Денешна дата
13/12/2019

ОЧАЈОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Пишува: Бардул Заими

 

Аферата „Рекет“ ја крена политичката температура во Северна Македонија. Ова афера веќе ги премина границите кога италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео материјали со „Боки 13“ и каде се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која подоцна призна дека гласот кој се слуша таму е нејзин. Јанева изјави дека нема никаква врска со случајот и дека разговарала со бизнисменот Камчев како еден од обвинетите во случајот „Империја“ со намера да воспостави „соработник“ од него. Ова образложение не е убедливо за јавноста, бидејќи се повеќе се зголемуваат  сомнежите за нејзината вмешаност во аферата.

Од почетокот на оваа афера, по наводите за можна вмешаност на специјалната обвинителка Јанева, дел од персоналот на обвинителите со кои таа соработуваше, почнаа да се дистанцираат „елегантно“, истакнувајќи во исто време дека Специјалното јавно обвинителство не се идентификуваше само со неа, но всушност таа беше кредибилна институција која можеше да продолжи без Јанева.

Пропорциите на оваа афера ја разнишаа јавноста особено по преименувањето на „Боки 13“ во „Боки Тредичи“. Индикациите за евентуална вмешаност во овој скандал исто така и од функционерите на владејачката партија, СДСМ, создадоа уште еден момент на политичко толкување, кој од ден на ден зема нова динамика. Во меѓувреме, премиерот Заев бараше темелна независна истрага и одговорност за инволвираните.

Без оглед на политичките изјави, се чини дека случајот  „Рекет“ создаде непоправливо разочарување кај граѓаните. Се чини дека нема многу простор за играње со зборови, додека јавноста очекува брза акција од страна на правосудните институции. На овие приемни фреквенции беше и изјавата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој рече дека се чувствува очаен од овој случај, и бара истрага за сите спомнати имиња, без разлика дали тие се носители на јавни функсии или не. Претседателот на државата отиде уште подалеку, барајќи покрај кривично-правна одговорност и политичка одговорност.

Можеби за прв пат претседателот успева да биде во согласност со својата задача, согледувајќи ја реално сериозноста на овој скандал, но во исто време и да се одразува објективно и недвосмислено на очекувањата на граѓаните. Очајот на претседателот во овој случај е во синхронизација со оној на граѓаните, во синхронизација со длабокиот „шок“ што и се случува на правосудниот систем и сите политички процеси за кои се сметаше дека означуваат друга фаза на консолидирање на владеењето на правото и нормалното функционирање на институциите.

Алармот на претседателот да се стави крај на истрагата за овој скандал го става во моментов во најдобриот бранител на демократските вредности и целиот институционален систем. Оваа реална изјава на некој начин го засилува институционалниот пристап кон овој скандал, но исто така создава нов момент на размислување што го надминува реалниот дефетизам што се драматизира како манипулација од протагонистите кои со сите средства бараат да се изградат наративи за спасување на овој неуспех и враќање во веќе докажаните модели.

Иако овој скандал лошо ги разниша темелите на владеењето на правото, но исто така ја дискредитираше политичката акција промовирана како еден вид на спротивност на претходната власт, воспоставувањето на правосудниот систем останува единствениот начин за надминување на маката на меѓузависност на криминалот со политиката. Овој пат, оваа заложба подразбира целосно дистанцирање на политиката од инкриминирани луѓе и нивно изведување пред лицето на правдата. Само до крајот на оваа инкриминација од страна на правосудните институции, политиката може да се ослободи од инкриминирани лица, од носители на јавни функсии кои ја користат власта за лични придобивки.

Надвор од партиските медијации, надвор од напаѓачките реторики за задржување на власта или доаѓање на власт, постои голем граѓански императив што ги става институциите пред една важна битка за да функционираат врз принципите на европските вредности. Евентуалното засрамувачко завршување на една фигура на која имаа доверба значи крај на патувањето, затоа што волјата да се биде дел од заеднички европски вредности ги надминува драматичните наративи за да се создаде импулс за мелодрамски  оправдувања на старите актери и над идентичните наративи за задржување на власта.

Во овој поглед може да се види изјавата на претседателот на државата, но и на американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс и еврокомесарот Јоханес Хан, кои изјавија дека сега е време Северна Македонија да ја покаже својата вистинска посветеност во владеењето на правото. Пораката изгледа јасна и многу значајна за целиот контекст за тоа како се постапува со оваа афера. Време е да се дејствува на длабока и сеопфатна истрага за случајот „Рекет“, без оглед на тоа кој е вмешан во скандалот што ги премина државните граници. Само на овој начин може да се врати изгубената доверба на граѓаните во институциите на правдата, но и во политиката, како суштинска димензија на човековото постоење. Ниту една фигура, носител на јавна функција, не може да се издигне во форма на култ над овој процес неопходен за утврдување на стандардите на правдата. Тие остануваат привремени со својата власт, со нивните заслуги и неуспеси, додека борбата против политичката инкриминација останува постојан императив да се дојде до фаза на институционално функционирање што е во основата на европската демократија.

 

*Текстот е напишан исклучиво за Инбокс7. За секое реобјавување треба да се добие согласност од страна на редакцијата. Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите и видувањата на авторите во рубриката за дебата.