

Уредник: Селим Ибраими

Преведе од албански: Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk