Денешна дата
26/05/2019

АДАМЧЕВСКИ: НА ДОБАР ПАТ СМЕ ДА СОЗДАДЕМЕ СИЛНИ И НЕЗАВИСНИ МЕДИУМИ

Промените што настанаа создадоа еден нов простор во кој што можеме слободно да пишуваме, слободно можеме да се изразуваме слободно можеме да кажуваме. Јас очекувам тоа да продолжи, се надевам дека нема да се случи нешто за да го спречи овој тренд, вели Мирче Адамчевски од Советот за етика во медиумите во интервјуто за Инбокс 7. Тој очекува да се спроведат квалитетни реформи во Македонската радио телевизија како национален сервис. Порачува новинарите да се вклучат во синдикатот преку кој ќе можат да си ги остваруваат своите права и да имаат подобри услови за работа.

Господине Адамчевски, колку новинарите во земјава имаат слобода на изразување и какви се условите за работа на новинарите?

Мислам дека новинарите во Македонија барем последниве две години се послободни и тоа може да се види и од она што ние го следиме како работа преку Советот за етика. Можам да кажам дека имаме медиуми кои што воопшто не се спречувани да пишуваат, да исвестуваат, да работат за разлика од пред десетина години кога беше претходната Влада кога не можеше новинарот да се изрази слободно кога беа подложени на притисок, кога ги тепаа новинарите, кога им ги палеа автомобилите на новинарите за изречен негативен став кон тогашната власт. Се преземаа дури и санкции имаше огромен број на тужби за наводна клевета и наводна навреда на функционерите и на тие што ја водеа државата. Промените што настанаа доведоа и создадоа еден нов простор во кој што можеме слободно да пишуваме, слободно можеме да се изразуваме слободно можеме да кажуваме. Јас очекувам тоа да продолжи, се надевам дека нема да се случи нешто за да го спречи овој тренд. Тоа го покажуваат и податоците на анкетите и истражувањата на меѓународните институции, каде што Македонија годинава е напредната мислам за 14 места во Извештајот на Репортери без граници. Така што сметам дека сме на добар пат да ставиме еден солиден, здрав темел за да можеме да зборуваме дека новинарите се слободни во својата работа, слободно може да пишуваат, слободно може да се изразуваат.

 

За време на претходната власт, многу весници згаснаа дел од медиумите беа затворени и под притисок, денеска на киосците имаме само неколку весници, во Македонската Радио Телевизија нема реформи. Како гледате на ваквата состојба во медиумската сфера?

Прво за прашањето на медиумите кои што згаснуваа. Знаете што, Македонија е една од ретките земји каде што има толку мал број печатени медиуми. Ако во времето на Југославија кога бевме заедно постоеја два дневни весника и дузина други специјализирани или неделни периодични списанија, меѓутоа новото време донесе основање нови весници, но за жал, практиката покажа дека во  Македонија не може да се живее од новинарство и дојдоа Германци, се обидоа тука да инвестираат, но за жал тој експеримент не успеа, затоа што политичарите сакаа да ги имаат под своја капа медиумите, влегоа во нив, ги купија медиумите ги користеа и кога видоа дека доажаат промени тие ги затворија. Тоа кажува дека весник или било кој друг медиум, може да води човек кому ќе му биде јадро на работата токму медиумите. А кај нас имавме пример пиљари, луѓе што имаат други бизниси да отвораат телевизии и весници. Нив тоа им беше споредно. Сакаа да имаат некакво влијание одредено врз политиката да можат да создаваат клиентелистички однос со власта и на тој начин се дојде до такви медиуми кои што еве ги згаснјваат. Некои згаснаа по сила на приликите, знаеме А1 како згасна, заради својата работа, начинот на кој што известуваше, начинот на кој што работеа новинарите. Мислам дека треба за да не доаѓа до тавки работи да се направи нешто, да се реформира пазарот медиумски, затоа што во изминатите 10 години, мислам, додека беше претходната власт таа го уништи и медиумскиот пазар и наместо да ги остави медиумите да работат на пазарот таа влеваше државни пари во нив и на тој начин медиумите останаа со желбата да работат само со власта затоа што таа добро плаќа, воопшто не им беше грижа да се однесуваат пазарно. Што се однесува до второто прашање за реформите во Македонската Телевизија значи од секојпат била продолжена рака на државата уште од времето на Југославија првиот човек на телевизијата беше по функција член на Централниот комитет на партијата. Тоа значи дека имало партискко спрега со медиумот. Но кога дојде повеќепартискиот систем требаше таа спрега да се прекине, но за жал на првите луѓе во партиите кои што ги водеа и првите луѓе во телевизиите си најдоа заеднички интерес, овие да им бидат продолжена рака на власта, а директорите на медиуимите да бидат блиски, пријатели и да им служат на власта. И сетоа тоа се менуваше како се менуваа партиите, какок се менуваше власта,, доаѓаа едни па други, никој не поведе сметка да направи реформа во јавниот сервис затоа што нив им одговараше таков јавен сервис кој што ќе биде послушен, јавен сервис кој ќе биде „на копче“. Таму треба длабоки реформи да се направат, меѓутоа прашање е сега кога ќе дојде до тие реформи. Неодмна беше распишан конкурс за избор на луѓе во Програмскиот совет на Македонската радио телевизија кои што потоа ќе треба да избере директор, новиот директор ќе треба да ги избере одговорните уредници во телевизијата и така да дојде некое ново време во телевизијата. Меѓутоа, како што одат работиве тоа досега не е направено а требаше да се направи. Но поентата е друго, ние можеме да избереме нов Програмски совет, но ако нема луѓе кои што навистина сакаат да направат реформи, ако државата навистина сака да се оддалечи од јавниот сервис тогаш може реформа да се направи. Во спротивно се ќе остане по старо.

