Денешна дата
16/07/2019

БАЛКАНОТ НА БАВНИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

 

Пишува: Бардул ЗАИМИ

Метафората на Марија Тодорова “Таму долу на Балканот” веќе се разградува во сопствената смисла, нудејќи, покрај типичните балкански одложувања, сеопфатна визија за европските земји да создадат постојана константа на афирмација и зближување со стариот континент. Полскиот град Познан го водеше активниот пристап на ЕУ кон Западен Балкан, и покрај разликите што ги имаат државите во процесот на проширување. Самитот за Западен Балкан во Познан даде уште еден силен импулс за амбицијата на регионот да се интегрира, но без да даде гаранции за брза интеграција, како што може да се очекувањата на земјите кои започнаа разговори за пристапување и земјите кои чекаат датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Соработката меѓу земјите од регионот, но исто така и со европските земји, особено во областа на таканаречената мрежна инфраструктура за поврзување, останува еден од главните приоритети утврдени во оваа конференција. Инфраструктурно поврзување. Сега е сигурно дека ЕУ ќе инвестира многу пари за да создаде поврзување во многу сфери во Западен Балкан со цел да се создаде потребната стандардизација за помалкуболна интеграција на земјите од регионот.

Брзењето и чекањето под треска се две постојани состојби на Балканот кои доаѓаат како реакција на историските одложувања што потекнуваат од историската метафора “Таму долу на Балканот”. Регионот на “историски вишоци” на постојани политички предрасуди и турбуленции долго време живее под тешката сенка на нереален оптимизам и разочарување што произлегува од себичната и бесрамната политика.

Се чини дека сега дојде време да се сфати дека членството во ЕУ не се поврзуваат во судбината и кариерата на политичарите, нивното брзање и внатрешните политички игри. Конечно, мора да се сфати дека членството останува координиран и димензиониран процес со политиките на ЕУ кои подразбираат регион на мир, соработка и кохерентни развојни политики. Самитот во Познан повторно го потврдува токму овој активен приод кон приближувањето, што подразбира повторно усвојување на европските вредности и друга подготвителна парадигма со која земјите од Западен Балкан сега мора да се навикнат.

И покрај концептните резерви што можат да ги имаат европските земји, едно останува сигурно дека регионот нема да остане во “големата осаменост” на не-европските влијанија, туку напротив, Берлинскиот процес започна како вистински и кохерентен пристап на канцеларката Ангела Меркел од 2014 година ќе биде портата преку која земјите од Западен Балкан ќе станат дел од европското семејство. Дури и престижните европски медиумски аналитичари појаснуваат дека “никој не размислува за брзо проширување на ЕУ во Брисел, но балканските земји имаат потреба за конкретни понуди наместо празни ветувања”.

Според овие медиуми, овој јаз треба да биде надополнет со Берлинскиот процес, заедничка иницијатива на некои земји од ЕУ, шесте земји од Западен Балкан и Европската комисија. Со средства и самити, кои се одржуваат секоја година – како Самитот во Познан. Осум нови инфраструктурни проекти беа одобрени на овој самит, околу 700 милиони евра се достапни за нив од ЕУ, а остатокот грантови во форма на кредити од 180 милиони евра.

Затоа, Балканот мора конечно да сфати дека времето на процесот на интеграција не надојдена река, туку мирна река што полека се движи кон европските синила. Во Познан, меѓу другото, се дискутираше и за состојбата со медиумите во Западен Балкан. На Форумот за граѓанско општество на тема “Хибридна закана кон демократијата: Дезинформација и пропаганда” од панелистите се дискутираше за функционирањето на медиумите во регионот и за предизвиците со кои се соочува. Лажните вести, политичката контрола на вести и идеолошките дискурси и наративи беа дел од оваа дебата.

Се сметаше за неопходност на овој форум да се зајакне што повеќе медиумската сфера како предуслов за отворање до добрите политики и за вистинска демократизација на земјите од регионот. Структурата на независните медиуми се смета за неопходен услов за одржлив развој и длабока регионална соработка

Сите овие теми дискутирани во Познан донесоа многу пореална визија за Западен Балкан далеку од очекувањата и итните состојби кои не разбираат дека членството е процес со многу предизвици и заложби. Западниот Балкан има потреба од поддршка и подготвеност да ги инкорпорира европските вредности и стандарди. Берлинскиот процес ја нуди токму оваа кохерентна парадигма. Регионот не е сам и не е “таму долу” … Напротив, во чекалната на Европа, чекор поблиску европското семејство. Следниот самит се очекува да се одржи во Македонија и во Бугарија.

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.