Денешна дата
16/07/2019

НЕМА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ БЕЗ СУЗБИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ

  • Италијанскиот обвинител Џовани Кеслер на дебатата организирана од Инбокс7 истакна дека за влез во Европската Унија е потребна вистинска борба против организираниот криминал и корупцијата
  • Заменик амбасадорот на Обединетото Крластво во Северна Македонија, Симон Адамс, постојат серозни мрежи на организиран криминал кои треба да се сузбијат
  • Северна Македонија, Косово и Србија, жешките точки на Балканот повторени и на дебатата на „Инбокс7“ и „Глобал Инишијатив“

 

Пишува: Александар Тодески

 

Можете да се исполнат сите барања кои се поставени за борба со корупцијата од Европската Унија, но ако не си кредибилен, ако дргите земји членки не веруваат во земјата и нејзината желба за справување со корупција, нема да успее.

Oва беше дел од излагањето на Џовани Кеслер, обвинител од Италија на дебатата „Граѓанското општество против организираниот криминал во Западен Балкан“, организирана од oнлајн магазинот Инбокс7 во соработка со организацијата „Глобал Инишијатив“  со седиште во Виена.

„Не е доволно да се формира специјално обвинителство за организиран криминал и да се потпишат меѓународните договори за борба против организираниот криминал и корупцијата, па да се каже дека државата се бори против овие појави. Потребна е макотрпна работа“, подвлече Кеслер.

 

Кеслер: Институциите мора да имаат финансиски и човечки ресурси за да функционираат

Обвинителот Кеслер, кој во регионот доаѓа повторно по речиси дваесет години нагласи дека во малите земји има голема корупција. Според него, корупцијата се заканува на демократијата, бидејќи тогаш моќта не е дадена од гласачите, или пак гласовите се купени.

„Не е решение ниту избори секоја година, ако моќта е поделена кај олигарсите, економски моќните и корумпираните. Корупцијата прави штета и на кредибилноста на државите, бидејќи се намалува довербата кон државата и институциите. Можете да се исполнат сите барања кои се поставени за борба со корупцијата од Европската Унија, но ако не си кредибилен, ако другите земји членки не веруваат во земјата и нејзината желба за справување со корупција, нема да успее“, рече Кеслер.

Тој појасни дека европските обвинители имаат право да влезат во секоја земја членка, но и земји во кои влегуваат европски пари, бидејќи треба да ја имаат контролата за тоа како завршуваат средствата кои ги доделуваат на земјите кои се уште не се дел од Европската Унија.

„Не постои земја во која нема корупција. Ако некоја земја рече дека во неа нема корупција, тоа не е кредибилна изјава.  Мора земјите да покажат дека се желни и дека можат да детектираат и санкционираат корупција. Тоа не може да се стори преку правење на конференции, преку потпишување на меѓународни документи или поставување на специјални обвинители или полиција за гонење на корупцијата. Има земји кои го спровеле сето тоа, но работите не се менуваат доволно брзо, или не се менуваат воопшто. Мора на институциите да им биде овозможено да работат, да имаат финансиски и човечки ресурси за работа“, вели Кеслер.

 

Адамс: Има сериозни мрежи на организираниот криминал кои треба да се сузбијат

 

На дебатата освен Кеслер, обвинителот кој бил во тимот на светски познатиот обвинител Џовани Фалконе, присуствуваше и Од Малме постар советник во „Глобал Инишијатив“, како и заменик амбасадорот на Обединетото Крластво во Северна Македонија, Симон Адамс.

Тој потсети дека има сериозни мрежи на организиран криминал кои треба да се сузбијат. Тој исто така истакна дека пред да се објави извештајот на „Глобал Инишијатив“, бил прегледан од граѓанските здруженија во земјите кои се споменуваат во него.

„Тркалезната маса организирана од „Глобал Инишијатив“ и „Инбокс7“ има за цел да ја крене свеста кај граѓанското општество за да одговори на организираниот криминал во Западен Балкан. Пред речиси една година, Обединетото Кралство беше домаќин на самитот за Западен Балкан во Лондон. Минатата недела, тука во Скопје ја имавме втората средба на Берлинскиот процес. Првата средба на мрежата на граѓанското општество со претставниците за борбата против организираниот криминал беше во Виена во март годинава, и мило ми е што дел од тие што присуствуваа ги гледам и тука“, рече Адамс.


Северна Македонија, Косово и Србија „на тапет“

 

Фокусот на „Глобал Инишијатив“ на Балканот се сведува на шест земји, Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Три од овие земји, односно Северна Македонија, Србија и Косово во извештајот се наречени триаголник на кризи, но и жешки точки на Балканот, не само по политичките ситуации, туку и по организираниот криминал и корупцијата.

„Се фокусиравме жешките точки на Балканот, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, тоа е се шесте земји на кои се фокусиравме. Политичката ситуација влијае врз организираниот криминал, а ние ја следевме ситуацијата во шесте земји, имаше протетсти и слично. Во овој дел најмногу се тргува со канабис, украдени автомобили, цигари, но и синтетички дроги“, вели Малме.

Извештајот освен за дрога, северниот дел на државата го вметнува и како жариште за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, а како слаби точки за оваа појава се споменуваат слабата економија, иселувањето на младите, невработеноста и политичката ситуација.