 

Ја спомнавме спрегата на власта со бизнис центрите на моќ кои се сопственици на медиумите. Колку оваа власт се обидува да ја продолжи таа спрега која што е и извор на корупција во медиумите?

Јас засега не гледам таков приод на оваа власт кон медиумите, затоа што кога зборувам за претходната знаеме дека беа влегувани милиони евра во медиуимите. Сега засега оваа власт даде помош на печатените медииуми, затоа што тие се во една најтешка состојба и определи и даде некоја помош од околу 500-600 илјади евра за да можат да продолжат тие медиуми да излегуваат а да не заборавиме дека зад овој потег на власт стоеше и ставот на Прибе дека во Македонија треба да се помогнат печатените медиуми имајќи предвид дека токму тој, кога го правеше Извештајот тогаш настана она згаснјвањето на МПМ и затворањето на медиуми и беше посочено дека треба нешто да се направи, државата да ги помогне печатените медиуми. Во поглед на електронските медиуми, радиодифузерите сега имаат и тие желба да бараат пари од државата. Меѓутоа, јас лично сметам дека комерцијалните телевизии нема што да бараат, од државата да бараат пари. Треба селективно да се пријде да се дава на оние телевизии, локални или регионални, мали телевизии, места каде што нема доволно извори на информирање, да се даваат средства на одредени групи, да речеме дали било етнички или други групи, така да и се овозможи до јавноста и нивниот збор. Значи не станува збор да се дава помош никакви на комерцијални телевизии. Мене ми пречеше и парите што ги дадоа на јавниот сервис одлуката од Буџетот да се даваат тие средства. Знаете затоа што тоа создава некаква зависност, можеби не оваа Влада, меѓутоа ако дојде некоја друга Влада ќе ги уценува раководството на јавниот сервис дека нема да им дава пари, така што треба државата да биде што подалеку од медиумите.

 

Господине Адамчевски, вие сте од Советот за етика во медиумите, Колку се крши Кодексот за етичко известување во ова време кога имаме говор на омраза па и продуцираање лажни вести?

Неодамна имавме годишно собрание, ќе ви ги кажам за 2018 податоците. Имаме добиено 63 преставки шлто е помалку отколку во 2017 година. Мислам дека е подобрено известувањето на медиумите од проста причина што во 2016 и 2017 имаше вриење во државатва имаше политички настани кои што предизвикуваа и новинарите да се однесуваат така како што се однесуваа односно да го нарушуваат Кодексот на новинарите. Тоа подобрување мене ме радува и знаете како е сега, Македонија е држава која што на две години има избори и обично кога има избори тогаш се добиваат најмногу преставки. Но мислам дека и оваа година ќе помине барем првиот период кажува, добиваме преставки но ќе помине исто како минатата година во смисла дека новинарите не се така наострени да критикуваат, односно сега е порелаксирана состојбата. Во 2017 имаше медиуми кои што ќе добиеја од еден извор некој текст и ќе го видите во 7-8 портали истиот па дури и во Македонска телевизија и на Македонското радио можеше да се види, се повикуваа на не знам каков извор а внатре до точка до запирка дури и интерпункциските знаци беа погрешни, значи се гледаше дека од еден извор се давани. Меѓутоа и тие беа така темпирани , со навреди, со клевети и тогаш ги санкциониравме. Сега немаме од тој вид но има повеќе лажни вести и човек кога ќе почне да го бара изворот, не може да се снајдете и не можете да видите што е како е, меѓутоа сметам дека нема да биде како до 2017 година. Инаку, што се однесува до структурата на преставките најмногу го нарушуваат членот 1 кога немаат најмалку две страни, кога немаат барем три независни извора и тогаш можеме да зборуваме дека пренесуваат неточни вести, а ако не е точна, тогаш е лажна веста. Најмногу тој член се нарушува, можеби две третини, или скокро 70 проценти од преставките што се е дека е нарушен тој член, а на второ место е мешањето на веста со коментарот, фактите со мислењата, заборавиле она што го учеле дека фактот е најсвето нешто во новинарството. Тие си коментираат си даваат свои мислења не водејќи сметка за фактите, не водејќи сметка за веста и прават коментираи што ќе го доведе до заблуда и читателот или гледачот.

 

Од друга страна, колку можат и новинарите да бидат задоволни од платите и условите за работа во медиумите?

Мене ме радува активноста на синдикатот кој е многу активен сегашниов синдикат на новинари, многу добро се позиционираше, потрошија многу време да се етаблираат и сметам дека сега тој може да биде јадрото околу кое треба да се сплотат новинарите. Сега треба новинарите сами да бараат да се зачленат во тој синдикат, затоа што само на тој начин тие може да се изборат да се подобрат условите на работа, да се подобрат платите, да им се подобри социјалниот статус. Затоа што вака кога се разединети новинарите секој може кон нив да се однесува како што сака. Меѓутоа ако се направи еден солиден, еден силен, богат со новинари синдикат тој ќе може да излезе пред државата и да побара да речеме потпишување колективен договор со новинарите во кој што ќе стои членови за новинарската плата, за годишни одмори, за К15 за условите за работа. Значи поентата е ако може новинарите што повеќе да се зачленат во синдикатот и оттаму да водат заедничка борба за нивни подобри работни услови.