Денешна дата
19/06/2019

ЕВРОПСКИОТ „НОН-ПАПЕР„ И ПОЛИТИЧКИТЕ КОЦКИ

Пишува: Бардул ЗАИМИ

 

Јуни најверојатно ќе биде драматичен месец за политичката сцена. Веднаш штом Европската комисија уште еднаш препорача отворање на преговори за прием, “треските„ од чекањето се повеќе и повеќе се присутни. Сè ќе зависи од Советот на Европа, кој  мора да донесе одлука дали да започне разговори со Северна Македонија или не. Работите почнаа да се комплицираат во моментот кога некои од земјите-членки на ЕУ сé уште не покажаа подготвеност за одлука што всушност може дури и да ја детерминира судбината на актуелната влада.

Во една изјава, премиерот Заев најави дека ако нема датум за отпочнување на разговорите во јуни, тој ќе го предаде мандатот како премиер. Оваа изјава на премиерот  имаше различни толкувања во јавноста. За некои аналитичари, оваа изјава била неразмислувана добро, додека други ја толкуваат како еден вид притисок врз земјите-членки на ЕУ да ги земат предвид сите компликации што може да се појават на политичката сцена и што навистина може завршуваат со предвремени парламентарни избори.

Од претставниците на власта, назначувањето на датумот за преговори за членство во ЕУ, исто така, се смета како вид благодарница за целиот тежок политички процес преку кој Северна Македонија помина во рок од две години. Овој факт беше нагласен и од многу европски претставници, кои беа повеќе гласни во давањето на датум за почеток на преговорите за членство. Според нив, Северна Македонија ги исполнила сите неопходни услови за отворање преговорите. Опозициските партии, од друга страна, изразија скептицизам дека Северна Македонија ќе добие датум во јуни, од тоа што го најавија владејачките партии. Според нив, одложувањето на датумот е поврзано со реформскиот процес, во што сегашната влада не успеа.

Претставниците на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го повторија својот став дека ако се одложи почетокот на разговорите, земјата мора да оди на предвремени избори. Тие се убедени дека владата веќе не успеа со приказната за одредување на датум.

Политичките и дипломатските равенки овој месец се чини дека ги преминуваат границите на Северна Македонија. На домашната политичка сцена, се случуваат вообичаените судири на власта и опозицијата, додека во рамките на ЕУ мора да се координираат многу геостратешки позиции, кои ќе го запечатат почетокот на разговорите. И, овој политички процес се чини дека е поврзан со различните пристапи што европските земји ги имаат за вклучување на балканските земји во ЕУ.

Метафората на “возот од историјата” отсекогаш била присутна на Балканот. По изгубеното време во рушевините на транзицијата, се чини дека земјите од овој регион влегоа во друга фаза од “историски итни случаи” за да го фатат “последниот воз” во ЕУ. Овие “итни случаи”, всушност, се соочуваат со концептуалните дивергенции што земјите-членки на ЕУ ги имаат со процесот на интеграција на балканските земји во европското семејство.

Се чини дека целата историја на земјите од Западен Балкан се фокусира на еден месец од оваа година, јуни, кој беше најавен како симбол што ја одделува една ера од друга. За жал, јуни како време на чекање, е проектиран во стилот на хамлетската дилема “да се биде или да не се биде” (to be or not to be). Непотребна драма која повеќе се поврзува со внатрешните математики на политичките партии отколку процесот што подразбира европска интеграција.

Европската унија долго време ја демонстрираше својата посветеност од над две децении на патот на Северна Македонија кон приближување на европското семејство како концепт и како стандард. За овој тежок процес кој започна во раните години на демократијата до сега, ЕУ инвестираше стотици милиони евра.

Надвор од логиката што владее овде, ЕУ отсекогаш инвестираше во инкорпорирање на добрите практики и стандарди кои се во функција на хармонизација и целосна интеграција со тој институционален систем на вредности, кој секогаш доаѓал како препорака. Додека ЕУ ја разбира интеграцијата како процес на афирмација на добрата политика, локалните институционални актери, но и другите политичари, се чини дека ја разбираат интеграцијата како датум.

Но, коцките од политичките битки се фрлени, а од оваа јунска игра изгледа ќе зависат политичките случувања во наредно време. Овој месец на “историски” одлуки може да се види од друга оптика. Се чини дека лидерите на владините партии „на ова игра на коцки„ го поставија својот кредибилитет во однос со ветувањата за јавноста. Токму, оваа логика “или …или “го прави политичкиот развој непредвидлив. Помеѓу овој кредибилитет прикажан како ветување и можно одложување на разговорите, јуни е како меч на Демоклеј. Патувањето што на овој месец му дава тони на трагичност речиси на сè останува кондензирано во апокалиптични форми.

Можеби може да бидат доведени во прашање само неколку месеци, но политичките заведеници одлучија да го кондензираат целото значење на Европа во еден месец, во рамките на таа типична балканска фаталност, а не во склоп на хоризонтот на постојан ангажман, што подразбира промена првично за себе.

Дека Европа е концептот на разновидност, ова најдобро го покажува дебатата за отворање на разговорите со Северна Македонија и Албанија. Не сите земји се подготвени да го закажат датумот. Во меѓувреме, тринаесет земји-членки на ЕУ, повеќето нови членки од Централна и Источна Европа, како и Италија и Австрија, ќе се обратат со барање до 28 земји од ЕУ за да започнат преговори со Албанија и Северна Македонија. Претходно беше известено дека Полска подготвува “нон-папер” (non paper) што на некој начин претставува форма на притисок, што укажува на тоа дека дилемата на некои, дека на ЕУ прво и требаат реформи, а потоа проширување, е погрешна.

Во четвртокот оваа недела премиерот Заев се очекува да се состане со германската канцеларка Меркел. Многу се чини дека ќе зависи и од овој состанок. Во меѓувреме, во јавноста имаше најави за предвремени избори ако нема датум за започнување на разговорите. Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Жбогар, исто така, изјави дека сé уште не е доцна да се направи нешто. Едно  лобирање, објаснување и аргументација може да влијае врз конечната одлука на 28-те земји-членки на ЕУ. Дури и “non-paper” останува во оваа функција. Како и да е, јуни ќе биде долг месец со многу непознати случувања!

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.