Денешна дата
16/07/2019

ЕДЕН ПРОЦЕС, ДВЕ ПАТЕКИ

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Во Северна Македонија, но генерално и на Балканот, политичките процеси кои ја обезбедуваат иднината на Европа се заокружуваат со поголеми потешкотии. Со новиот претседател, Стево Пендаровски, веќе е завршен процес, кој забележа драматични ситуации од појавата на политичката и институционалната криза по “бомбите” објавени од тогашната опозиција, СДСМ, која ја води владата повеќе од две години со можни хетерогени. На некој начин, се чини дека Северна Македонија излегува од мрачен тунел на регионални расплети, кои не еднаш биле употребени за силни партиски судири. За повеќе од 20 години, прашањето за името создаде внатрешни конфликти на границите на политичките демонизации.

Се чини дека Северна Македонија е во порелаксирана фаза во однос на овој регионален контекст, но и во уште една порелаксирана фаза во меѓуетничките односи и другите политички односи. Целиот овој процес на надминување на овие состојби, проследени со бескрајни политички блокирања, беше проследен со кристализираната волја на мнозинството граѓани кои се највозвишниот доказ за поддршката на евроатлантскиот тек на државата. Секоја политичка вообразеност што го игнорира овој изборен факт и генерално граѓански не разбира многу од оваа мудрост што е повеќе поврзано со историскиот момент отколку со “успесите” што ги прокламира владата.

Ова надминување на политичките застои постојано стимулирани од страна на политичките и јавните актери останува типичен пример за висока граѓанска свест. Свеста дека во хаосот на демократските разобличувања што се случиле во текот на долгиот период на транзиција имало чувство да се фати моментот на квалитативна трансформација, моментот на проектирање во друг простор на афирмација што подразбира политичка нормалност. Овој прогресивен сензибилитет со текот на времето, исто така, претрпе политички “шокови”, кои се појавија како “компензација” во името на правдата. Во тој поглед, мора секогаш да ги имаме предвид болните “компромиси” со правдата за да ги обезбедиме потребните гласови во Парламентот за Преспанските договори. Од многу актери од јавниот живот, овој компромис се смета како разобличување на правдата, како повлекување од правдата за напаѓачите од крвавиот 27-ми април во парламентот.

Објавувањето на многу случаи на непотизам во јавноста, како и други обвинувања за корупција и други злоупотреби на власта создадоа голем пад на довербата во актуелната влада, која не успеа во овие витални процеси за иднината на граѓаните да им даде одговори на многу дефекти.

Целиот процес на отцепување од транзициската бездна, од конфликтните и авторитарните практики и од недоличната претходна власт помина низ две контроверзни ситуации една со друга. Едната ситуација може да се опише како граѓанска ориентирана волја кон евро-атлантските вредности, додека другата ситуација во себе го задржува разочарувањето од сите ветувања што ги даде сегашната влада. Токму поради ова триумфираше чувството над историскиот момент што ги определува идните координати и покрај неуспесите на владата, и покрај гората на проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Овој момент на само-надминување, надминување на разумните разочарувања, зборува за фактот дека работите не треба секогаш да ги видиме како црно-бели. Во светло на сенките на овој процес, ние исто така мора да ја признаеме соодветната политичка прозападна посветеност на владејачката коалиција. Исто како што треба да се прикажат разочарувањата од досегашното владеење, исто треба да се прикаже и курсот на политиките што биле синхронизирани со обврските на меѓународната заедница во Планот за базичната ориентација на Северна Македонија.

Како и да е, ова останува само почеток на зачекорувањето по патот што се очекува да се случи во иднина. Почеток зад кој остануваат многу драматични политички моменти, многу бариери што потрошија многу политичка енергија. Почеток кој во себе има замореност и граѓанско разочарување, недоверба дека и покрај заокружувањето на политичкиот процес што го отвора патот за нови работи, работите тешко можат да се движат напред.

По сета ова маратона, граѓаните со право очекуваат отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ. Тие очекуваат конечно да го отворат овој процес кој ќе осигура нормалност и надеж дека работите ќе се движат во вистинска насока. Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, најави дека кон крајот на овој месец Европската комисија ќе препорача отворање на преговорите за полноправно членство на Македонија. Владините претставници изразија уверување дека ова ќе се случи, додека во меѓувреме има предупредувања дека ништо не е сигурно. Не е познато дали парламентите на некои земји-членки на ЕУ ќе ја одобрат оваа препорака, со цел Советот на министри да одлучи за отворањето на преговорите. Циркулираат информации дека на некои земји им треба повеќе време за да го добијат “аминот” од парламентот.

Сепак, се чини дека вниманието на граѓаните за работата на владата во наредниот период ќе биде многу поголемо. По завршувањето на политичкиот процес, се смета дека отчетноста на владата ќе биде во фокусот на граѓаните. Премиерот Заев ја најави “метлата” за многу функционери кои не покажаа резултати во актуелната влада. Веќе владејачката коалиција ја има функцијата шеф на државата. Целосно владеење од која од сега па натаму ќе се бараат многу пореални резултати. Се мисли дека многу ќе зависи од отворањето на преговорите, но и од волјата на владата за да се сврти кон вистинските реформи кои обезбедуваат развој.

Алибите на “сериозните” политички процеси и само проевропските реторики се чини дека повеќе нема да поминат кај граѓаните, кои бараат видливи резултати во сите области. Останува во рацете на владата да покаже дали ги добила соодветните лекции на патот на владеењето. Процесот на преговори и конкретните внатрешни ангажмани во реформскиот процес се комплементарни. Веќе постои минимум политичка нормалност која треба да се фокусира на многу споменатите реформи. Сè зависи од стандардите на владеењето што ќе бидат поставени во ова време на чекање. Една година и малку повеќе до редовните парламентарни избори не е кратко време да се покажат резултатите, но не ни долго време да се троши во празни реторики!

 

Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.